Спорт
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусловно изразија поддршка за претседателот на УЕФА, Чеферин и неговата администрација.
Додека нашата, Фудбалската федерација на Македонија заедно со десет национални асоцијации членки на УЕФА од Југоисточна Европа денеска на состанок во Тирана ја потврдија безусловната поддршка за претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
На регионалниот состанок чиј домаќин беше Албанската фудбалска Асоцијација, главниот фокус се однесуваше на критичните аспекти на стратегијата за развој на фудбалот на УЕФА како што се: идниот формат на клупските натпреварувања на УЕФА по 2024 година и новата програма за солидарност.
Исто така, се дискутираше за прашања кои се однесуваат на судењето на натпреварите, споделување податоци и финансиски анализи, потоа предизвици околу првенствата кои влегуваат во системите за обложување и можности кои се појавуваат за државите / асоцијациите.
Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија, Словенија, Турција и Албанија со свои претставници беа дел од регионалниот состанок во Тирана.
По дискусиите за наведените теми, националните асоцијации навлегоа во дискусии за иднината на европскиот фудбал. Сите присутни едногласно изразија непоколеблива поддршка за претседателот Чеферин и администрацијата на УЕФА.
Фудбалската федерација на Македонија на состанокот во Тирана беше претставувана од претседателот, Муамед Сејдини, генералниот секретар, Наталиа Илиевска Божиновска и членот на Управниот одбор, Владимир Гашевски, за јавноста истакнаа од Федерацијата.
Спорт
Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија
Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.
Избраниците на селекторот Лекиќ одиграа добар натпревар, ја оправдаа фаворитската улога и остварија сосема заслужена победа над Гибралтар. Давид Тоневски го отвори резултатот на средбата. Марио Јанев зголеми на 2:0. Противникот успеа да ја намали предноста на 2:1, но Марио Јанев со својот втор погодок ја врати предноста од два гола и ги постави конечните 3:1.
Во последното коло од турнирот, Македонија ќе игра со домаќинот Естонија, за јавноста известија од Фудбалската федерација на Македонија
Спорт
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
Предмалку Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ преку својата социјална мрежа обзнани фотографија со Горан Пандев, спортскиот директор на Национални репрезентации, и лидерот, легенда, дијамантот Елиф Елмас, нашата репрезентативна ѕвезда, на разговор, да споделат и да ја планираат иднината.
Доаѓаат големи работи. 🙌
Напред момци, фудбалот пред сè! 🇲🇰
Спорт
ФФМ ги истакна условите за работа на тренери и физиотерапевти од Спортската академија
ФФМ исткана оглас за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија. Во продолжение, заинтересираните кандидати може да ги преземат официјалните документи од Федерацијата и условите од огласот за тренери и физиотерапевти за работа со фудбалери од Спортска академија:
Оглас за тренери и помошни тренери – Спортска Академија Јануари 2025.doc
Оглас за физиотерапевти – Спортска Академија Јануари 2025.doc
Извор: ФФМ
-
Кичево2 дена
Поради загадениот воздух во Кичево, издадени важни мерки и препораки од Министерството за животна средина и просторно планирање
-
Lifestyle2 дена
Кардиолозите предупредуваат: Ова е најштетниот вид кафе за вашето срце
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Доаѓаат големи работи, дијамантот Елмас на маса со Пандев и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, за плановите во иднина
-
Lifestyle2 дена
Внимателно со киселата зелка: Кои се ризиците за здравјето?
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (24 јануари)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за сабота (25 јануари)
-
Македонија14 часа
Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија
-
Социјални мрежи10 часа
Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари