Свет
Пет милијарди мобилни телефони ќе бидат отфрлени оваа година

Кога би биле наредени еден врз друг, неискористените мобилни телефони би достигнале височина од 50.000 километри, или 100 пати поголема од висината на Меѓународната вселенска станица.
Повеќе од пет милијарди, од проценетите 16 милијарди мобилни телефони во светот, ќе бидат отпишани или фрлени оваа година, процениле експертите и побарале материјалите што ги содржат да се рециклираат, пренесува AFP.
Доколку би биле наредени еден врз друг, неискористените мобилни телефони би достигнале височина од 50.000 километри, или 100 пати поголема од висината на Меѓународната вселенска станица, објави истражувачкиот конзорциум WEEE.
Иако содржат злато, бакар, сребро, паладиум и други компоненти кои можат да се рециклираат, речиси сите овие несакани уреди се оставени, фрлени или изгорени, што предизвикува значителна штета на животната средина и здравјето.
„Мобилните телефони се меѓу електронските производи кои најмногу не загрижуваат“, вели Паскал Лерој, главен извршен директор на WEEE, непрофитна алијанса на организации за управување со електронски отпад.
„Ако не ги рециклираме ретките материјали што ги содржат, ќе мораме да ги ископуваме во земји како Кина и Конго“, изјави Лерој за АФП.
Врвот на ледениот брег
Мобилните телефони на крајот на животот се само врвот на ледениот брег од речиси 45 милиони тони глобален електронски отпад што не се рециклира.
Многу од петте милијарди мобилни телефони кои годинава ќе бидат повлечени од оптек, нема да завршат во ѓубре, туку наместо да завршат во рециклирање, ќе останат заборавени во фиоки, плакари, гаражи, во домовите и деловните објекти.
Според истражувањето спроведено во шест европски земји од септември годинава, просечно европско семејство моментално има околу пет килограми ваков електронски отпад.
Истражувањето покажа дека 46 отсто од домаќинствата чуваат мала електрична и електронска опрема затоа што можеби им е потребна, 15 отсто имаат намера да ја препродаваат, а 13 отсто ја чуваат поради „сентиментална вредност“.
Извезете знаење заедно со отпадот
„Луѓето изгледа не сфаќаат дека овие навидум безначајни објекти имаат голема вредност, а на глобално ниво претставуваат огромна сума“, вели Лерој. „Сепак, електронскиот отпад никогаш нема да се собира доброволно бидејќи трошоците се големи. Затоа законодавството е неопходност“.
Овој месец, Европскиот парламент усвои нов закон со кој се бара еден полнач за сите нови паметни телефони, таблети и камери од 2024 година. Се очекува да заштеди најмалку 200 милиони евра и да го намали е-отпадот за неколку илјади тони секоја година.
Благодарение на законодавството, Европа собира многу повеќе е-отпад отколку што е вообичаено во другите делови на светот. Во Европа се собира од 50 до 55 отсто од електронскиот отпад, а во земјите со помали приходи помалку од пет отсто.
Во исто време, илјадници тони електронски отпад од богатите земји се транспортираат во земјите во развој за рециклирање. Често има недостиг на средства за безбедно отстранување на таквиот отпад, така што опасните материи како жива или пластика може да ја контаминираат почвата, да ја загадат водата или да влезат во синџирот на исхрана.
„Поместевме планини во Европа“, вели Лерој. „Сега мораме да го извеземе тоа знаење во други делови од светот.
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
Свет
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.
Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.
Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.
Свет
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.
Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.
Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.
#ALERTA Se descarriló el Funicular de Lisboa, el Elevador da Glória, que realiza un recorrido por la zona vieja; obligado al viajar a Portugal. Al menos 15 muertos y 18 heridos. Con mas de 100 años de historia, no le daba mantenimiento el municipio. Turistas, muchas víctimas pic.twitter.com/7ou9NYCppb
— Víctor Sánchez Baños (@vsanchezbanos) September 3, 2025
Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.
На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.
Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.
Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.
-
Хроника20 часа
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево22 часа
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Временска прогноза2 дена
Од утре повторно дождливо време, додека на планините и планинските превои не е изклучена можноста за нов снег
-
Македонија17 часа
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија1 час
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи