Кичево
Дел од центарот на град Кичево и неколку улици утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 20.07.2022 година – среда, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски улици и населби:
- Дел од ул. Булевар Ослободување, воени згради, Основен суд Кичево и дел на ул. Тане Цалески (Од 09:30 до 12:30 часот) – времетраењето од-до може да зависи од ефикасноста на работата.
Извор: струја
Кичево
ОВР Кичево: „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“ денес помеѓу граѓаните

Превентивни активности на подрачјето на ОВР Кичево наменети за возачите на мотоцикли и електрични тротинети
Денеска (17.08.2022) во рамките на превентивниот проект „Безбедно лето 2022“, ОВР Кичево, во соработка со РСБСП на подрачјето на Кичево ја спроведоа превентивната кампања „Носи кацига, вози безбедно, вози одговорно!“, чија целна група беа возачите на мотоцикли и електрични тротинети, како ранлива категорија учесници во сообраќајот.
Целта на кампањата е актуелизирање на потребата од носење заштитна кацига и друга опрема заради зголемена безбедност во сообраќајот, подигање на нивото на сообраќајна култура на оваа категорија што треба да придонесе за намален број на сообраќајни незгоди и последици по мотоциклистите.
Во таа насока, полициските службеници од ОВР Кичево, на неколку сообраќајни пунктови низ градот и околината на мотоциклистите им делеа летоци со едукативни практични совети за правилно учество во сообраќајот и ги потсетија на строго придржување до сообраќајните правила и прописи.
Оваа превентивна кампања ќе се спроведува и на целото подрачје на СВР Охрид, за ПортаМК известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
GIG OFF оваа сабота во Република 96250

Повелете на извонредна Rock & Roll забава со легендарниот Сашо Гигов Гиш и неговиот бенд Gig Off. Оваа сабота – 21:00h само за вас во Република 96250.
Dj. Saso Spect, Second Floor – Петок 21:00h, Република 96250.
Резервации: 078 322 615
Кичево
(ФОТО) Да му помогнеме на семејството Митески од Кичево да го возобнови домот кој изгоре до темел во страшен пожар, трагедија која го потресе градот

Драги хумани луѓе, почитувани хумани срца од Кичево и ширум државата. Помина речиси една недела од кобниот понеделник за семејството Митески нивниот ден за одмор покрај најблиските прерасна во вистинска хорор слика откако стигна лош глас дека нивниот дом е во обрач од пламените јазици настанати од за сега непознати причини.
Мирни, чесни и вредни луѓе, секогаш спремни и солидарни према тие кои најмногу им треба, а за момент сега тие се во незамисливо најтешката ситуација во својот живот и им требаме ние.
За таа цел, апелираме до сите хумани граѓани, фирми, институции, oпштина Кичево, да застанеме рамо до рамо и заеднички да се сплотиме во рамките на можноста да помогнеме со финансиска поддршка за возобновување на нивниот единствен дом поради катастрофалната загуба, и со тоа да направиме ова семејство повторно непречено да живее во својата семејна куќа, надминувајќи ја трагедијата која го потресе градот и околината.
Во прилог ви ја доставуваме трансакциската сметка за граѓани од Македонија која е веќе активна за донации:
Број на сметка: 300007086114167
Партија: 86114141
Име Презиме: Вецко Митески
Банка: Комерцијална Банка АД Скопје
Од денес и официјално е отворена електронска сметка ТУКА каде можете исто така да придонесете со донирање.
– Доколку некој сака да помогне лично и да го контактира семејството, истото може да го направи преку тел бр. 072/314-838
– Споделете!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 август)
-
Хороскоп3 часа
Викенд Хороскоп (сабота 20 август)
-
Временска прогноза8 часа
Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации
-
Магазин14 часа
„Apple“ откри безбедносна дупка во системот, им препорача на корисниците ажурирање
-
Македонија16 часа
Старица од Охрид била измамена дека нејзината ќерка направила сообраќајка и дека било потребно пари
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, бензините остануваат непроменети
-
Автомобили14 часа
Дали знаете како е создадена мерката – коњска сила?
-
Свет14 часа
Од Лондон до Мајами за помалку од 5 часа? Се враќаат суперсонични авиони