Гејминг
Се подготвува ново продолжение на Mafia
Екипата за развој Hangar 13 потврди дека работи на ново продолжение на популарната франшиза Mafia. Веста ја потврди шефот на студиото Роман Хладик во интервју поврзано со одбележувањето на дваесетгодишнината од серијата.
Дејството на играта треба да биде поставено пред настаните од постоечките три дела, што значи дека треба да биде ерата на прохибиција или уште порано.
Но, ќе мора да почекаме за новото продолжение бидејќи играта моментално е во најрана фаза и веројатно нема да биде завршена барем уште неколку години.
Да потсетиме дека првите две продолженија беа добро прифатени, но работите станаа разнишани по млакиот прием на Mafia 3. Но, Mafia Definitive Edition беше подобро прифатено, а тоа беше римастер на првите две игри прилагодени на новиот хардвер.
Гејминг
Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена
Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од лансирањето. Веста пристигнува само неколку дена откако EA објави дека компанијата станува приватна, во зделка вредна 55 милијарди долари.
Импресивни бројки на почетокот
Според податоците, играчите во првите денови одиграле повеќе од 172 милиони онлајн натпревари, а стриминг платформите забележале над 15 милиони прегледи поврзани со играта.
Овие бројки ја прават најуспешната премиера во историјата на франшизата Battlefield. За споредба, претходното издание, Battlefield 2042 (2021), продаде околу 4,2 милиони примероци во првата недела.
Реакции од EA
„Прво и најважно, сакаме да им се заблагодариме на нашите играчи,“ изјави генералниот менаџер на франшизата, Бајрон Бид.
„Никогаш не ги земаме ваквите моменти здраво за готово, па затоа сакам да ја изразам нашата искрена благодарност до нашите глобални Battlefield Studios и страствената заедница што ни помогна да стигнеме до оваа точка,“ додаде Винс Зампела, извршен потпретседател на EA.
EA станува приватна компанија
Лансирањето на играта се совпадна со веста дека EA ќе премине во приватна сопственост. Новите сопственици се Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (PIF), како и компаниите Silver Lake и Affinity Partners.
Сепак, дел од синдикално организираните вработени во EA изразија загриженост за зделката, предупредувајќи дека „со приватизација, работниците губат транспарентност, видливост и моќ“.
Достапност
Battlefield 6 официјално беше објавена на 10 октомври, и е достапна за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S.
Првата сезона на дополнителна содржина ќе пристигне на 28 октомври.
Извор: Engadget
Гејминг
Fortnite повторно достапен на iOS во Австралија
По пет години судски битки, Epic Games успеа да го врати Fortnite и Epic Games Store на iOS уредите во Австралија. Одлуката на судот утврди дека Apple ја ограничувал конкуренцијата со своите строги правила, особено со забраната за алтернативни методи на плаќање, пренесува Australian Financial Review.
Epic Games изјави:
„Австралискиот суд пресуди дека Apple и Google ја злоупотребуваат својата контрола врз дистрибуцијата на апликации и плаќањата во нив за да ја ограничат конкуренцијата. Постојат над 2.000 страници со наоди што ќе треба да ги испитаме. Сепак, ова е победа за програмерите и потрошувачите во Австралија!“
Како започна конфликтот?
-
Epic го заобиколи системот за плаќање на Apple.
-
Наместо тоа, воведе сопствен метод за купувања.
-
Apple остана без вообичаената провизија од 30%.
-
Како реакција, Fortnite и другите апликации беа отстранети од App Store, што доведе до долг судски процес.
Во април оваа година, американскиот суд пресуди дека Apple повеќе нема право да наплаќа провизија за купувања направени надвор од App Store. По таа одлука, Fortnite повторно се врати во американската App Store во мај.
Иако одлуката во Австралија е историска за гејмерите и девелоперите, сè уште не е познато кога Fortnite и Epic Games Store повторно ќе бидат достапни за сите iOS корисници таму.
Извор: Engadget
Гејминг
Sony ја зголеми цената на сите модели од „PlayStation 5“ конзолата на американскиот пазар
Моделот со диск драјв ќе се продава по цена од 549,99 долари, што е зголемување од 50 долари во однос на претходните 499,99 долари. Digital Edition ќе поскапи од 449,99 на 499,99 долари, додека најмоќната верзија – PS5 Pro – ќе чини 749,99 долари наместо досегашните 699,99.
Од компанијата објаснуваат дека ваквата одлука е резултат на „тешките економски услови“ и дополнителните тарифи кои значително ги зголемиле трошоците за производство и дистрибуција.
– „Иако настојувавме што подолго да ги задржиме старите цени, актуелните пазарни околности нè принудија да направиме корекција“, наведуваат од Sony.
Позитивна вест за играчите е тоа што цените на игрите и додатоците нема да се менуваат.
Со овој потег, Sony се усогласува со конкурентите, бидејќи и Microsoft и Nintendo претходно ги зголемија цените на своите гејминг конзоли поради слични економски предизвици.
-
Социјални мрежи1 денВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Хороскоп1 денХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Временска прогноза2 денаДо петок стабилно и без дожд, потоа нашиот регион ќе биде зафатен со нов влажен воздушен бран кој ќе услови со нови врнежи од дожд
-
Технологија9 часаКичевската корпорација во развој „CvetanskiFootage“со ексклузивен „прашалник“ и мало истражување – Дали работиш или би сакал/а да работиш од дома?
-
Македонија2 денаЛишени од слобода возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол
-
Временска прогноза15 часаЗа зимата 25/26 прогностичките модели укажуваат повеќе снег, но во просек за некој степен потопло време за разлика од претходно, информира Попоски
-
Здравје и убавина2 денаПрескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје
-
Магазин2 денаGoogle тестира нов начин за работа со повеќе апликации на Android таблети
