Спорт
(ВИДЕО) Коментаторот збесна, Србија води со 2:1 пред самото полувреме против Швајцарија, но гостите брзо возвратија на 2:2

36′ – Грешка на Шаќири на средината на теренот, Тадиќ тргна благо дијагонално од левата страна, се стутка кон средината, а потоа итро, фантастично, ја збуни одбраната на ривалот и му додаде на Влаховиќ, кој трчајќи на лево погоди. неговиот десетти интернационален гол со левата нога – 2:1!
Резултат кој ја носи Србија понатаму.
Видеото од голот за 2:1 на Влаховиќ во продолжение:
⚽️ GOAL! Dusan Vlahovic
🇷🇸 Serbia come from behind to lead Switzerland 2-1#SRB | #FIFAWorldCup
pic.twitter.com/lnPfrltJBC— Fast Footy Goals (@fast_footygoals) December 2, 2022
*Ново – Предмалку во 43-тата минута швајцарците преку Емболо изедначија на 2:2, по акција од средината на теренот, стрелецот се најде буквално сам пред голот и погоди за 2:2
GOAL | SERBIA 2-2 SWITZERLAND
⚽ EMBOLO
EQUALIZER !!!
It was a brilliant effort as he calmly put the ball inside the net with a fine finish#FIFAWORLDCUP #WORLDCUPpic.twitter.com/JbSzgiQlWj
— FOOTY HUB (@Footyhub01) December 2, 2022
Спорт
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ

Оваа година ФФМ прославува уште еден јубилеј, а тоа е 20 години од постоењето и имплементирањето на клупскиот лиценцен систем. За таа цел, во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, во организација на УЕФА и Фудбалската Федерација на Македонија беше одржана меѓународна работилница поврзана со UEFA клупскиот лиценцен систем на кој учество земаа 23 држави од Европа.
На истиот беа присутни сите лиценцни менаџери заедно со нивните тимови на експерти на кои разменија искуства и најдобри пракси поврзани со клупскиот лиценцен систем во нивните земји.
На работилницата беша презентиран клупскиот лиценцен систем во Македонија од страна на Генералниот секретар Филип Поповски, а додека техничкиот директор Зоран Стратев презентираше за работата на Фудбалската федерација на Македонија во насока на развојот на младинскиот фудбал и работата на фудбалските академии.
На покана на ФФМ, беше направена и презентација од страна на ФК Работнички, преку Генералниот секретар Ненад Монев, за нивната работа со млади категории и стратегијата за општествена одговорност. Имено, ФК Работнички е единствениот клуб кој учествува во сите лиценцни процеси во изминатите 20 години, започнувајќи од 2003 година.
Спорт
Ова се противниците за пласман во ЕП2025 на младата репрезентација на Македонија во фудбал до 21 година

Младата репрезентација на Македонија до 21 година за противници ќе ги има селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Словачка 2025 година.
На денешното извлекување во Нион, Швајцарија, беа одредени групите за 52 репрезентациите кои ќе бидат дел од квалификацискиот циклус за фудбалери до 21 година.
Квалификациите за пласман на ЕП започнуваат во март 2023 година и ќе траат до ноември 2024.
Репрезентацијата на Словачка како домаќин на финалниот турнир е директен учесник на ЕП 2025 година.
Квалификации за фудбалери до 21 година за пласман на ЕП 2025 во Словачка:
Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино;
Група Б: Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта;
Група Ц: Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар;
Група Д: Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија;
Група Е: Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија;
Група Ф: Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург;
Група Г: Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора;
Група Х: Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар;
Група И: Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија;
Спорт
Ѓоковиќ незапирлив! Гркот ќе мора подобро да се спреми и да почека за триумф!

Новак Ѓоковиќ е неприкосновен крал на Мелбурн! Кога и да оди во „Род Лејвер“ Арената да се бори за трофејот, српскиот тенисер едноставно не може да загуби, па продолжи да владее на Австралија опен – 10 трофеи во 10 финалиња.
Во моментов Стефанос Циципас беше единствениот способен да му се спротивстави бидејќи го игра својот најдобар тенис, сепак Гркот ќе мора да почека уште малку на својот прв Грен слем. Новак играше како да немал повреда на грбот цело време, со својата ментална сила ја совлада целата голгота што лани му ја подготвија Австралијците со депортација и во спектакуларното финале убедливо го совлада Циципас – 3:0 (6 :3, 7:6, 7:6).
KING OF MELBOURNE 👑 @DjokerNole pic.twitter.com/myM619PTVN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2023
Во мечот каде што победникот зема се, Ѓоковиќ стигна до својот 10-ти триумф на Австралија опен, негова 22-та Грен слем титула во 33-то финале, израмнувајќи го со Рафаел Надал, неговата 93-та титула во кариерата (четврта зад Лендл, Федерер и Конорс). нова заработка од 2.975.000 долари (вкупно 167,5 милиони долари во кариерата) и конечно да се врати на првото место на АТП листата бидејќи од денес (има 6.970 поени. Новак е неуништлив.
Новак го отвори 13-от меѓусебен дуел, втор во финалето на Грен слем, против Циципас. Одлично сервираше, го изнуди послабиот бекхенд на ривалот и поведе со 4:1 со брејк во четвртиот гем. Потоа лесно го доби првиот сет со 6:3 во 36 минута.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Македонија2 дена
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Занимливости17 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Кичево1 час
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Скопје24 часа
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје