Македонија
Бензините денес се продаваат со нова намалена цена за литар

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ноќеска се намали за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 83,00 ден/лит, додека ЕУРОСУПЕР БС-98, исто така се намали за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се промени, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/лит.
Моменталните цени на горивата се следните:
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 84,50 (денари/литар)
Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 42,171 (денари/килограм)
Македонија
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици

Bиадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај.
Извор: АМСМ
Македонија
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство-Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност било констатирано дека првопријавениот-вработен во Подрачната единица Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.
Второпријавениот З.А., вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.12.2020, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси иако не ги извршувал своите работни задачи. Третопријавениот Н.Б., вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман.
Четвртопријавениот А.Б., на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Аагенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот иако не бил во списоците за присутност.
Петтопријавениот С.К., вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.
Со ваквите дејствија на првопријавениот противправно му биле исплатени 1.159.081 денари, а државниот буџет бил оштетен за сума од 1.682.759 денари.
Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола-Прилеп, лишен од слобода прилепчанец

На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.
По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога”, на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило „голф“, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми.
Марихуаната во утринските часови била пренесена од Р.Албанија, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Р.Грција, каде требало да биде предадена за понатамошно пренесување до Р.Турција. И.А. е лишен од слобода во ПС Битола и по комплетирање на целокупната документација, од страна на СВР Битола до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од КЗ, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Кичево7 часа
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Свет1 ден
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Временска прогноза1 ден
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд
-
Спорт1 ден
Елмас пред вечерашниот настап против Саудиска Арабија: „Ние секогаш излегуваме на терен по победа, со верба во квалитетот што го имаме.“
-
Социјални мрежи1 ден
Корисниците во повеќе европски земји, како и кај нас пријавија потешкотии при користење на „Google, Gmail“ и останатите сервиси