Кичево
(ФОТО) Со централна манифестација на градскиот плоштад, кичевчани оддадоа почит кон загинатите борци за прво ослободениот град Кичево

Денес пред платото на музејот на град Кичево се одржа предвидената централна манифестација каде свое учество зедоа поголем број на кичевчани, поети, претставници на политички партии, здруженија на борци и пензионери, сојуз на резерви, старешини од „АРМ“ при касарната „Чеде Филипоски-Даме“, извиднички одред „Мирко Милески“, планинарско друштво „Ендорфин“, ученици и раководства од кичевските училишта и гимназија, „Мирко Милески“ „Кузман Јосифовски-Питу, Д-р Владимир Полежиноски“ и КУД „Бисер“, додека манифестацијата аудио целосно ја реализираше Виктор Алексоски.
Гостите на оваа свечена манифестација положија свежо цвеќе во спомен костурницата на паднатите борци од НОБ на Китино Кале, каде што се наоѓа и криптата со коските на 555 борци кои го положиле животот за слободата од фашистичкиот окупатор.
– „Порта.мк“ внимателно го следеше настанот и истиот ви го пренесува преку фотографија, вечна слава на паднатите борци за слобода, нека е вечна традицијата!
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот