Временска прогноза
Свежо на утро, од среда натпросечно високи температури, додека нов бран на дожд доаѓа во недела

Од денес, па се до петок следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Денес и тоа особено Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Наутро овие денови ќе биде значително посвежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат до околу, па и под 10 степени, додека во Беровскиот регион истите се очекува да се спуштат дури и под 5 степени.
Максималните пак и тоа од среда, а особено од четврток до сабота ќе бидат ВИСОКИ и натпросекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури и над 35 степени.
Промена на времето, врнежи и позначително заладување ќе има за време на викендот, односно од недела. Детална анализа околу ова следува овие денови.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека до сабота истите ќе бележат тенденција на секојдневен пораст.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од денес (среда 27 август) до петок (29 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Што се однесува до температурите, тие во најголем дел од Македонија ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат и 35 степени. Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период температурата ќе се искачува до околу или пак ќе надминува 35 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Наутро пак останува релативно свежо времето со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.
Да напоменам дека разликата помеѓу минималните утрински и максималните дневни температруи на воздухот во следните неколку денови ќе биде огромна (и за повеќе од 20 степени ќе биде разликата деновиве помеѓу истите). Токму поради ова, особено метеопатите ќе ја почувстуваат позначително оваа огромна разлика на температурите, тоа значи дека кај истите се можни поголеми здравствени проблеми.
Промена на времето проследна со развој на нестабилност, локален пороен дожд, грмежи, ветер и пад на температурите ќе имаме за време на викендот (сабота и недела 30/31 август) кога ќе има услови и за локална појава на невреме. Детална метео анализа околу оваа промена на времето следува во следните мои метео објави, утрово истакна метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање

Доцна вечерва во нашата држава имаме ведро и свежо време насекаде, претежно е тивко и без некој изразен ветер. Најсвежо оваа вечер е во Лазарополе каде се измерени само 10 степени. Од градовите пак најсвежо е во Охрид со измерени 13 степени.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија доцна вечерва. Во следните часови очекувам понатамошно опаѓање на температурите на воздухот насекаде во Македонија, доцна вечерва информираше Славчо Попоски од Метеоаларм.
Временска прогноза
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември.
– Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени.
Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.
Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме.
Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.
Се на сè, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Кичево9 часа
(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“
-
Временска прогноза2 дена
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 август)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (28 август)
-
Временска прогноза1 ден
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо
-
Македонија1 ден
Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР
-
Свет1 ден
Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет
-
Спорт1 ден
Составот на македонската фудбалска репрезентација за мечевите против Саудиска Арабија и Лихтенштајн