Скопје
Се огласија од МВР, пратени дојави за бомби и за ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар.

Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар.
Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, известуваат од МВР
Скопје
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди

На 02.09.2025 во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, известува МВР.
Скопје
(ВИДЕО) СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојчето во Чаир

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно девојче го снимало нападот со мобилен телефон.
Деновиве видеото од нападот било објавено на социјалните мрежи и на еден портал, а настанот на 01.09.2025 во полициска станица го пријавил и таткото на нападнатото девојче, кој кажал дека за настанот дознал од социјалните мрежи, а неговата ќерка не му кажала ништо поради страв да не биде нападната повторно.
Малолетничките и нивните родители се повикани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци во врска со кривичните дела „насилство“ и „неовластено снимање“, истакна МВР.
Скопје
СВР Скопје: Телефонската линија 192 повторно е во функција

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека се отстранети техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните можат да го користат за било каква пријава или информација.
За истата намена редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат, соопшти МВР.
-
Кичево2 дена
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (7 септември)
-
Автомобили2 дена
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Македонија2 дена
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Магазин2 дена
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос