Здравје и убавина
Овие четири намирници се исто така причина за непријатниот мирис од устата, а сигурно не сте ги знаеле
Сите знаеме од што најчесто е причина за лошиот здив од устата, но истата причина за тој непријатен мирис може да биде и друга храна, па дури и некоја што ја користиме мислејќи дека со неа ја прикриваме „аромата“од устата.
1. Алкохол
Алкохолот делува како диуретик, што значи дека го зголемува излачувањето на течности од организмот, од што често последица е дехидрирањето. Тоа се случува во нашата уста, односно по неколку испиени чаши устата ни станува сува и со непријатен мирис, затоа што алкохолот го спречува создавањето на плунка во устата. Без плунка остануваме без ензимите кои ги разградуваат лошите бактерии во усната шуплина, а нивното забрзано размножување предизвикува лош здив. Затоа пијте една чаша вода по секоја испиена чаша алкохол.
2. Гуми за џвакање со вкус на ментол
Судејки според рекламите производите на база на ментол се единствените чудотворци кои не водат до свежиот здив. Факт е дека ментолот ја освежува устата, но тој за неколку минути испарува и го снемува, па устата станува неподносливо миризлива. Причината за тоа се скриените шеќери, кои предизвикуваат лоши бактерии во устата кога доаѓаат во контакт со сулфурот, а сулфурот е главниот виновник за лошиот здив. Затоа наместо купени освежувачи користете природни.
3. Црвено месо
Исхраната богата со протеини најчесто резултира со лош здив. Таа појава настанува затоа што организмот не може да преработи голема количина на протеини, а последицата е бавно разградување во цревата, после што токсините како што се амонијакот ги има низ цело тело и тие всушност испаруваат низ устата.
4. Суво овошје
Сувото овошје не само што е преполно со шеќери кои се погодни за равој на бактерии, туку и изобилува со влакна од целулоза, кои остануваат меѓу забите и го насобираат шеќерот. За да ги отстраните влакната пред да се натрупаат бактериите, задолжително користете конец за чистење заби.
Здравје и убавина
Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје
Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја кафе или едноставно го прескокнуваме.
Иако на прв поглед изгледа како безначаен пропуст, прескокнувањето на доручекот може да има повеќе последици од само зголемување на телесната тежина или ризик од дијабетес. Постојат и други причини зошто вреди да започнете денот со нешто во стомакот.
Кога не јадете ништо веднаш по будењето, бактериите што се насобрале во усната празнина преку ноќ остануваат активни и токму тие се главните виновници за непријатниот здив. Најдобар начин да ги отстраните не е само четкање на забите, туку и внесување храна што го поттикнува лачењето плунка и ги елиминира овие бактерии.
– „Прескокнувањето на доручекот е една од најштетните навики, бидејќи создава идеални услови бактериите да се размножуваат во устата,“ вели естетскиот стоматолог Мервин Дриан. Ако навистина немате време за класичен доручек како јајца, овес или смути, тогаш барем испијте чаша вода и изедете едно парче овошје.
Дриан предупредува и да се избегнуваат засладени пијалаци и енергетски напитоци, бидејќи големата количина шеќери само им дава дополнителна храна на бактериите и ја влошува ситуацијата.
Здравје и убавина
Треба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема
Комбинацијата на редовна физичка активност и балансирана исхрана е најсигурниот пат до намалување на телесната тежина и подобрување на изгледот на телото. Кога ќе воспоставите рутина која ги обединува овие две навики, можете да додадете и неколку едноставни, но ефективни стратегии што ќе ви помогнат побрзо да ја постигнете посакуваната форма и тежина.
1) Јадете само на маса
Доколку имате навика да јадете додека работите на компјутер, гледате телевизија, користите телефон или читате, време е да ја промените таа навика. Истражувања спроведени во Велика Британија покажуваат дека луѓето кои јадат „расеано“ внесуваат повеќе калории не само во текот на оброкот, туку и во остатокот од денот.
Затоа, трудете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги јадете на маса, без други активности околу вас. Фокусот на храната му овозможува на телото подобро да ја регистрира количината што ја внесувате, што пак создава подолготрајно чувство на ситост.
2) Користете помала чинија
Намалувањето на големината на чинијата може да доведе до природно намалување на количината на храна што ја консумирате дури и до 30%. Серверирајте ги оброците во помали садови и ќе го „измамите“ мозокот да се чувствува заситен со помал внес.
3) Спијте доволно
Недостигот на сон директно влијае на апетитот и изборот на храна. Кога сме уморни, организмот бара брза енергија обично во форма на шеќери и рафинирани јаглехидрати. Со доволно сон, полесно ќе ги контролирате желбите за нездрава храна и ќе го одржите метаболизмот во рамнотежа.
