Временска прогноза
(ФОТО) Превој Стража под снег, моментална состојба

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, денес и во четврток времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во четврток и тоа во јужните и во југоисточните предели каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.
На местата со надморска височина од 1200 метри па нагоре ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, додека на повисоките планини истата ќе се зголеми.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено утре.
Во Скопје исто така се очекуваат нови повремени врнежи од дожд.
Минималните температури ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради облачното и врнежливо време, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.
Потоа во петок и во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, додека во недела повторно ќе има повремени врнежи од дожд и тоа од локален карактер. Снег ќе врне само на високите планини а ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој ќе услови малку повисоки температури на воздухот, односно температурите во недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.
НАПОМЕНА: Денес и задутре поради ниските температури, снежната граница понекаде можно е да се спушти и под 1000 м.н.в, со што услови за врнежи од дожд и од снег или од мокар снег ќе има и во повисоките населени места, за порта пишува Славчо Попоски.
Фотографијата е од нашата екипа која моментално е на терен. Доколку движите преку овој превој и доколку продолжи снегот со овој интензитет задолжително имајте зимски пневматици и понесете зимска опрема, која патем е и задолжителна од 15 ноември.
Имајте безбедни патишта!
Временска прогноза
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември.
– Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден топол бран од Африка кој ќе донесе температури од над 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминуваат 35 степени.
Потоа повторно очекувам освежување на времето со умерено високи температури на воздухот.
Што се однесува пак до врнежите во текот на месец септември, тие во нашиот дел од Европа ќе бидат потпросечни, односно ќе имаме нешто помалку врнежи од просекот за септември. Сепак, и покрај ова секако ќе има повремени продори на влажни и нестабилни воздушни маси кои би донесле повремени поројни врнежи, грмежи, ветер а и можност за локална појава на невреме.
Што се однесува до најголем дел од Европа, септември месец ќе биде натпросечно топол, со повеќе и почести врнежи во северните и во северозападните предели од Европскиот Континент.
Се на сè, слободно можам да кажам дека доколку планирате одмор во септември како во нашите туристички места, така и во туристичките дестинации во регионот слободно тоа да го направите, поради тоа што летото ќе ни продолжи и ќе го имаме и во септември месец, нормално со по умерени температури на воздухот, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Западните предели променливо облачно со засилен ветер и пороен дожд

Под влијание на атмосферски фронт кој се спушта преку алпскиот регион и носи значително посвеж воздух, денес и утре (петок и сабота 22/23 август) времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно, локално и тоа особено во западните предели и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
– Особено до крајот на денешниот ден (петок 22 август) ќе дува засилен, повремено силен ветер претежно од западен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Можна е и појава на локално невреме, па токму поради ова, особено поради очекуваниот силен ветер апелирам граѓаните да обратат внимание каде се движат, особено да обратат внимание на своите автомобили, тоа значи поради очекуваниот силен ветер да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се стари и осамени.
И во Скопје и околината ќе дува засилен, повремено силен ветер од западен правец (во делови од котлината повремено и локално со брзина од над 60/65 км/час).
Утре (сабота 23 август) температурите ќе бидат пониски за 5 до 7 степени во споредба од оние кои ги имавме до вчера а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.
Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, а утре (сабота 23 август) тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно

Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, односно од Африка, до петок (22 август) времето во Република Македонија ќе биде сончево и значително топло со појава на мала локална облачност а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен, а во петок (22 август) претежно од западен правец.
– Во петок (22 август) ќе има и појава на умерена локална облачност а ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 37 степени.
Поради јужното и југозападното воздушно струење, во петок (22 август) над Македонија ќе биде присутна Сахарска прашина и песок, со што атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.
За време на викендот (сабота и недела 23/24 август) поради продор на посвежа воздушна маса од север температурите позначително ќе се намалат а ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Исто така за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, истакна Славчо Попоски.
-
Кичево2 дена
Кичево: Најавени градежни работи кон месност Крушино, за тоа време ќе има времен прекин на сообраќај
-
Кичево1 час
Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (24 август)
-
Хороскоп11 часа
Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски со нова метео анализа, септември надпросечно топол
-
Хроника2 дена
Уште една трагедија на македонските патишта, загина украинец пешак, го удрил жител на Косово од Германија
-
Lifestyle2 дена
Како да ја направите вашата орхидеја да расцвета: 4 корисни совети
-
Спорт2 дена
Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови