Кичево
Известување од кичевската црква „Св.Петар и Павле“ по повод Митровденската задушница
Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 04.11.2022 година (петок) ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево во 14⁰⁰ часот, а на 05.11.2022 година (сабота), кога е самиот ден Задушница почнувајќи од 08⁰⁰ часот свештениците ќе ги посетат и старите и новите градски гробишта.
Поради тоа, сите оние кои сакаат да направат помен за своите упокоени, во петок да донесат варена пченица (коливо), вино и лепче во храмот (истото важи и за оние кои ќе бидат молитвено на гробиштата во сабота).
Сакаме да напоменеме: Задушница е ден за спомнување на сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во воскресението. Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во молитвите, а тука спаѓаат: некрстени, отпадници од православната вера, јавни Божји хулители и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од Патот, Вистината и Животот (Јован 14,6), па не се спомнуваат на црковните служби.
Исто така, храната којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е “за да се најде”, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим. 14,17).
Нека Човекољубивиот и Милостив Бог ги спомне нашите ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение, во Своето Царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!
/Кичевска парохија
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме информација од организаторите на оваа величевствена манифестација која ќе трае од 2-ри јануари до 11-ти јануари, со исклучок на најголемите христијански празници Бадник и Божиќ.
Од она што сигурно се знае, оваа година распоредот ќе биде доста по комплетен за разлика од претходно, имено метежот до вашите сакани намирници нема да го има.
Влезот на просторот каде ќе се одржува Базарот ќе ве пречека гламурозна импровизирана и украсена Порта која ќе даде посебна магија на новогодишните и божиќните празници.
Покрај тоа, исто така и оваа година градскиот плоштад ќе ја краси најубавата 🎄 елка и најубавиот Божиќен украс „Витлеемската Пештера“ украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања и богата трпеза, истакнаа организаторите преку нашиот медиум.
Повеќе информации околу базарот имавме објавено пред околу еден месец ТУКА
-
Кичево7 часаВчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
-
Хороскоп2 денаХороскоп за четврток (11 декември)
-
Кичево11 часаФинишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа
-
Хороскоп22 часаХороскоп за петок (12 декември)
-
Временска прогноза1 денСнег нема ни на повидок, продолжува периодот под влијание на Антициклон во Македонија
-
Македонија1 денПриведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето
-
Магазин1 денГрешка што многумина ја прават: Лошите навики при полнење ја уништуваат батеријата на телефонот
-
Lifestyle1 денБез оцет, без сода бикарбона: Оваа евтина состојка навистина го отпушува мијалникот



