Кичево
Поради работа на ЕВН, во вторник следните кичевски села ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 13.09 – вторник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните кичевски локации:
- с. Осој, Осојски Пат, Влашки Пат, Зик Кошарани, Нов Дом, Ајчо и с. Раштани (Од 08:30 до 10:30 часот)
- Дел од с. Горно Длапкин Дол (Од 08:30 до 15:00 часот)
* Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Нов случај со запалена дива депонија во кичевско

Нов случај со запалена дива депонија во кичевско. Имено од рано утрово овој е втор случај ТППЕ Кичево да излезе на терен.
Последната интервенција е пред половина час во месноста Бичинци, односно покрај пат на дива депонија Бичинци-Мамудовци.
На терен дејствуваше екипа на ТППЕ Кичево со четири пожарникари.
Уште еднаш преку нашиот медиум пожарникарите апелираат за сериозноста на овој период на годината, да внимаваат, бидејќи мал отпушок е доволен за да се случи пожар!
Кичево
(ФОТО) Се запали дива депонија покрај пат кај с.Пополжани, интервенираше ТППЕ Кичево

Во 18:17ч денес пријавено било дека гори дива депонија во близина на с.Пополжани кичевско од битолска страна.
Како што не известија од ТППЕ Кичево, се извршуваат дополнителни активности околу гаснењето.
Кичево
Предмалку случена сообраќајка во близина на с.Извор кичевско, правец Кичево-Охрид

Предмалку се случила сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид во близина на с.Извор.
Од информации од терен дознаваме дека сообраќајот бил отежнат, но без поголеми чекања и застој.
На местото на настанот се забележани екипи на Итна Медицинска помош од Кичево и ОВР Кичево.
За здравјето на учесниците немаме информации.
Повеќе детали очекуваме во билтенот на СВР Охрид.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Скопје20 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Временска прогноза1 ден
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Магазин2 дена
Apple Watch Ultra 3 доаѓа наскоро – еве што знаеме досега
-
Временска прогноза3 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите