Кичево
(ФОТО) Општина Кичево започна со постапка за воведување на зонско паркирање во градското подрачје

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ осамнаа таблички со информации за зонско паркирање кое според постапката за зонското паркирање со наплата е започната уште во 2015 година, тогаш со речиси завршени сите консултации со сите релевантни чинители кои се надлежни во оваа процедура дури сега се превземаат поадекватни активности околу неговата конечна реализација.
Според истиот правилникот тогаш, информациите говореа дека градот ќе биде поделен во три зони, додека според табличките паркинг треба да се наплаќа не повеќе од 30 денари, односно 20 денари од час, од 08:00 до 23:00 часот – Булевар зона „К21“, кога и интензитетот на сообраќај е најголем.
Со паркирањето ќе стопанисува ЈКП „Комуналец” од Кичево, додека според информациите до кои дојде Порта.мк и според она што може да се забележи зоните и зонското паркирање не е во употреба, нема телефонски броеви за SMS, односно сеуште е во фаза на техничко доработување.
Подетални информации очекуваме да истакнат надлежните со цел навремено и точно инфмормирање на жителите на град Кичево, кога официјално ќе биде во употреба најавеното зонско паркирање, бидејќи некои од нив чекаат вработен да им пријде за да платат 1 час и доаѓа до забуна. Така што граѓаните се и со поделено мислење, некои од нив додаваат дека тоа е нов удар по нивниот џеб, некои пак се конечно задоволни што колку-толку ќе се решел сообраќајниот хаос во шпицот на сезоната во паркинг секторот.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески. Роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал.
Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури. Контраст меѓу студеното и топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”.
Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови. Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.
Екипата на Порта.мк му честита за првата негова изложба, со надеж за уште поголеми проекти во иднина. Повелете и дадете поддршка со вашето ценето присуство на една поинаква уметничка вечер исполнета со креација, инспирација и разговори.
Кичево
ЕВН: Времен прекин на електрична енергија утре во следните кичевски места

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 12.09 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
КИЧЕВО | Ресторан и Маркет Атва (пожарна), Сетек, Стокомак, Скопска Пивара, Магацин за пелети, Синдикат ССМ и околните објекти | 12.09.2025 08:30 | 12.09.2025 15:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943, пред 82 години станува првоослободениот град во Македонија

На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 82 години по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево. Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот.
За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…
За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.
Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.
-
Спорт15 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Спорт2 дена
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“
-
Магазин1 ден
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин1 ден
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Временска прогноза2 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно