Следете не

Занимливости

Предмалку „7-ца“ падна на тикет кој е уплатен во Кичево, среќниот добитник доби пола милион евра

Објавено пред

на

Вечерва падна рекордната седмица на лото од Државна Лотарија во Кичево, која изнесува неверојатни 32.921.304 денари или околу 500.000 евра. Според досегашните информации ливчето било уплатено во објект „Детелинка“ во Кичево со комбинација која гласи 2,10,11,12,24,36,37

Инаку иако не е потврдено дали среќниот добитник е жител на град Кичево, кичевчани од секогаш ги играат најдобрите игри на среќа, и се закитуваат со вредни награди, во 2019-та година најсреќен од Кичево беше Зоран Митаноски кој освои 200.000 евра, како и семејство лани од Кичево кои исто така од ова продажно место Детелинка изгребаа инстант лоз во играта „Доме, сладок доме“ и добија стан во Скопје со големина од 59 квадрати со гаража.

Кој и да е добитник, од нашиот портал упатуваме честитки!

Занимливости

Мрсната коса бара секојдневна грижа и одржување

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Tim Mossholder

Брзото мрсење на косата е чест и непријатен проблем што им создава грижи на многумина. Одржувањето на ваквата коса често знае да биде вистински предизвик. Иако на пазарот има бројни производи наменети за мрсна коса, не секој делува исто кај сите. Затоа, домашниот шампон може да биде едноставно и природно решение за оние кои сакаат да ја намалат мрснотијата и повторно да ѝ го вратат здравиот изглед на својата коса.

Со редовна употреба на овој природен шампон, косата ќе се масти поретко и ќе изгледа посјајна и свежа.

Рецепт:
Измешајте сода бикарбона и вода во сооднос 1:3, односно на една мерка сода додадете три мерки вода.
На пример, за коса до рамена доволни се две до три кафени лажички сода бикарбона.

Смесата нанесете ја на сува или влажна коса, почнувајќи од коренот кон врвовите, и оставете да делува една до две минути. Потоа добро исперете со вода.

Потоа подгответе раствор од оцет (вински или алкохолен) и вода во однос 1:4. За поблаг мирис, може да додадете неколку капки етерично масло по ваш избор. Со оваа смеса исплакнете ја косата, а потоа повторно исперете со вода.

По ваквата нега, косата ќе биде чиста, мека и ќе има природен сјај.

/taratur

Прочитај повеќе...

Занимливости

„Астероидот 2025 PM“ безбедно прелета покрај Земјата

Објавено пред

на

ФОТО: ActionVance @ Unsplash.com

Астероидот кој беше откриен годинава, безбедно прелета покрај Земјата на растојание од околу еден милион километри — што е над два и пол пати подалеку од оддалеченоста на Месечината.

Според Лабораторијата за сончева астрономија при IKI RAN, најновите набљудувања овозможија попрецизно да се утврдат неговите димензии. Се покажало дека астероидот има дијаметар од приближно 53 метри, што е малку повеќе од првичните проценки. Неговата орбита е темелно проучена и не постои ризик од судир со Земјата.

Минувањето се случи денеска во 11:03 часот по средноевропско време, точно како што беше предвидено.

Во втората половина на септември се очекува уште едно блиско прелетување: астероидот 2025 FA22, со дијаметар од околу 200 метри, ќе помине на слична оддалеченост од околу еден милион километри. Иако не претставува непосредна закана, астрономите внимателно го следат поради неговата големина, со што тој се вбројува меѓу потенцијално опасните објекти, пишуваат светските медиуми.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Во Македонија возиме драстично поевтино гориво за разлика од соседството?

Објавено пред

на

©porta.mk

Во следната недела во соседна Србија, цената на дизелот ќе биде пониска, имено литар еуродизел чини 192 динари, додека цената на бензинот е 178 динари. Во наша валута на македонски денари, тоа значи дека во Србија литар дизел до следниот петок ќе се продава за 101 денар, додека бензинот 93,50 денари.

Ако го споредиме со износите од минатата недела, еуродизелот поевтини за еден динар, додека цената на литар бензин остана иста.

Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта малку се зголеми на 66.839 долари, а цената на нафтата Брент падна на 66.546 долари.

Кај нас моменталната цена на еуродизелот е 68,50 ден/лит, додека бензинот (95 октани) на малопродажните објекти се продава за 74,50 ден/лит, а (98 октани) за 76,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили6 часа

Германија очекува огромен скок: Еве колку нови електрични автомобили ќе пристигнат во 2026 година

Германија во 2026 година ќе забележи значителен раст на електричната мобилност. Според проценките на Националното здружение на автомобилската индустрија (VDA),...

Фото: Gurth Bramall @ unsplash Фото: Gurth Bramall @ unsplash
Lifestyle6 часа

Зошто тенџерињата и тавите стануваат лепливи дури и по миењето? Еве ја вистинската причина

Веројатно ви се случило многу пати: вадите свежо измиена тава од шкаф, а под прстите повторно го чувствувате оној непријатен...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин6 часа

Samsung Galaxy телефоните добиваат нов модерен „Liquid Glass“ редизајн на почетокот на следната година

Samsung One UI 8.5 пристигнува со освежен изглед инспириран од стилот на Liquid Glass интерфејсот на Apple — со позаоблени...

Фото: Azamat E @ unsplash Фото: Azamat E @ unsplash
Магазин6 часа

YouTube го уредува фидот на почетната страница

• Пронаоѓањето видео на YouTube што навистина одговара на вашите интереси често знае да биде предизвик. Платформата го препозна ова...

Технологија7 часа

„Google Maps“ воведува новитет за своите корисници, автоматски ќе ја препознава локацијата каде сте го оставиле возилото на паркинг

Google Maps воведува новитет кој, за почеток само на iOS, автоматски ја препознава локацијата каде што сте го оставиле автомобилот...

Македонија8 часа

ОВР Кочани поднесе кривична за ВД директорка на детска градинка, времено вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј. Е.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за среда (10 декември)

ОВЕН Не се прикажува? ( Повеќе инфо ) Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое...

Македонија24 часа

На Јован сме му потребни за операција на окото, да дадеме хуманитарна помош со телефонски повик веднаш!

Јован Блажевски има потреба од нашата помош, затоа сите заедно да помогнеме и да ја собереме потребната сума на пари...

Македонија1 ден

Ново намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин1 ден

Доаѓа ново големо ажурирање за Windows 11 — еве ги сите новости

• Мајкрософт ја продолжува стратегијата за 2025 година, која ја нарече „година на освежување на компјутерите со Windows 11“. Целта...

НАЈЧИТАНИ