Спорт
Решавачки меч за нашите соседи Србија вечерва против Швајцарија во група „Г“ за пласман во осминафиналето на СП во Катар

Одговорот на ова прашање репрезентативците на Србија ќе го дадат околу 22 часот, кога е решавачкиот натпревар од групата Г за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар, кое „орлите“ ќе го играат против Швајцарија.
– Победата не ни гарантира премин, затоа што, сепак, Бразил ќе мора да победи или барем да реми против Камерун. Дури и „Селесао“ да направи непријатно изненадување, како што направија Французите против Тунис или Шпанија во дуелот со Јапонците, односно да загубат натпревар добиен на хартија, Србија ќе го трасира патот до 16-те најдобри селекции на планетата со поубедлива победа над Камерун, за медиумите истакнаа челниците.
Избраниците на Драган Стојковиќ ќе имаат можност да им се реваншираат на „сајџиите“ за поразот од пред четири години, кога Швајцарија ја совлада Србија во групната фаза на Светското првенство во Русија по пресврт (2:1) и го доби продолжението на турнирот по групната фаза.
Од тој меч денеска ќе има доста играчи на двете страни. Никола Миленковиќ, Душан Тадиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Филип Костиќ, Александар Митровиќ (беа стартери), Андрија Живковиќ, Предраг Рајковиќ, Милош Вељковиќ, Марко Грујиќ, Немања Радоњиќ (играа во второто полувреме), Лукамитиќ и Марк на клупата) се на српската страна, додека на швајцарската страна се Јан Зомер, Мануел Аканџи, Рикардо Родригез, Фабијан Шар, Брел Емболо, Ремо Фројлер, Денис Закарија, Гранит Џака, Ѓердан Шаќири и Харис Сеферовиќ.
Србија во првото коло загуби од Бразил (0:2), а потоа во второто коло израмни со Камерун (3:3).Швајцарката го совлада Камерун (1:0) на отворањето на СП 2022 , додека во истиот натпревар загубија од „Селесао“.
Натпреварот се игра на стадионот „974“ и започнува во 20 часот.
Напред наши!
/euronews.rs
Спорт
Денвер поразен од Филаделфија, во спектакуларен меч на МВП центрите Ембид и Јокиќ

Кошаркарите на Денвер се поразени на гостувањето кај Филаделфија со 126:119 во спектакуларен меч кој го одбележа МВП дуелот меѓу најдобрите НБА центри Џоел Ембид и Никола Јокиќ.
Блескаше Ембиид и мечот го заврши со 47 поени, 18 скока и пет асистенции, за 38 минути, додека Јокиќ имаше учинок од „само“ 24 поени, седум скока и девет асистенции, исто така за 38 минути.
Денвер на полувремето имаше „плус 15“ (73:58), но во останатото Ембид беше незапирлив и му донесе победа на домашните.
Спорт
Девет македонски фудбалски клубови се влезени во процесот на лиценцирање, додека во женска конкуренција вкупно четири клубови учестуваат во процесот за клупско лиценцирање.

Фудбалската федерација на Македонија го започна процесот и постапката за лиценцирање на клубовите во машка и женска конкуренција за добивање право на настап во рамки на европските натпреварувања во организација на УЕФА.
Одделот за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија веќе одржува работни состаноци со клубовите со цел детално претставуваење на новите правилници за клупско лиценцирање и условите кои клубовите треба да ги исполнат за да добијат можност да учествуваат во европските клупски натпреварувања.
Девет фудбалски тимови од Прва МФЛ (Струга Трим Љум, Работнички, Силекс, Скопје, Брегалница, Шкендија, Шкупи, Тиквеш и Македонија Ѓ.П.) се влезени во процесот на лиценцирање, додека во женска конкуренција вкупно четири клубови (Тиверија, Саса, Љуботен и Скопје) учестуваат во процесот за клупско лиценцирање.
– Генерално, клубовите кои се пријавени за клупско лиценцирање се запознаени со целокупната постапка, односно исполнувањето на критериумите предвидени во правилниците на УЕФА. Условите кои се пропишани, сметаме дека релативно лесно можат да се исполнат од страна на клубовите. Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на сите пријавени клубови им стои на располагање во однос на консултативни и стручни прашања, но многу поважно и поддршка во исполнувањето на критериумите за условите на стадионите, еден од најважните критериуми за лиценцирање, вели Горанчо Костовски, лиценцен менаџер во ФФМ.
Во продолжение, може да се преземе целокупната потребна документација за постапката за лиценцирање, преку линкот ТУКА, и вториот ТУКА.
Сите потребни документи согласно правилниците на УЕФА, одделот за лиценцирање веќе ги има доставено до пријавените клубови, велат од Федерацијата во јавното соопштение истакнато на нивниот веб простор.
Спорт
ФФМ: Стартува проектот „Фудбал за сите способности“ во Државното средно училиште Св. Наум Охридски

Фудбалската Федерација на Македонија како социјално одговорна организација секоја година работи на различни проекти од полето на социјалната одговорност. Средстава за овие проекти се добиваат од Хет-Трик 5 (2020-2024) фондовите на УЕФА и тоа од средствата коишто се наменети за социјална одговорност.
Проектите кои се одобруваат од страна на УЕФА мора да исполнуваат одредени критериуми, меѓу кои одржливост, долгорочност и поврзаност со некоја од полисите за социјална одговорност на УЕФА.
Проектот Фудбал за сите способности – Државно средно училиште Св. Наум Охридски е одобрен од страна на УЕФА.
Целта на проектот е:
- Да се подобрат физичките условите во коишто учениците со попреченостт во интелектуалниот развој од Државно средно училиште Св. Наум Охридски тренираат
- Да се создадат услови за тренирање фудбал
- Да се поттикнува самостојност и инклузија на децата со интелектуална попреченост.
За да се реализира проектот предвидени се следните активности кои треба партнерски да се изведат во текот на една година.
Подобрување на инфраструктура и физички услови:
- Обложување на игралиштето во школото со вештачка трева
- Донирање на топки и фудбалски реквизити за тренинзите кои ќе се одржуваат
- Донирање на фудбалска опрема за децата кои ќе се вклучени во тренинзите во тек на цела година, за тренерите и воспитувачите
Организирање на трениг активности и Фудбалски настани за потикнување на самостојност и инклузија.
Во прилог, официјални фотографии од настанот:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје11 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Кичево2 дена
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети
-
Временска прогноза11 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Временска прогноза1 ден
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Здравје и убавина16 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот