Следете не

Спорт

Интервју со Атанас Костовски, доајен на спортското новинарство во Македонија

Објавено пред

на

Чичко Таско на свои 85 години беше отворен и пријателски расположен за разговор со нашата екипа, а нам ни претставуваше огромна чест да бидеме во негово присуство. Тој навистина има многу интересни приказни за раскажување и ни беше задоволство да поразговараме со легенда од неговиот „калибар“. Многу генерации пораснаа со него и со ТВ-преносите кои тој ги коментираше во текот на долгогодишната плодна и успешна кариера за Спорткаст.

Спорткаст: Каде се случија вашите први чекори во новинарството, како и каде ја започнавте вашата кариера?

Костовски: – Најпрво како многу млад започнав во „Студентски збор“, таму работев во периодот меѓу 1958 и 1960 година, а потоа четири години бев дел од „Млад борец“. Во ТВ Скопје или Македонска радио телевизија пристигнав во 1964 година и таму се задржав до моето пензионирање во 2001 година. Откако се пензионирав, работев и во Канал 5, коментирав фудбалски натпревари од германската и шпанската лига, а потоа бев дел и од Спортското радио каде бев автор на емисијата „Тајм Аут“ со Атанас Костовски. Тоа беа емисии посветени на фудбалери што оставиле голем белег во македонската историја и мислам дека реализиравме некаде околу 350 емисии. Работев на различни места и имав навистина убава кариера. Имав прилика да се запознаам и да се дружам со извонредни спортски легенди од целиот свет и тоа ме прави навистина среќен и исполнет. Најголем дел од мојот успех како новинар се должи на 35-годишниот престој во Македонската радио телевизија.

Спорткаст: Какви беа условите во тоа време? Тешко ли беше да се стане новинар, спикер или коментатор кој може да се појави пред ТВ-камерите и дали може да се каже дека во Југославија беше многу посериозен пристапот кон оваа професија?

Костовски: – Поголемиот дел од новинарите кои тогаш доаѓаа во радио или телевизија имаа искуство со претходно работење во пишаните медиуми. Сите моравме точно да знаеме како треба да се пишуваат речениците, се обрнуваше исклучително големо внимание на правопис и интерпункција. Моравме да видиме прво како ни тече мислата и секогаш максимално професионално пристапувавме кон секоја задача што ќе ја добиевме. Печатените медиуми беа одличен темел за сите идни ТВ-новинари, ние моравме да чекаме неколку години пред да дојде моментот кога веќе можевме да фатиме микрофон во рака. Патот во наше време беше многу потежок. Сега многумина веднаш земаат микрофон во рака и уште на самиот почеток прават многу грешки кои ние не смеевме никогаш да си ги дозволиме. Нам ни велеа „прво мораш да носиш бурек, а потоа да седнеш да јадеш со постарите“. Постоеше цврсто одреден и логичен пат по кој се стигаше до она што се нарекува „совладан занает“.

Во продолжение повеќе за интервјуто ќе прочитате на официјалниот линк од нашите пријатели и лидери за спортот „Спорткаст“ – ТУКА

Спорт

Комисијата за натпревари одлучи следните две кола да се одиграат без публика

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ.

Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика.

Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари, за јавноста истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија

Прочитај повеќе...

Спорт

Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ на барање од МВР ги одложи натпреварите од првата македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

Денеска комисијата која заседава во рамки на ФФМ донесе исправна одлука за одложување на натпреварите од првата македонска фудбалска лига од 17-то коло, имено натпреварите требаше да започнат утре со почеток од 13:00ч. Одлуката беше на барање од МВР поради случувањата на настаните, со цел спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.

Комисијата исто така истакна дека натпреварите се презакажани за 3 декември (вторник) во 13:00ч, истакнаа за јавноста од Фудбалската федерација на Македонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Женската А репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за мечевите против Црна Гора, Андов вели не очекуваат два тешки натпревари, Црна Гора е квалитетен противник

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија денеска во Скопје официјално ги започнува подготовките за двата контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. Контролните натпревари помеѓу Македонија и Црна Гора ќе бидат одиграни на 30. ноември со почеток во 13. часот и  3. декември со почеток во 12. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов ги сподели своите очекувања пред двата тест натпревари со Црна Гора.

