Хроника
Во водите на канал „Студенчишта“ пронајдено починато лице

Денеска (17.12.2022) во 07.38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта“ во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телот на починатиот било дадено на обдукција.
Известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Хроника
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ

Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, по подолга и тешка болест поради која беше хоспитализиран во KCUS.
Халид Бешлиќ зад себе остави кариера долга повеќе од четири децении, исполнета со бројни хитови што со текот на времето стекнаа статус на евергрин и останаа незаменлив дел од секое музичко дружење.
Роден е на 20 ноември 1953 година во селото Кнежина, во близина на Соколац. Иако првично се занимавал со столарски занает и завршил колеџ за менаџмент, уште од најрана возраст ја покажувал својата страст и талент за музика — дар кој подоцна го направи едно од најпрепознатливите имиња на балканската естрада.
Хроника
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево, за јавноста извести Министерството за внатрешни работи
Хроника
Млад скопјанец пронајден починат во домот на подрачјето на Кисела Вода

На 24.09.2025 во 18:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје починал К.К.(38) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, известува МВР.
-
Хроника1 ден
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево1 ден
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија12 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника6 часа
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Технологија10 часа
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони