Македонија
Вчера на превој „Пресека“ на магистралниот пат Охрид-Кичево, „фолксваген поло“ излетало од коловоз, сопатникот бил тешко повреден

На 15.12.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, на превој Пресека, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(69) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник во возилото А.Г.(55), а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Ѓ.К.(50), двајцата од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
Македонија
Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, извести АМСМ.
Македонија
ЦУК: Еден пожар активен, два под контрола и изгаснати дваесет пожари на територијата на Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија има вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 20 пожари.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Долнени: с. Долгаец (мешана шума);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);
2. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (висока шума);
ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Штип: с. Судик (стрниште);
2. Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација);
3. Општина Куманово 1: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација);
4. Општина Куманово 2: с. Бедиње (ниска вегетација);
5. Општина Теарце: с. Пршовце (ниска вегетација);
6. Општина Гостивар: с. Симница (ниска вегетација и ѓубре);
7. Општина Крушево: влезот на Крушево (депонија);
8. Општина Долнени: с. Гостиражни (ниска вегетација);
9. Општина Кривогаштани: с. Пашино Руфци (стрништа, ролни со слама);
10. Општина Охрид: ул. Железничка (ниска вегетација);
11. Општина Гази Баба: с. Идризово (ниска вегетација и стрниште);
12. Општина Битола: с. Велушина (сува трева и сено);
13. Општина Свети Николе: с. Бориловци (ниска вегетација);
14. Општина Кочани: с. Оризари (сува трева и гранки);
15. Општина Врапчиште: с. Топлица (ниска вегетација и ѓубре);
16. Општина Струга: с. Враништа (стрниште);
17. Општина Василево: с. Доброшинци (запалена депонија);
18. Општина Кочани: с. Оризари (стрниште);
19. Општина Чучер-Сандево: с. Горно Блаце (сува трева);
20. Општина Липково: с. Отља (сува трева).
Извор: ЦУК
Македонија
МВР со детали за инцидентот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, каде се одигра првенствен фудбалски натпревар

На 24.8.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 11:40 часот на игралиштето „Бело брдо“ во Штип, за време на одигрување на првенствен фудбалски натпревар помеѓу екипи на помлади пионери на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош.
Во врска со настанот во СВР Штип, во присуство на родители и претставник на Центар за социјални работи Штип, бил извршен службен разговор и со двајца малолетници од Скопје, фудбалери на екипата на ФК „Шкупи“.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави, предмалку извести Министерството за внатрешни работи.
-
Временска прогноза2 дена
Вечерашните температури се спуштија и до 10 степени, во следните часови се очекува понатамошно нивно опаѓање
-
Кичево1 час
(ФОТО) Денес во просториите на „РЕК Осломеј“ свечено беше одбележан 28 август, „Денот на рударите“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 август)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (28 август)
-
Временска прогноза1 ден
Прекрасна вест, топлото време продолжува, додека на утро останува да биде посвежо
-
Спорт2 дена
Алонсо со својот „CFMoto“ стана првиот возач победник од својата земја во „Мото2“, откако триумфираше за големата награда на „Michelin“ во Унгарија
-
Македонија1 ден
Регионалниот пат Нова Брезница – Македонски Брод преку НП „Јасен“ нормализиран за сообраќај во термините од МВР
-
Свет1 ден
Гигантската ракета „Старшип“ на SpaceX во вторник навечер успешно го изведе својот десетти пробен лет