Магазин
Од нула до 100 за само девет минути!

Со текот на годините видовме дека брзината на полнење на телефоните се зголемува. Порано беше нормално да се полни телефонот неколку часа, па затоа беа воведени телефони со брзи полначи кои го намалија тоа време на под еден час. Потоа дојдоа супер брзите полначи, кои ја завршија работата за 30 или дури 15 минути… Xiaomi успеа да постигне уште подобар резултат со штотуку лансираната серија Redmi note 12.
Redmi Note 12 Discovery Edition постави нов рекорд на брзина на полнење, на кој му се потребни само девет минути за полнење на батеријата од 4.300 mAH од 0 до 100 проценти! За да се постигне ова, се користи полнач HyperCharge од 210 W, а процесот е контролиран од три чипови за брзо полнење од 100 W.
Инаку, телефонот има процесор од средна класа MediaTek Dimensity 1080, 8 GB RAM и 256 GB простор за податоци. Доаѓа со 6,67-инчен OLED екран со резолуција од 1.080 x 2.400 пиксели и брзина на освежување од 120 Hz. Главната камера е со резолуција од 200 MP (го користи новиот HPX сензор на Samsung), а до неа се имплементирани ултра широка камера од 8 MP и макро камера од 2 MP, додека на предната страна е поставена селфи камера од 16 MP.
Телефонот има слот за две SIM картички, два звучници, аудио излез од 3,5 мм, сензор за отпечатоци на копчето за вклучување, NFC и инфрацрвен предавател (за да може да се користи како универзален далечински управувач), а се базира на Android 12 OS . Почетокот на продажбата на овој телефон (на глобално ниво) се очекува на почетокот на ноември, а неговата цена ќе изнесува околу 350 долари.
Извор: Engadget
Магазин
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос

Болоњезе сос е едно од најпознатите јадења во светот, но вистинската тајна на неговиот вкус лежи во традицијата на градот Болоња. Ова кулинарско богатство, познато како рагу ала болоњезе, се подготвува со векови и претставува симбол на италијанската гастрономија.
За разлика од верзиите што често се подготвуваат надвор од Италија, оригиналниот болоњезе сос не се прави брзо, туку полека и со трпение. Главните состојки се мелено говедско и свинско месо, зеленчук (кромид, морков и целер), панчета, бело вино, млеко и малку домати. Она што го прави посебен е долгото варење на ниска температура – најмалку два до три часа – кое создава густ, кремаст и богат сос.
Иако денес многумина го служат со шпагети, италијанските готвачи препорачуваат таљателе, широки тестенини кои совршено ја впиваат аромата на сосот.
Како се готви вистински болоњезе сос?
Подготовката започнува со пржење на ситно исечкан зеленчук на тивок оган, додека не омекне. Потоа се додава панчетата за да ја ослободи својата арома, па меленото месо кое се пржи додека не ја смени бојата. Следува белото вино кое целосно треба да испари, а потоа се додаваат доматите, млекото и малку морско оревче. Од овој момент започнува најважниот дел – бавното варење.
„Тајната на болоњезе сосот е трпението,“ велат готвачите од Болоња. Долгото готвење му дава длабочина на вкусот и го претвора во сос каков што со векови ја освојува Италија и светот.
Болоњезе сос – повеќе од рецепт
Ова јадење не е само уште една комбинација на состојки, туку културно наследство кое ја претставува италијанската љубов кон храната. Вистинскиот болоњезе е доказ дека за добар вкус е потребно време, внимание и посветеност.
Извор: City Magazin
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 септември)

Овен
Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака.
Можно е да имате трема пред средбата со личност која многу ви значи. Имате впечаток дека таа е вашата сродна душа.
Исцрпени сте.
Бик
Можете да се потпрете на своите колеги. Денешниот ден е многу поволен за работа.
Ако сте слободни, можете да очекувате ново познанство кое во вашиот живот ќе донесе среќа.
Имате проблеми со циркулацијата.
Близнаци
Можно е да не добивате поддршка онака како што очекувате и да морате да ги менувате плановите врзани за работата.
Ве очекува интересно познанство на љубовен план. Пред вас е фаза која е поволна за почеток на нова врска.
Можни се проблеми со зглобовите.
Рак
Можни се недоразбирања со надредените. Потрудете се да на ги комплицирате работите многу.
Запознавате интересна личност овие денови која покажува голем интерес за вас. Денот е поволен за флерт.
Можни се проблеми со алергиите.
Лав
Немојте да очекувате премногу бидејќи денешниот ден не е претерано поволен. Пуштете ги работите по својот природен тек.
Не се сложувате најдобро со саканата личност. Сепак, избегнувајте ги кавгите.
Лош метаболизам.
Девица
Имавте некои поголеми трошоци, но успеавте да ги избалансирате. Горди сте на себеси.
Често мислите на личноста која ви значи.
Намалете го алкохолот.
Вага
Ситуацијата на работа во голема мера зависи од ставот кој ќе го заземете. Потрудете се да се поставите зрело и одговорно.
Добро се чувствувате покрај саканата личност. Ве очекува фаза во која вашата врска ќе напредува.
Ве очекува мал пад на енергијата.
Шкорпија
Можете да очекувате позитивен став од колегите. Работите ви одат од рака и задоволни сте.
Денес ве очекува интересна и возбудлива ситуација со личноста која ја сакате. Ќе се зближите повеќе.
Потрудете се да вежбате.
Стрелец
Ве очекува поволен ден за почеток на нова работа и нови соработки.
Добивате внимание од личност за која подолго сте заинтересирани. Можно е конечно да сте подготвени за љубовна врска.
Стомакот ви е чувствителен.
Јарец
Можете да сметате на стабилна ситуација кога станува збор за работата. Работите ви одат од рака.
Лесно ги покажувате своите чувства и добро се сложувате со брачниот партнер. Задоволни сте со тоа што го имате.
Здравјето е одлично.
Водолија
Ќе бидете добро расположени и мотивирани за работа.
И верувате на личноста која сте ја избрале и сметате дека ве очекува светла иднина.
Можете да очекувате одлична состојба.
Риби
Ако сакате промена на професионален план, ќе треба да се потрудите за тоа.
На прво место ви е односот со саканата личност. Тежнеете кон стабилност.
Низок притисок.
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево10 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија2 дена
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Временска прогноза2 дена
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Спорт1 ден
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Социјални мрежи1 ден
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси