Здравје и убавина
Останат народен лек со ефикасна содржина како лек за „кашлицата“
Овој напиток може да ја излечи и најкомплицираната кашлица, која не успева да ја излечи современата медицина…
За подготовка на напитокот направете го следново:
Сварете 250 мл млеко. Оставете го малку да се олади. Потоа додадете една лажица путер и една лажица мед. Промешајте и додадете добро изматена жолча од јајце и ¼ лачица сода бикарбона. Ова е многу ефикасен нареден лек не само за кашлица, туку со голем успех лекува и ларингитис, бронхитис и трахеит кај деца и возрасни.
Лекот се зема пред спиење, најмалу 5 дена по ред. За возрасни 1 кафена лажица, а за деца ½ кафена лажица.
Здравје и убавина
Овие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
Високиот крвен притисок (хипертензија) претставува сериозно здравствено состојба која може да доведе до опасни, па дури и фатални последици, како што е срцевиот удар. Еве кои се најчестите причини и како може да се спречи оваа болест.
Многу лица со хипертензија често не чувствуваат никакви симптоми, па затоа лекарите препорачуваат сите лица постари од 40 години редовно да го мерат својот крвен притисок. Дополнително, важно е да се провери дали постои наследна предиспозиција за оваа состојба.
Меѓу најчестите фактори кои придонесуваат за појава на висок крвен притисок се: дијабетес тип 1 или тип 2, прекумерната телесна тежина и исхраната богата со сол.
Покрај тоа, секундарната хипертензија може да се развие како последица на заболување на бубрезите или хормонална нерамнотежа. Експертите советуваат дневниот внес на сол да не надминува 6 грама, да се консумира повеќе свеж зеленчук и овошје, да се одржува редовна физичка активност и да се избегнува алкохол.
Дополнително, се препорачува ограничување на кофеинот, престанување со пушење и обезбедување најмалку шест часа сон секоја ноќ — како клучни чекори за подобро здравје и стабилен крвен притисок.
Здравје и убавина
Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје
Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја кафе или едноставно го прескокнуваме.
Иако на прв поглед изгледа како безначаен пропуст, прескокнувањето на доручекот може да има повеќе последици од само зголемување на телесната тежина или ризик од дијабетес. Постојат и други причини зошто вреди да започнете денот со нешто во стомакот.
Кога не јадете ништо веднаш по будењето, бактериите што се насобрале во усната празнина преку ноќ остануваат активни и токму тие се главните виновници за непријатниот здив. Најдобар начин да ги отстраните не е само четкање на забите, туку и внесување храна што го поттикнува лачењето плунка и ги елиминира овие бактерии.
– „Прескокнувањето на доручекот е една од најштетните навики, бидејќи создава идеални услови бактериите да се размножуваат во устата,“ вели естетскиот стоматолог Мервин Дриан. Ако навистина немате време за класичен доручек како јајца, овес или смути, тогаш барем испијте чаша вода и изедете едно парче овошје.
Дриан предупредува и да се избегнуваат засладени пијалаци и енергетски напитоци, бидејќи големата количина шеќери само им дава дополнителна храна на бактериите и ја влошува ситуацијата.
Здравје и убавина
Треба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
Комбинацијата на редовна физичка активност и балансирана исхрана е најсигурниот пат до намалување на телесната тежина и подобрување на изгледот на телото. Кога ќе воспоставите рутина која ги обединува овие две навики, можете да додадете и неколку едноставни, но ефективни стратегии што ќе ви помогнат побрзо да ја постигнете посакуваната форма и тежина.
1) Јадете само на маса
Доколку имате навика да јадете додека работите на компјутер, гледате телевизија, користите телефон или читате, време е да ја промените таа навика. Истражувања спроведени во Велика Британија покажуваат дека луѓето кои јадат „расеано“ внесуваат повеќе калории не само во текот на оброкот, туку и во остатокот од денот.
Затоа, трудете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги јадете на маса, без други активности околу вас. Фокусот на храната му овозможува на телото подобро да ја регистрира количината што ја внесувате, што пак создава подолготрајно чувство на ситост.
2) Користете помала чинија
Намалувањето на големината на чинијата може да доведе до природно намалување на количината на храна што ја консумирате дури и до 30%. Серверирајте ги оброците во помали садови и ќе го „измамите“ мозокот да се чувствува заситен со помал внес.
3) Спијте доволно
Недостигот на сон директно влијае на апетитот и изборот на храна. Кога сме уморни, организмот бара брза енергија обично во форма на шеќери и рафинирани јаглехидрати. Со доволно сон, полесно ќе ги контролирате желбите за нездрава храна и ќе го одржите метаболизмот во рамнотежа.
4) Осигурете си темна спална соба
Светлината во спалната соба може негативно да влијае на квалитетот на сонот, а со тоа и на процесот на слабеење. Според истражување објавено во American Journal of Epidemiology во 2014 година, жените кои спиеле во потемни простории имале 21% помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
Причината лежи во фактот што светлината го попречува лачењето на мелатонинот хормонот што го регулира сонот. Решението е едноставно: инвестирајте во завеси што целосно ја затемнуваат просторијата или користете маска за очи при спиење.
Заклучок:
Малите, но доследни промени во навиките можат да направат голема разлика. Вежбајте редовно, хранете се свесно, спијте доволно и создајте средина што го поддржува вашиот здрав животен стил.
-
Кичево1 денФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт1 денКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп24 часаХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево4 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (8 ноември)
-
Здравје и убавина4 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
