Спорт
(ВИДЕО) Франција е новиот патник во полуфиналето на Светското првенство во Катар, трагичарот Кејн промаши цел гол од пенал

Фудбалерите на Франција се пласираа во полуфиналето на Светското првенство во фудбал, откако ја совладаа селекцијата на Англија со 2:1. Во борбата за финалето ќе се сретнат со репрезентацијата на Мароко, која претходно победи против Португалците.
Во одличен натпревар полн со возбудувања видовме две фудбалски велесили на дело и лесно можеше натпреварот да оди во друга насока.
Актуелните светски шампиони рано поведоа во 17. минута од натпреварот кога Чуамени беше прецизен од далечина, на асистенција на Антоан Гризман.
Од тој момент следеше англиската офанзива, а спорен момент беше забележан во 25. минута кога Хари Кејн падна во шеснаесетникот, но судијата одлучи дека не станува збор за пенал.
Со предност на Французите заминавме на пауза, а потоа следеше вистинска драма. Поконкретни беа Англичаните, што вроди со плод во 52. минута кога Хари Кејн израмни од пенал.
Тоа беше сосема заслужено израмнувачки погодок, бидејќи Лорис претходно неколку пати ја сочуваше француската мрежа.
Англискиот налет продолжи, а потоа од никаде Французите постигнаа гол и повторно брилијантниот Жиру. Во 78. минута од натпреварот беше забележан мајсторскиот центаршут на Гризман, по втор пат вечерва Жиру се најде на вистинското место, кој со глава ја испрати топката во мрежата на Англија!
Неполни три минути подоцна, нов шок. Тео Хернандез го собори Маунт, а судијата досуди пенал по консултација со ВАР. Кејн повторно шутира, а потоа го промаши целиот гол и е дефинитивно трагичарот на мечот!
Еве го промашениот пенал од трибините:
Спорт
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната

Недела, некогаш претпознатлив ден за фудбал на градскиот стадион во Кичево. Но денес за момент се чинеше дека токму го живееме тоа време, а зошто и да не го вратиме сјајот на тоа време?! Денес кичевчани покажаа дека љубовта кон фудбалот полека се враќа, а нашите момчиња тоа го крунисаа со одлично прикажана игра и победа од 3:1 против „ФК Вардар Брвеница“.
Речиси 80% полн капацитет на едната трибина и дел на другата со љубители на фудбалот уживаа во еден прекрасен ден со идеални услови за игра.
Серијата голови ја отвори Котески од 22м со еден маестрален шут уште во 33-та минута, веднаш потоа од далечина Калевски го искористи невниманието на гостинскиот голман и зголеми на 2:0. Третиот гол беше дело на Даутоски во 49-тата минута. За конечните 3:1 Спироски намали во финишот на мечот.
Натпреварот го водеа искусната тројка Марјан Стојаноски, Осман Зеќири и Никола Ѓорѓиевски.
– Можам да бидам задоволен од денешната игра на нашите момци. Активните тренинзи покажуваат резултати како на физичката подготвеност така и останатите битни работи кај фудбалерите. Ова е одличен резултат за почеток на првенството. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на кичевчани кои дојдоа навистина во голем број и не бодреа до самиот финиш на мечот. Ве уверувам дека ќе ги искористиме сите можности за нашиот сон да се исполни – „Влез во елитната лига“ – за Порта.мк истакна Бобан Дујковиќ, тренер на „ФК Напредок“
Спорт
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња

Стартот во новата сезона во рамките на Трета лига Запад „Фудбалскиот Клуб НАПРЕДОК“ ќе ја започне на домашен терен,а за противник во првото коло ќе гостува екипата на „ФК Вардар Брвеница“.
Натпреварот ќе се одигра денес на Градскиот стадион во Кичево 14.09.2025 г.(недела) со почеток во 16:30 часот.
На сосема новиот и уреден изглед на трибините, ве повикуваме да му дадете максимална поддршка на „ФК Напредок“ како во старите добри времиња и заедно да уживаме во прикажаната игра.
Спорт
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“

Во интервју за ESPN, трофејниот тренер откри дека би сакал еден од најдобрите фудбалери од последната деценија да го види во жолтиот дрес.
– „Нема потреба дополнително да се зборува за Нејмар – сите знаат колку е талентиран. Но, денешниот фудбал бара максимална физичка подготвеност ако сакате да го искористите целиот потенцијал. Ако Нејмар е здрав и во форма, нема причина да не биде дел од репрезентацијата“, изјави Анчелоти за ESPN Brazil.
Тој додаде: „Му порачав дека има време да се подготви на најдобар начин за да настапи на Светското првенство и да ни помогне. Сите сакаат да го видат во најдоброто можно издание. Пред мечот со Парагвај дојде во хотелот, разговаравме и му објаснив каде го гледам на теренот. Планот е јасен – би играл како офанзивен играч за врска или напаѓач. Веќе не може да биде крило, затоа што ја нема истата брзина, но како играч за врска може да даде голем придонес.“
Со оглед на тоа што Бразил веќе има обезбедено место на следниот Светски куп, Анчелоти на претходните натпревари не го вклучи Нејмар, фокусирајќи се повеќе на помладите фудбалери.
-
Спорт21 час
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Магазин1 ден
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин1 ден
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Македонија4 часа
Од ноќеска цените на горивата се намалуваат
-
Временска прогноза8 часа
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно