Следете не

Автомобили

Lamborghini посилно од кризата: Сè распродадено до 2024 година

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Италијанскиот производител на спортски автомобили Lamborghini веќе го продаде целото производство до почетокот на 2024 година, изјави директорот на таа компанија за AFP.

Подружницата на Фолксваген има „голема побарувачка“ и нарачки за следните 18 месеци, рече Штефан Винкелман.

„Се повеќе се купуваат Lamborgini. Бидејќи имаат доверба во брендот, гледаат колку се убави автомобилите, како имаат високи перформанси“, рече тој.

Глобалната економија само треба „да остане малку стабилна“ за да остане така, додаде тој.

Долгото чекање за автомобили е резултат на недостигот на делови, особено чипови кои се потребни за новите електрични модели.

Lamborghini планира хибридна верзија на секој од своите модели до 2024 година, а првото целосно електрично Lamborghini во втората половина на деценијата.

Тоа е „многу за само две години“ и „работиме колку што можеме, најбрзо што можеме, за да бидеме во тек со вестите и да продолжиме сè да оди на позитивен начин“, рече Винкелман.

На почетокот на август Lamborghini објави дека го има најдоброто полугодие во својата историја, постигнувајќи рекордна продажба и профит. Оперативната маржа достигна 32 отсто, а оперативната добивка е 425 милиони евра од продадени 5.090 автомобили.

Ferari исто така постигна рекордни резултати во вториот квартал и ја зголеми годишната прогноза, а неговите нарачки се рекордни.

Кон крајот на јули, најголемиот светски производител на луксузни стоки LVMH исто така објави дека постигнал скок во продажбата и профитот во првата половина од годината и покрај неизвесното економско опкружување.

Автомобили

Американските анализи покажуваат дека автоматските менувачи доминираат на нивниот автомобилски пазар

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jean-Philippe Delberghe

Темата за иднината на рачните менувачи ја допревме и порано, но анализата на најновите податоци од европските пазари, а особено од САД, јасно укажува дека тие полека исчезнуваат од автомобилската сцена.

Трендовите покажуваат дека автоматските менувачи веќе се наметнуваат како доминантен избор, оставајќи го класичниот рачен менувач на маргините. Воведувањето на SUV сегментот, а потоа и ширењето на електричните возила, само го забрза овој процес. Она што започна во САД уште кон крајот на 90-тите, а глобално во првата деценија од 21 век, денес изгледа како неповратна трансформација.

Американскиот пазар, со своите автопатишта и традиција за возила со големи димензии, одамна е предводник во користењето на автоматски менувачи. Првиот масовно достапен автоматски менувач, развиен од „Џенерал Моторс“ уште во 1939 година, ја трасираше патеката. Дека промената е драматична, говорат бројките: во средината на 90-тите години речиси 28% од новите возила сè уште имале рачен менувач, додека денес тој удел се сведе на едвај 0,8%.

Европа долго време одолеваше. Во 2001 година, дури 91% од сите автомобили регистрирани на петте најголеми пазари (Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија) користеа рачен менувач. Дури и кај премиум и луксузните марки, автоматиката тогаш беше ретка и скапа опција. Но, со текот на времето, развојот на технологијата ги намали трошоците, а урбанизацијата и сè погустите сообраќајни метежи го направија автоматскиот менувач попрактично решение.

Не е изненадување што автошколите во најголемите земји на ЕУ сè почесто обучуваат возачи директно на возила со автоматски менувач. Денес, само симболичен дел од часовите е резервиран за рачна контрола.

Податоците го потврдуваат тоа: во 2023 година само 29% од новите автомобили во овие пет европски пазари имале рачен менувач. Кај премиум возилата доминацијата на автоматиката е речиси апсолутна – од 31% во 2001 година, уделот пораснал на 97% во 2024. И кај масовните брендови се забележува радикален пресврт – од едвај 5% во 2001 година на 63% минатата година.

Извор: motor1.com

Прочитај повеќе...

Автомобили

Volkswagen ја гради иднината на производството со вештачка интелигенција и AWS

Објавено пред

на

Фото: Val Vesa @ unsplash
Фото: Val Vesa @ unsplash

Групацијата Volkswagen ја гледа иднината на автомобилската индустрија во вештачката интелигенција и облак технологиите. Компанијата веќе имплементираше AWS cloud решенија во 13 производствени погони на своите брендови Volkswagen, Audi и Volkswagen комерцијални возила, со што постигна значителни заштеди и зголемена ефикасност.

• Благодарение на високата достапност и скалабилност на AWS технологијата, Volkswagen успешно ги премести критичните системи во облакот, намалувајќи го ризикот од застој на производствените линии.
• Стандардизацијата на овие процеси веќе носи заштеди од двоцифрени милиони евра.

