Спорт
Милевски вчера го соопшти списокот на повикани фудбалери за контролните мечеви против С.Арабија

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот на повикани фудбалери од домашниот шампионат дополнет со тројца интернационалци, за контролниот натпревар против Саудиска Арабија на 22. октомври во Абу Даби.
На списокот на Милевски се наоѓаат следните фудбалери:
Голмани: Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Костадин ЗАХОВ (Шкендија), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички)
Одбрана: Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифаг, Саудиска Арабија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Шкупи), Кристијан ТОШЕВСКИ (Тирана, Албанија), Бојан ИЛИЕВСКИ (Македонија Ѓ.П.), Зија МЕРЏАНИ (Струга Трим Љум), Владица БРДАРОВСКИ (Шкупи)
Среден ред: Иван НИКОЛОВ (Брегалница), Адем АЛИ (Шкупи), Ферхан ХАСАНИ (Шкендија), Бунјамин ШАБАНИ (Струга Трим Љум), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев)
Напад: Бесарт ИБРАИМИ (Струга Трим Љум), Влатко СТОЈАНОВСКИ (Шкендија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Шкупи), Методија МАКСИМОВ (Работнички), Мартин СТОЈАНОВ (Септември Софија, Бугарија)
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
– „Ни претстои силен контролен натпревар против Саудиска Арабија, репрезентација која е во фаза на последни подготовки за Светското првенство. Ова ќе биде одлична можност за повиканите фудбалери на терен да се соочат со квалитетен противник, а ние како стручен штаб, реално да го видиме потенцијалот и квалитетот на фудбалерите кои сметаме дека се во најдобра форма во моментот во нашата лига.
Нашата намера беше да ги повикаме и Мартин Мирчевски (ТСЦ, Србија), Марко Симоновски (Дрита, Косово), Сефер Емини (Сондерјиске, Данска), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка) и голманот Беким Реџепи (Партизани Тирана, Албанија), но дел од нив не добија дозвола од своите клубови бидејќи натпреварот ќе се одигра надвор од ФИФА термин за пријателски мечеви, а некои се опоравуваат од повреда. Со нас ќе биде Дарко Велковски на кого му требаат натпревари за да влезе во права натпреварувачка форма, а шанса ќе добијат и Мартин Стојанов и Кристијан Тошевски. Се надеваме дека сите повикани фудаблери ќе одиграат максимално сериозно и ќе остават позитивен впечаток“.
Подготовките за контролниот натпревар против Саудиска Арабија ќе започнат на 17. октомври. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе се одработат два тренинзи пред заминувањето за Абу Даби на 18. октомври.
Што се однесува до младата репрезентација на Македонија до 15 години, таа ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Србија.
Пријателските средби против Србија ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.
Првиот контролен дуел е закажан на 11. октомври со почеток од 14. часот. Втората пресметка ќе се одигра на 13. октомври во 11. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години, Раде Каранфилоски се одлучи да ги повика следните фубалери:
Голмани: Антониј Трајковски (ССК), Павел Грбевски (Вардар)
Одбрана: Ристе Стоилов (Академија Пандев), Матео Кесиќ (Вардар), Елис Жута (Јанг Тим), Стефан Стаматоски (Еврофудбал), Албан Рочи (Јанг Тим), Енвер Фејзуловски (Пелистер), Алекс Започек (Ексцелсиор, Холандија), Мартин Џангаровски (Македонија Ѓ.П.)
Среден ред: Давид Ангелевски (Талент), Лорент Жаку (Јанг Тим), Александар Грашевски (Њу Старс), Матео Каранфилоски (Работнички), Илија Митановски (Вардар), Стефан Бујароски (Еврофудбал), Душан Бојовиќ Заев (Вардар), Бленди Ганиу (Шкупи)
Напад: Иво Марковски (Драчево), Александар Нехтенин (Брегалница), Стефан Бранковски (Триглав, Словенија)
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови

Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз

Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
Спорт
(ВИДЕО) „Бомба“ од слободен удар на Енис Барди носи израмнување на мечот со Казахстан, одиме на победа!

Енис Барди го „матираше“ противничкиот голман на Казахстан. Од слободен удар максимално прецизен и силен донесе израмнување на мечот 1:1 по примениот „несреќен“ гол предмалку од гостите.
Одиме на победа!
Голот ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (20 октомври)
-
Македонија1 ден
МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112
-
Временска прогноза15 часа
Пред нас период на суво време и значително топло
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (21 октомври)
-
Македонија12 часа
Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена
-
Lifestyle14 часа
5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака
-
Lifestyle14 часа
Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие
-
Магазин14 часа
Apple го претстави првиот M5 чип