Следете не

Спорт

(ФОТО) Реализиран фестивал за девојчиња во четири градови под мотото „Ајде на фудбал“, со цел популаризација и развој на женскиот фудбал кај нас

Објавено пред

на

©ФФМ

ФФМ во соработка со општинските фудбалски сојузи во периодот од 21 до 25 ноември организираше фудбалски фестивал за девојчиња до 14 години под мотото „Ајде на фудбал“ во Кочани, Тетово, Струга и Битола.

На фудбалските фестивали учество земаа над 300 девојчиња од младинските школи на женските фудбалски клубови и основните училишта од градовите домаќини. Фудбалската федерација на Македонија за сите учесници на фудбалскиот фестивал обезбеди комплет фудбалска опрема.

Фудбалските фестивали ќе продолжат да се организираат и во иднина низ сите градови, со цел популаризација и развој на женскиот фудбал во нашата земја. Фудбалската федерација на Македонија е максимално посветена на зајакнување на сите жени и девојки кои живеат во Македонија да се занимаваат со фудбал, да ги следат своите соништа и да го исполнат својот потенцијал.

Галерија од настанот:

Спорт

ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Објавено пред

на

©porta.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10) меѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери насилно влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи.

ФФМ најавува дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, а надлежните органи ќе преземат соодветни мерки за сторителите на овој срамен чин. Целта е вакво недолично и опасно однесување никогаш повеќе да не се повтори. Таквото однесување е крајно недозволиво и претставува сериозно нарушување на спортскиот дух, фер-плеј принципите и безбедноста на младите спортисти. Загрижувачки е што едно дете претрпе тешки повреди, меѓу кои и скршеници, како директна последица од нападот.

Федерацијата уште еднаш потсетува дека секоја форма на насилство на спортските терени е апсолутно недозволива и ќе биде најстрого санкционирана. За насилство – без разлика од кого и на кое ниво – компромис не постои.

Нашата заедничка обврска е да обезбедиме безбедна, здравствено сигурна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери, соопшти во своето интегрално известување ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Harlie Raethel

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката Балатон Парк. Маркез ја помина целната линија со време од 42:37,68, обезбедувајќи ја својата 98-ма победа во кариерата во сите класи на Мото ГП шампионатот. Овој триумф во Унгарија воедно е и негов десетти во тековната сезона во „кралската класа“.

На второто место заврши Педро Акоста, исто така од Шпанија, кој вози за тимот на Ред Бул, со заостанување од 4,314 секунди зад Маркез. Италијанецот Марко Бечеки, возач на Априлија, се пласираше трет, со заостаток од 7,488 секунди.

Во генералниот пласман, Марк Маркез води убедливо со 455 поени, пред неговиот брат Алекс Маркез од тимот Гресини Рејсинг, кој има освоено 280 поени.

Следната трка од календарот на Мото ГП ќе се одржи на 7 септември, кога ќе се вози Големата награда на Каталонија.

Прочитај повеќе...

Спорт

Роналдо стана единствен фудбалер во историјата кој постигнал најмалку 100 голови во четири различни клубови

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Nav _eex

Кристијано Роналдо (40) зад себе има импресивна голгетерска кариера – 450 голови за Реал Мадрид, 145 за Манчестер Јунајтед и 101 за Јувентус, пред неодамна да го постигне и својот 100-ти погодок во дресот на Ал Наср, клуб на кој му се приклучи во декември 2022 година.

Со тоа, Роналдо стана единствениот фудбалер во историјата што постигнал најмалку 100 голови за четири различни клуба. Досега, само Исидро Лангара, Ромарио и Нејмар имаат по 100 голови за три клуба.

Јубилејниот 100-ти гол за Ал Наср Роналдо го постигна во финалето на Саудискиот Суперкуп против Ал Ахли, реализирајќи пенал во 40-тата минута. Натпреварот заврши 2-2 во регуларното време, а иако Португалецот беше прецизен и во пенал-серијата, Ал Ахли славеше со 5-3 и го освои трофејот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево2 часа

(ФОТО) Денес официјално промовиран првиот „Млекомат“ во Кичево, каде присуствуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и Лазар Неданоски од МРФП

Со поддршка од Европската Унија, преку проектот „АгроСмарт“ кој се реализира од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во соработка...

Македонија2 часа

МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар

На 24.8.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 11:40 часот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на...

Автомобили3 часа

РКЕ: Од полноќ поскапуваат горивата, ова е новата цена за литар источено гориво на малопродажните објекти

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија4 часа

Се вози брзо: Во изминатото деноноќие лишени од слобода пет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

На 24.08.2025 во 17:58 часот на автопатот Скопје-Тетово, на место викано „Студена вода“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле...

Автомобили4 часа

Рекорден број автомобили во Германија – нови податоци за моторизацијата

На почетокот на годината, Германија забележа рекорден број на регистрирани патнички автомобили. Според податоците на германскиот завод за статистика Destatis,...

Спорт5 часа

ФФМ со најостра осуда за немилиот настан кој се случи на мечот помеѓу ФК Шкупи и ФК Брегалница

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда реагира на инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските...

Кичево6 часа

Утрово на бул. „Ослободување“ во Кичево од автомобил бил удрен повозрасен пешак, веднаш интервенирала екипа на Брза Помош

Утрово нешто по 07:20ч во Кичево на бул. „Ослободување“ се случил немил настан, имено автомобил удрил повозрасен пешак. Увид на...

На денешен ден8 часа

Времеплов: На денешен ден (25 август)

1530 – Роден е рускиот цар Иван IV Василевич, познат како Иван Грозни. Тој го добил прекарот поради суровоста со...

Хороскоп17 часа

Дневен Хороскоп за понеделник (25 август)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Спорт18 часа

Маркез доминираше денес за големата награда на Унгарија на уникатната патека „Балатон Парк“

Шпанецот Марк Маркез, возач на Дукати, извојува убедлива победа на денешната трка за Големата награда на Унгарија, возена на патеката...

НАЈЧИТАНИ