Спорт
Шкупи не успеа против Шкендија, таборите се заодоволија со реми, додека „Пандевци“ изгубија дома од Македонија ЃП, ова се денешните резултати од 8-то коло

Македонскиот првак Шкупи успеа да одолее на големото дерби во Тетово против Шкендија и да извлече 0-0. Најголеми заслуги за тоа има голманот Кристијан Наумовски, кој бранеше одлично и ги спречи фудбалерите на Шкендија да дојдат до триумф.
Цаке, Шала, Дориев имаа одлични шанси, но секогаш на висина на задачата беше Наумовски. На крајот, големите ривали поделија по еден бод.
Струга Трим Лум оствари нов триумф. Осма победа е тоа од осум натпревари. Во Струга падна Тиквеш со 2-0. Бесарт Ибраими повторно беше стрелец откако го отвори резултатот во деветтата минута. Триумфот го потврди Дарко Илиевски.
нес Рушевиќ беше стрелец, а голманот Игор Алексовски херој на Работнички во минималната победа (1-0) над Победа. На стадионот на ФФМ, Рушевиќ реализираше во 30.минута по одличната асистенција на Крсте Велкоски. Во вториот дел, две стативи за Работнички, но и неколку шанси за Победа, а секогаш победник беше Алексовски.
Македонија ЃП го совлада тимот на Академија Пандев со Струмица со 0-1. Кристијан Стојкоски во деветтата минута постигна одличен гол, а „лавовите“ ја сочуваа предноста до крајот на дуелот.
Утре се игра последниот меч од 8.коло, а се среќаваат Скопје и Брегалница.
ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-0
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ТИКВЕШ 2-0
Текст: makfudbal.mk (Лидери во македонскиот фудбал)
Спорт
Македонскиот „дијамант“ повторно пред вратите на Наполи? Тоа би било посебен момент за клубот и неговите фанови

Торино продолжува со обидите да го доведе Елиф Елмас назад во своите редови, но трансферот се соочува со сериозни пречки. РБ Лајпциг, актуелниот клуб на македонскиот репрезентативец, не е подготвен да дозволи уште една позајмица, што ги комплицира плановите на италијанскиот клуб.
Елмас минатата сезона ја заврши како позајмен играч во Торино, каде што во 13 натпревари постигна четири гола и остави одличен впечаток. Иако самиот фудбалер е заинтересиран да остане во клубот, германскиот тим смета дека може да добие поповолна понуда од друг клуб, што ги отежнува шансите на Торино.
– Во меѓувреме, изненадувачки се појави Наполи како потенцијална дестинација за Елмас. Клубот, каде што тој настапуваше од 2019 до почетокот на 2024 година, повторно го разгледува неговото враќање, особено поради неговата разноврсност и способност да постигнува и асистира од средниот ред. Навивачите сè уште го паметат со симпатии, што би го олеснило неговото адаптирање.
Наполи веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш немаше слободни места во тимот. Сега, со Антонио Конте на чело и потребата од играч со квалитетите на Елмас, неговото враќање би било посебен момент и за клубот и за фановите, пренесува gazetaexpress.com
Спорт
Рома најблиску до Санчо, крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“

Џејдон Санчо, крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, би можел наскоро да ја продолжи кариерата во Рома. Италијанскиот клуб започна конкретна офанзива за неговиот потпис, откако пропаднаа разговорите што англискиот репрезентативец ги водеше со Јувентус и Наполи. Според таборот и јавноста, како опција беше и враќање во Борусија Дортмунд, но понудата од Германците не беше доволно конкретна.
Сега Рома е најблиску до ангажманот на Санчо. Манчестер Јунајтед е подготвен да го испрати на позајмица, но со клаузула за задолжителен откуп следното лето. Англискиот клуб бара 20 милиони фунти (околу 23 милиони евра), сума што Рома би ја платила по завршувањето на сезоната, заедно со преземање на поголемиот дел од неговата плата.
Новото тренерско име на клупата на Рома, Џан Пјеро Гасперини, верува дека може да го врати Санчо на вистинскиот пат и да го извлече неговиот потенцијал, кој досега ретко доаѓал до израз.
Покрај Санчо, Рома работи и на трансферот на Леон Бејли од Астон Вила – уште едно крило кое би ја зголемило конкуренцијата во офанзивниот дел на тимот. За потсетување, ова лето клубот веќе го засили и младиот напаѓач Еван Фергусон, кој пристигна на позајмица од Брајтон, пренесува sportske.net
Спорт
Младиот штопер Џовани Леони доби дозвола да отпатува за Ливерпул

Во средата навечер беше постигнат договор, според кој Ливерпул ќе ѝ плати на Парма 26 милиони фунти плус бонуси за 18-годишниот Џовани Леони. Играчот доби дозвола да отпатува во Ливерпул во четврток, каде што ќе ги договори личните услови и ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи.
Планот е Леони веднаш да се приклучи на првиот тим, без намера за негова позајмица – барем засега, според првичните информации. Ливерпул активно бара нов централен дефанзивец, со оглед на тоа што Ибрахима Конате влегува во последната година од својот договор.
Леони се приклучи на Парма минатото лето, кога пристигна од Сампдорија за 4,8 милиони евра. Во Серија А има 17 настапи и еден постигнат гол за Парма.
-
Временска прогноза1 ден
Утре попладне најава за локален пороен дожд и дестабилизација, додека во понеделник дожд и грмежи речиси на секаде во Македонија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (17 август)
-
Македонија1 ден
„Центарот за Безбедност на Вода на Црвен Крст Охрид“, денес по силниот ветер спаси оддалечени луѓе од брегот на охридско езеро!
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (18 август)
-
Скопје1 ден
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична пријава против лице од Скопје
-
Скопје11 часа
Ноќеска скопјанец предизвикал сообраќајка, пијан 3,30 промили алкохол во крвта
-
Македонија5 часа
Во Штипската болница вчера бил донесен работник од Бангладеш, се повредил при работа
-
Занимливости8 часа
„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата