Македонија
Дизелот од вечерва поскапува 3 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство 2,5 денари, бензините остануваат непроменети
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ дизел горивото, екстра лесното масло за домаќинство и мазутот поскапуваат.
Цената на дизел горивото се зголемува за 3 денари по литар, и ќе изнесува 97,5 денари/лит. Цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 94,5 ден/лит. Мазутот поскапува за 1,024 ден/лит, и новата цена ќе изнесува 51,252 (ден/кг)
Бензините остануваат со исти цени. Еуросупер БС – 95 86,50 (ден/лит), Еуросупер БС – 98 89,00 (ден/лит)
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Спорт2 денаКичевскиот фудбалски судија Лика во среда ќе биде прв помошен судија на „play-off“ дуелот меѓу Нант и Макаби Хаифа
-
Магазин2 денаИвана од Кичево оваа година по петти пат изработува новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (6 декември)
-
Lifestyle2 дена(ВИДЕО) Анатоли фитнес момчето кое стана вистинска сензација на „ТикТок“ конечно препознат од неговата публика
-
Хороскоп8 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Временска прогноза2 денаВрнежите од дожд продолжуваат, Попоски апелира за зголемување на нивоата од реките и езерата
-
Временска прогноза19 часаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Македонија2 дена„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
