Следете не

Временска прогноза

Метео вести: Следните два дена снег на 1600 м.н.в, градовите ќе почекаат за снежна белина

Објавено пред

на

Архива 2020г @porta.mk

Според последните анализи кој ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, ниските места (градовите) сигурно нема да ја добијат првата снежна покривка за оваа сезона до крајот на овој месец. Температурите и понатаму ќе продолжат да бидат барем малку над просекот за овој дел од годината.

Токму ова е поради МНОГУ АКТИВНАТА Атмосфера над Атлантскиот океан. Таму се содаваат МОЌНИ Циклонски системи каде воздушниот притисок во центарот на истите опаѓа дури и под 965 htp. Се тоа ја турка топлината од Африка кон Европскиот Континент и Балканот, а со тоа и кон Македонија. Се додека Атмосферата над Атлантикот не се смири, кај нас зима и поголемо заладување нема!

Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Се надеваме дека ќе има некоја промена на временската состојба па така и да се надеваме дека до крајот на овој месец ќе го добиеме првиот снег во градовите низ Македонија. Исто така ако не дојде до промена на нумеричките модели, маглата и ниската облачност до крајот на месецов ќе биде честа појава во регионот, но и кај нас во Македонија.

Инаку утре навечер и во текот на ноќта кон сабота, како и во сабота во Македонија следува брза промена на временската состојба, проследена со засилен ветер од северен и од североисточен правец и тоа најизразен Долж Повардарието. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините над 1600 м.н.в ќе има повремени врнежи од СНЕГ. Температурите во сабота ќе опаднат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Наутро пак температурите и тоа особено од недела понекаде, и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат под нулата.

Од недела следува нов период на стабилно и суво време, но повторно по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

За порта.мк пишува метеорологот од Струга, г-дин Славчо Попоски.

Временска прогноза

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Jason Miller

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември) во Македонија времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои повремено и тоа особено во западните и во јужните предели ќе бидат обилни и во овие предели на повеќе места ќе наврнат над 30 литри дожд, локално и над 50 литри дожд.

Во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и во делови од котлината ќе наврнат над 25 литри дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

На високите планини над 1800/1900 метри надморска височина повремно врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Што се однесува до температурите тие наутро насекаде ќе бидат над нулата а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу или малку над 10 степени, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).

На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.

Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Yevhenii Dubrovskyi

Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.

И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.

Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од  7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавина2 часа

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за четврток (4 декември)

ОВЕН Овен, препуштете се на струјата, оставете идеите за пливање против неа за некои денови кога ќе имате повеќе енергија...

Спорт20 часа

Благоја Милевски се заблагодари на сите досегашни претседатели на ФФМ, сите наши фудбалери, стручен штаб, медицински лица и логистика

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски на кој му заврши договорот како предводник на македонската селекција, преку ФФМ истакна...

Кичево24 часа

Јовановски: „Ние во Кичево не можеме да исчистиме толку брзо колку што некои несовесни граѓани можат да расфрлаат ѓубре“

Предмалку градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски соопшти фрапантен податок кој несомнено тоа го гледаме и со сопствени очи....

Култура1 ден

Утре е голем празник, помолете се за здравје, на врата ни е „Пресвета Богородица Пречиста“, на помош слава, за многу години!

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка...

Временска прогноза1 ден

Дождот продолжува, на планините кои се над одредена надморска височина ќе се формира снежна покривка

Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови до недела (7 декември)...

Технологија1 ден

„Sony“ го лансира најновиот супер моќен продукт „Sony A7 V“, опремен со нов сензор и „partial stacked“ архитектура

На пазарот излегува супер моќниот „Sony a7 V“, кој претставува напреден хибриден фотоапарат насочен кон ентузијасти и полупрофесионалци, опремен со...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (3 декември)

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

Македонија2 дена

Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција

АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот...

Македонија2 дена

РЦ „Запад“ и СВР Охрид на охридскиот аеродром учествуваа на симулирана показна вежба „Воздухоплов со запален мотор на полетување“

Денеска, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со...

НАЈЧИТАНИ