Целта на овие два контролни натпревари со Црна Гора пред се е да го задржиме континуитетот, да се подобриме во одредени сегменти и да ги отстраниме слабите страни во нашата игра. Сакаме да бидеме во најдобра физичка и ментална состојба пред почетокот на циклусот на натпревари од Лигата на Нации. Имаме јасна визија и цел за наредната година, а тоа е освојување на првото место во нашата група од новото издание на Лигата на нации.

-Репрезентацијата на Црна Гора е квалитетен противник, кој одигра одличен двомеч против Финска во баражот. Имаме одиграно неколку натпревари против нив и секогаш резултатски биле поуспешни од нас. Но, тоа е минато, ние сме во фаза каде што градиме нова репрезентација која ќе биде конкурентнта и подготвена за секакакви предизвици.

-Претходните квалификации за пласман на ЕП беа успешни за нас, со оглед на тоа што до последниот меч бевме втори во групата и со победа ќе успеевме да влеземе во баражот, но нашето неискуство да играме под притисок си го направи своето. Можам да кажам дека од меч во меч растеме како тим, во континуитет има подобрување во нашата игра, се наоѓаме на вистинскиот пат.

-Имаме добра група во Лигата на нации. Косово и Летонија се сериозни репрезентации кои имаат голем напредок во нивната игра. Нема повеќе место за изговори. Имаме одлична и вистинска можност пред нас која треба да ја искористиме максимално. Сакаме да се покажеме во добро светло и до го освоиме конечно првото место во нашата група.

Нашата најдобра женска репрезентација на 21. февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во новото, второ по ред издание на Лигата на Нации 2025 година, за јавноста известуваат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево31 минута

Во сабота е првата проба на најмилите дечиња за кичевската „Бадникова поворка 2025“, нека биде до сега најголема, а сите дечиња гласно да го опеат Христовото Рождество!

Како и секоја година со исклучок на пандемијата, така и оваа по деветти пат под раководство на г-дин Бошко Сарафилоски,...

Временска прогноза1 час

Долгорочна временска анализа: Месец декември ни носи чести врнежи од снег и дожд, а ќе биде постудено од ланска година!

Според она што можам да го кажам во поглед на долгорочното анализање на времето, оваа година декември месец ќе го...

Занимливости4 часа

Искористете го силниот момент на Биткоин и започнете да заработувате дневен профит

Со оглед на неодамнешниот пораст на биткоинот, платформата „BCHMiner“ претставува атрактивна можност за оние кои сакаат да заработат преку т.н....

Спорт5 часа

Комисијата за натпревари одлучи следните две кола да се одиграат без публика

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност...

Магазин9 часа

Дали оставањето на полначот во штекер троши струја? Конечно решение за оваа навика

Дали полначот вклучен во штекерот троши струја кога не полни телефон? Ако често го оставате полначот постојано приклучен, не сте...

Магазин9 часа

Instagram: Ресетирајте ја вашата содржина

Instagram воведува нова опција за ресетирање на препораките за содржина. Instagram моментално тестира нова функција што им овозможува на корисниците...

Магазин9 часа

Snapdragon 8 Elite Gen 2: До 20% подобри перформанси со новата 3nm технологија

Qualcomm ја подготвува следната генерација на својот водечки мобилен процесор, Snapdragon 8 Elite Gen 2, кој ветува значителен скок во...

Магазин9 часа

Nvidia GeForce RTX 5000: Новата генерација графички картички пристигнува наскоро

Гејмерите и љубителите на графички картички имаат причина за возбуда: следната генерација на Nvidia GPU, серијата GeForce RTX 5000, е...

Магазин9 часа

Google Play Store зајакнува безбедноста: Нов филтер за почиста и побезбедна платформа

Google Play Store подготвува големо „чистење“ со нови безбедносни мерки кои имаат за цел да ги заштитат своите 2,5 милијарди...

Магазин9 часа

WhatsApp воведува транскрипција на гласовни пораки: Полесна и подостапна комуникација

WhatsApp претстави нова функција која овозможува претворање на гласовни пораки во текст, нудејќи подобра пристапност и приватност за корисниците. Оваа...

НАЈЧИТАНИ