Македонија
Високата претставничка на ОБСЕ брифирана за состојбата на новинарите во Македонија
Во рамки на официјалната посета на Високата претставничка на ОБСЕ за слобода на медиумите г-ѓа Тереза Рибеиро се одржа средба со претставници на новинарските и медиумските организации. На работната средба од претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Македонскиот институт на медиуми (МИМ) беше укажано дека иако атмосферата во медиумскиот сектор е генерално подобрена сепак и после шест години отсуствуваат суштински медиумски реформи.
Овие реформи подразбираат важни измена на законите за обезбедување на поголема независност на работата на медиумите, загарантирана безбедност на новинарите и подобрување на судската пракса во насока на гарантирање на правата на медиумските работници. Освен ова, беше истакнато дека посебен проблем претставува блокирањето во Собранието на позитивните измени на Кривичниот закон со кои се овозможува поголема безбедност од притисоци и закани кон новинарите кои веќе 14 месеци не се гласаат од страна на пратениците. Дополнителен проблем кој беше истакнат се однесуваше на неизборот на членовите на управните органи во МРТ и Агенцијата за медиуми, избор кој веќе две години не се спроведува, иако мандатот на сегашните членови е изминат а со тоа се доведува во прашање и легитимноста на одлуките во јавниот радиодифузер и медиумскиот регулатор.
Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски укажа на зголемениот број на случаи на клевета кон новинари и дека моментално се водат 52 тужби кон новинари споредбено со ланската година кога имаше 20 случаи и ова потенцијално може да ја поттикне самоцензурата кај новинарите. Освен ова, тој истакна: „Желбата на централната и локалната власт да ги вратат јавните кампањи со цел да се рекламираат во приватните медиуми е сериозен ризик кој дополнително може да ја влоши независноста на медиумите. Доколку владата, но и општините, искрено сакаат да го помогнат медиумскиот сектор тоа исклучиво може да биде преку создавање на Фонд за слободни медиуми кој ќе даде можност на транспарентен начин и со јасни критериуми да се поддржат новинарски иницијативи на теми со кои ќе се промовира јавниот интерес а не партискиот„.

Директорката на МИМ Билјана Петковска на состанокот истакна дека: ,,Минатата година започна процесот за воведување на медиумската писменост во основното образование, што се спроведува во соработка со МОН и со Бирото за развој на образованието, и тоа е еден од најпозитивните чекори што беа преземени изминатиот период во оваа сфера. За жал, не постои политичка волја кај партиите за спроведување на системските реформи во медиумската сфера, што ги бараме со години, бидејќи нашите политичари се уште гледаат на медиумите и на новинарството како на алатки за освојување и одржување на власта, отколку на инструменти за демократска , економска и образовна еманципација на граѓаните“.

Претседателот на ССНМ Павле Беловски сподели дека ССНМ е постојано присутен во сите случувања во медиусмката сфера. ,,Нашите активности се опширни и сеопфатни. Ги следиме сите законски измени со фокус на слободата на изразување и работничките права. Даваме предлози и учестувaме во работни групи, секогаш здружени со партнерските организации. Синдикатот бележи раст и развој но, сакам да нотирам дека сеуште и по повеќе од една децнија постоење се соочуваме со едни исти проблеми. Долг е списокот на проблеми но решенијата со кои можат да се надминат се едноставни. Синдикатот како единствена опција за надминување на лошата состојба на вработените ја гледа во потпишувањето на колективни договори. – потенцираше Беловски

Г-ѓа Тереса Рибеиро во рамки на својата посета на Македонија ќе оствари средби на теми поврзани со независноста на медиумите и правата на новинарите и со Претседателот на македонското собрание на претставници на Владата како и на Министерството за информатичко општество и администрација, јавниот сервис и медиумскиот регулатор.
Таа, како претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите има функција на темелно разгледување и предупредување во однос на постоечки ризици за нарушување и непочитување на слободата на медиумите, но и на слободата на изразување во сите земји членки на ОБСЕ.
Извор: ЗНМ
Македонија
Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т. (38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини.
По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Македонија
ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, во својство на вршител на должноста директор на Јавна општинска установа-детска градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, презела службено дејствие и ги пречекорила границите на своите службени овластувања на тој начин што преку приватна агенција за вработување времено ангажирала лице на работно место негувател за периодот од 01.12.2024 до 15.05.2025 без притоа лицето да поседува важечка лиценца за работно место негувател.
Со наведеното дејствие, пријавената овозможила лицето да се стекне со имотна корист од 164.824 денари, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Извор: МВР
Македонија
На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари за Јован повторно да му се насмевне на видот. Му недостасуваат помалку од 4,000 евра за операција на окото, истата чини 5,500 евра.
Да го откажеме нашето кафе и да направиме добро дело, телефони во рака и дадете свој хуман придонес!
T-Mobile: 143-105
A1: 143-471
Мал гест за нас, огромна шанса за него да го види светот повторно.
Ајде сите по една порака!
Ајде за Јован!
Ајде да покажеме дека не забораваме!
Доколку некој не е во можност да донира 100 денари, нека ја сподели оваа објава
-
Кичево2 денаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (10 декември)
-
Хороскоп11 часаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Временска прогноза2 денаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаНа Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!
-
Магазин2 денаДоаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости
-
Македонија1 денОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца
