Хроника
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите
На 09.08.2022 година во 14.10 часот, во ОВР Кичево пријавено е дека во атарот на кичевското село Вранештица, по течението на реката Треска, кај месноста „Капалиште“, пронајден е човечки труп.
Увид на местото изврши тим од полициски и медицински екипи, предводен од Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, за Порта известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Според информациите до кои дојде нашиот портал, активни на висина на задачата на терен биле и ТППЕ Кичево пружувајќи соодветна помош на службите.
Хроника
Почина лице кое било сведок на судење во Основниот граѓански суд – Скопје
На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, известува МВР.
Хроника
ТАЖНА ВЕСТ: Панчо ја загуби животната битка како последица од пожарот во Кочани, почивај во мир наш „Шорти“
По долгата и тешка борба со последиците од повредите здобиени во трагедијата во Кочани, почина Владимир Блажев – Панчо. Тој ја загуби животната битка во болницата каде што беше на лекување.
Од несреќата наваму, Панчо извесен период беше во кома, а за неговата психичка состојба се грижеше тим составен од психолози и психијатри. Задоби сериозни изгореници на лицето и на рацете.
Панчо, познат на јавноста и како диџеј Шорти, беше дел од музичкото дуо ДНК. Судбоносната ноќ на 16 март, заедно со својот колега Андреј, настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Андреј трагично го загуби животот во пожарот што избувна во локалот, на 43-годишна возраст.
Владимир Блажев – Панчо е роден на 29 јули 1979 година во Скопје. И тој и Андреј беа познати и докажани хуманисти, сакани од своите пријатели и пошироката јавност.
Зад себе Панчо остави два сина Андреја и Марјан.
Хроника
Во Битола на „Партизанска“ удрен пешак со своето куче. На пешакот му се констатирани тешки телесни повреди, додека кучето било усмртено
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул.„Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(49) од Битола, удрило во пешакот Ѓ.Х.(45) од Битола и неговото куче.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, информира МВР.
-
Македонија21 часМВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (2 ноември)
-
Македонија2 денаДодека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник
-
Хороскоп6 часаХороскоп за понеделник (3 октомври)
-
Здравје и убавина1 денТреба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
-
Технологија19 часа„Google Maps“ има нова корисна функција
