Спорт
Битка за историја, дојде денот за одлука. За Аргентина шестото, додека за Франција четвртото финале на СП
Дојде денот на одлуката! Аргентина ќе го игра шестото, а Франција четвртото финале на Светското првенство. Една од овие две фудбалски велесили по трет пат ќе стане шампион на планетата. Во Доха ќе се игра 22. финале на Светското првенство, а титулата светски првак ја освоија само осум репрезентации.
Денеска за нова страница во историјата ќе се борат селекциите кои покажаа најмногу на Светското првенство во Катар. Сепак, ова ќе биде првпат откако Шпанија го направи тоа во 2010 година, репрезентацијата што загуби натпревар во групната фаза да стане шампион. Аргентина претрпе пораз во првиот натпревар од Саудиска Арабија со 2:1, но и покрај тоа, тимот што го предвиде Лионел Меси ги победи Мексико и Полска во групната фаза, потоа Австралија, Холандија и Хрватска на патот до финалето.
Од друга страна, Франција во полуфиналето го исфрли најголемото изненадување на шампионатот Мароко, а претходно Англија и Полска, додека во групата победи против Данска и Австралија, а загуби од Тунис.
Она што е сигурно, сите погледи ќе бидат вперени кон најдобрите играчи на Франција и Аргентина, Килијан Мбапе и Лионел Меси, за кои според многу стручњаци се двајцата најдобри играчи на целиот турнир. Досега и двајцата имаат постигнато по пет гола, па ова ќе биде и дуел за најдобриот стрелец на првенството, а интересно е што веднаш зад нив се нивните соиграчи од репрезентацијата Жиру и Алварез со по четири гола.
Најмногу светски шампионски титули досега имаат Бразилците, дури пет, а се уште се сами на врвот. Италија и Германија имаат по четири титули, а Аргентина, Франција и Уругвај се на линија со по две. Која од првите две наведени селекции ќе се издвои од оваа група ќе дознаеме околу 18 часот… Инаку, по еднаш шампиони беа Англија и Шпанија.
Германците имаат најмногу финалиња, дури осум, Бразил има седум, Аргентина и Италија имаат по шест …
„Триколорите“, за разлика од „гаучосите“, го консолидираа статусот на фудбалска сила во последните 24 години. Точно толку време помина од Мундијалот во Франција до првенството во Катар, односно првото и последно финале за „сините“. Во тој период „галските петли“ ги освоија двете претходни титули (1998 и 2018 година) и уште еднаш играа во финалето во 2006 година, кога беа запрени од Италија на последната пречка до тронот и тоа дури по подобро изведување на пенали. .
Така Франција в недела ќе го игра четвртото финале за неполни две и пол децении, а со таков успех можат да се пофалат само Бразилците и Германците.
Спорт
ФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
Пред денешниот првенствен натпревар помеѓу ФК. Напредок – ФК. Дрита со едно минутно молчење клубовите и управата му оддадоа почит на легендата на ФК.Напредок, Зоран Ѓорѓиоски-Мрско. Доајен на кичевскиот фудбал кој остави небришлива трага за која сите ние кои сме биле некогаш дел од ФК Напредок сме ги почувствувале.
Што се однесува до играта, повторно нашите фудбалери на домашен терен манифестираа важна победа со високи 4:0.
Стрелци на головите беа: М.Зафироски, Осман Исмаили реализираше 2 пати, Ж.Симјаноски сите постигнати во второ полувреме.
И денеска преку нашиот медиум, управата на ФК Напредок упатува голема благодарност до публиката која во секоја утакмица е се побројна и дава голема поддршка на нашите кичевски фудбалери.
Напред НАПРЕДОК!
Спорт
За прв пат, во ист ден тројца кичевски судии ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови
Историски ден за кичевскиот спорт, во водите на професионалните фудбалски судии. Тројцата арбитри под нашето фудбалско поднебје кои буквално животот го посветија во фудбалскиот свет во ист ден ќе судат меѓународни натпревари во Австрија и Фарски Острови.
Имено, во среда на мечевите во рамки на „UEFA“ младинската лига до 19 години помеѓу „Австрија Виена“ со „Макаби Хаифа“ – судии ќе бидат Јован Качевски, Даниел Василевски и кичевчанецот Давор Цветаноски, додека на мечот во „Nordragota“ – „Викингур“ со „Генк“ правдата ќе ја делат Влатко Илиовски и кичевчаните Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.
Благодарение на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон се дава можност на национални докажани судии да судат интернационални натпревари кои достојно ќе ја претсават Македонија во Европа, подвиг кој е за сите почести.
Мечот во Виена ќе започне од 15:30 часот, додека истиот ден мечот во Фарски Острови ќе започне од 20:00 часот.
Спорт
Македонија одигра „реми“ со Казахстан на „Тодор Проески“, Барди нè спаси од сигурен пораз
Избраниците на Благоја Милевски сега ќе имаат клучен дуел со следната селекција, кој ќе реши кој тим ќе го заземе второто место. Со ова реми, фудбалската репрезентација на Македонија го предаде врвот на табелата на Белгија, која успеа да го совлада Велс по драматичен пресврт.
Велс во наредното коло ќе се сретне со Лихтенштајн, а евентуална победа би им донела можност да ја поминат Македонија на табелата. Судирот меѓу овие две репрезентации ќе се одигра токму во последната рунда, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Со победа во овој натпревар, Македонија ќе можеше да остане во трката за првата позиција, иако Белгија би била во пол-поволна ситуација. Сепак, по актуелниот расплет, македонските фудбалери ги очекува исклучително тежок ноемвриски предизвик.
Дуелот беше крајно израмнет и двата состави создадоа неколку добри прилики во првото полувреме, но мрежите мируваа до паузата. Казахстан прв стигна до водство во 54-тата минута преку Динмухамед Караман, но Енис Барди успеа да врати баланс во 74-тата минута со прецизен удар.
Иако нашите имаа уште неколку обиди да направат целосен пресврт, сепак не успеаја повторно да ја затресат мрежата и да си обезбедат полесен финиш на квалификациите.
Голот на Барди од слободен удар ексклузивно погледнете го ТУКА, преку нашите колеги од редакцијата на „Курир“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп17 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден6 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle5 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
