Кичево
(ВИДЕО) Во Кичево стартува со работа иновативното Антибактериско чистење на вашиот клима уред. Нека вашиот дом биде здраво место за вас и вашите најмили!

Со секојдневна употреба на клима уредите во нивната внатрешност се таложи огромна количина на прав, алергени, микроорганизми од различна природа (бактерии, вируси, габи).
На списокот се инфекции на дишни патишта, силни главоболки, замор, па дури и бронхитис. Но, најопасната бактерија што „демне“ од клима-уредит, е онаа која предизвикува воспаление на белите дробови, таканаречената легионерска болест.
Ја предизвикува инфекција со бактеријата Legionella pneumophila, која може да доведе до тешко воспаление на белите дробови и може да биде и смртоносна. Се пренесува со вдишување на ситните капки од клима-уредот. Симптомите на оваа опасна болест се, висока температура – над 40 степени, чувство на студ, сува или продуктивна кашлица, болка во градниот кош, главоболка, малаксаност и пролив.
Се лекува со силни антибиотици. Покрај легионелата, од клима-уредот можете да „закачите“ и Coxsakie virus (коксаки вирус). Овој вирус е познат како вирус на нечисти раце, а може да се насели во вашиот клима-уред.
Симптомите на болеста се слични на обичната настинка, но со висока температура. Проблемот е што тешко се препознава, многу е отпорен и долго се задржува во организмот.
Процесот на АНТИБАКТЕРИСКО ЧИСТЕЊЕ на клима уредите се изведува со соодветна машина и специјални средства за анти-бактериско чистење на клима уредот.
ВИДЕО ОД ПРОЦЕС НА ЧИСТЕЊЕ ТУКА
1. Нанесување на силен алкален чистач во ссоодветен
раствор!
2. Плакнење со вода!
3. Соодветна мешавина на вода и антибактериско средство
(ја чисти и дезинфицира климата)
По потреба се повторува процесот
Почитувани, конечно после подолго време во Кичево започнува со работа една иновативна работа која ни е од посебно значење во нашите домови, „Нека вашиот дом биде здраво место за Вас и Вашите најмили”, закажете антибактериско чистење на вашиот клима уред на 077/957-800 и дишете слободно!
Вебсајт: www.enjoy.mk
Фејсбук страница: Анти-бактериско чистење на вашиот клима уред
Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес

Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
В сабота на градскиот плоштад во Кичево – „Хуманитарен Базар“ на здружението на родители на деца со посебни потреби, ќе се продаваат артикли, ракотворби и храна

Здружение на родители на деца со посебни потреби „НАДЕЖ Кичево“ организира „Хуманитарен Базар“ во сабота, 11.10.2025 год, на градскиот плоштад во Кичево, на платото кај Музејот.
Бидете дел, купете продукт или храна по избор со тоа директно хуманитарно ќе помогнете, онаму каде е најпотребно.
Фејсбук објава: ТУКА
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Временска прогноза1 ден
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Магазин9 часа
(ФОТО) По 25 години во „Бигорскиот манастир“ се враќа копаничарската колонија
-
Македонија1 ден
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Lifestyle1 ден
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Lifestyle1 ден
Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие
-
Магазин1 ден
Apple го претстави првиот M5 чип