Вештачка интелигенција за подобро производство

Моментално, компанијата користи над 1.200 апликации за вештачка интелигенција. Меѓу нив е и системот KI4UPS, кој овозможува брза детекција на потенцијални електронски проблеми на производствените линии. Со помош на Amazon SageMaker, Volkswagen обучува AI модели кои ја подобруваат контролата на квалитетот.

Оптимизација на потрошувачката и одржливост

Значителен напредок е постигнат и во областа на енергетската ефикасност. Во фабриката во Познањ, Полска, вештачката интелигенција ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија. Резултатот е намалување на трошоците за енергија за 12 проценти и значително намалување на емисиите на CO₂.

Volkswagen со оваа стратегија ја поставува основата за модерно, ефикасно и поодржливо производство, користејќи ги најновите иновации во облак технологии и вештачка интелигенција.

Извор: Index

Прочитај повеќе...

Автомобили

Nissan GT-R се пензионира по 18 години – крај на една ера

Објавено пред

на

Фото: Chris G @ unsplash
Фото: Chris G @ unsplash

По цели 18 години производство, Nissan официјално го означи крајот на легендарниот R35 GT-R, откако последниот примерок за јапонскиот пазар излезе од производствената линија во фабриката во Точиги.

• Последниот произведен автомобил е премиум изданието T-Spec во препознатливата боја Midnight Purple, специјално наменето за јапонските клиенти.
• Од своето деби во 2007 година, произведени се приближно 48.000 примероци од овој култен спортски автомобил.

Наследство на R35 GT-R

„По 18 извонредни години, R35 GT-R остави неизбришлив белег во автомобилската историја. Неговото наследство е доказ за страста на нашиот тим и лојалноста на клиентите низ целиот свет“, изјави Иван Еспиноза, претседател и извршен директор на Nissan. Тој додаде дека ова не е „конечно збогување“ со GT-R, бидејќи компанијата има цел еден ден повторно да го врати ова име.

• R35 GT-R постави нови стандарди како врвен Grand Tourer, спојувајќи удобност, префинетост и екстремни перформанси.
• Моќноста на моторот низ годините се зголеми од 480 КС на 570 КС, додека верзиите NISMO достигнуваа до 600 КС.

Уникатност и иднина

Една од најголемите карактеристики на GT-R е што секој од произведените 48.000 мотори бил рачно составен од тим од само девет мајстори, познати како „Такуми“, во фабриката во Јокохама.

Иако Nissan сè уште нема објавено конкретен план за наследник, компанијата останува посветена на името GT-R, со визија еден ден да го врати за новата генерација љубители на спортски автомобили.

Извор: Index

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп6 часа

Хороскоп за среда (3 септември)

ОВЕН Не сте доволно сконцентрирани и ви недостасува мотивација на работа, па може да бидете склони кон правење грешки. Може...

Временска прогноза14 часа

Временска прогноза за утре и задутре, ќе имаме облачно време, проследено со пороен дожд, со засилен ветер

Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон...

Македонија15 часа

СВР Охрид: В четврток во с.Шипокно охридско, ќе се одржи регионална обука за полициските тимови кои работат со службени кучиња

На 04.09.2025 година од 00 до 07 часот, на подрачјето на охридското село Шипокно, ќе се одржи регионална обука за...

Мобилни уреди15 часа

„Google Maps“ тестира нова функција, достапна само за ограничен број корисници

Најновите извештаи укажуваат дека „Google Maps“ започнува со тестирање на нова функционалност, која во моментов е достапна само за ограничен...

Скопје17 часа

(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот...

Македонија17 часа

(ВИДЕО) Во Маврово заѕвони првото училишно ѕвонче на едно единствено прваче, маестро Џамбазов специјално го пречека и му посака среќа и успех

Денес во етер се објави видео, снимевно во основното училиште „Денче Дејаноски“, каде заѕвони првото ѕвонче за ☝️ едно единствено...

Спорт19 часа

КК „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката, стани дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери

Кошаркарскиот клуб „Баскет Кичево“ ги отвора вратите за сите млади кои ја сакаат кошарката и сакаат да бидат дел од...

На денешен ден20 часа

Времеплов: На денешен ден – 2 септември

На денешен ден 2 септември, важни историски настани кои се случиле во различни години и делови од светот. Еве краток...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (2 септември)

Овен Ќе се соочиш со тензија помеѓу дневните обврски и желбата за авантура. Творческиот поттик и шармот ти помагаат да...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод...

НАЈЧИТАНИ