4) Осигурете си темна спална соба
Светлината во спалната соба може негативно да влијае на квалитетот на сонот, а со тоа и на процесот на слабеење. Според истражување објавено во American Journal of Epidemiology во 2014 година, жените кои спиеле во потемни простории имале 21% помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
Причината лежи во фактот што светлината го попречува лачењето на мелатонинот хормонот што го регулира сонот. Решението е едноставно: инвестирајте во завеси што целосно ја затемнуваат просторијата или користете маска за очи при спиење.
Заклучок:
Малите, но доследни промени во навиките можат да направат голема разлика. Вежбајте редовно, хранете се свесно, спијте доволно и создајте средина што го поддржува вашиот здрав животен стил.
Здравје и убавина
Пијалокот „Ракија“ може да лекува, еве десет значајни случувања кои може ракијата позитивно да дејствува врз нив
На Балканот, каде тврдокорноста е дел од секојдневието, ракијата не е само пијалок што ја придружува добрата трпеза и веселите моменти. Таа има и почесно место во народната медицина. Од дамнина се верува дека „една чашка ракија“ може да излечи сè од болки во стомак до ревматизам. Пренесувана од колено на колено, оваа вера опстанала до денес, иако треба да се има на ум дека ракијата содржи висок процент на алкохол и со неа мора да се постапува внимателно.
Во умерени количини, овој природен еликсир навистина може да помогне при различни тегоби. Еве неколку ситуации во кои народот најчесто ја користи:
1. Болки во желудникот
Ако сте се прејале со мрсна храна и желудникот ве мачи, мала чашка лозова, сливова или треварица може брзо да го смири непријатното чувство и да ја олесни варењето.
2. Забоболка
Наместо таблети, некои се колнат во народниот лек ракија директно на болниот заб. Земете голтка, задржете ја десетина секунди околу забот и исплукајте. Постапката може да се повтори неколку пати, но без претерување за да не се надразни непцето.
3. Воспалено грло
Ако воспалението е бактериско, комбинацијата на ракија и неколку капки прополис може да го дезинфицира грлото. Добар додаток е и топол билен чај во кој ќе ставите две-три лажички ракија.
4. Болки во грбот
Масажата со ракија, особено со комовица, помага да се намали болката во мускулите и да се подобри циркулацијата. Доволно е неколку капки да се втријат во болното место неколку пати во текот на денот.
5. Вкочанет врат
Иста постапка како кај болниот грб малку ракија, масажа и топлина за полесно движење.
6. Ревматизам и артритис
Кај луѓето кои страдаат од артритис, масирањето со ракија може да ја ублажи болката во зглобовите и да го намали воспалението.
7. Отоци и воспаленија
Благото ладење што го предизвикува ракијата може да помогне при отоци. Натопете крпа во ракија, нанесете ја на погоденото место неколку секунди, па тргнете ја и повторете ја постапката повеќе пати.
8. Лоша циркулација
Не е чудно што многу баби и дедовци ја започнуваат утрината со едно мало чаше ракија, таа ја поттикнува циркулацијата и го „раздвижува“ телото.
9. Уринарни проблеми
Комбинацијата на ракија и магдонос традиционално се користи како природен лек против бактериски инфекции на уринарниот тракт.
10. Мачнина при возење
Народен совет гласи дека голтка ракија може да ја намали мачнината при возење но овој совет НЕ се однесува на малолетници ниту на возачи.
Иако ракијата може да помогне во олеснување на некои симптоми, таа не е трајно решение. Откако ќе помине тегобата, најдобро е да се консултирате со лекар за вистински третман. Ракијата може да биде добар сојузник но само ако ја користите со мерка и мудрост.
-
Хороскоп1 денХороскоп за среда (5 ноември)
-
Хроника2 денаД-р Лазаров: Страшна и трагична сообраќајка на Плетвар, внимавајте по патиштата луѓе, две лица загинаа, другите се борат за живот
-
Lifestyle2 денаКако брзо да го отпушите одводот без хемикалии: трик со топла вода и течност за садови
-
Социјални мрежи20 часаВнимавајте, се шири „спам“ порака преку „Viber“, не одговарајте на пораката, бидејќи може да бидете измамени
-
Кичево2 денаВечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
-
Хороскоп11 часаХороскоп за четврток (6 ноември)
-
Магазин2 денаApple Maps наскоро ќе прикажува реклами – нов начин на монетизација
-
Спорт2 денаВо „Лига Ц“, Унгарија, Азербејџан и Андора се противниците на Македонската женска фудбалска репрезентација за квалификациите за светското првенство во Бразил
