Кичево
Збор, два за нашите кичевски партнери „АТВА Маркети, CableCall и Радио Акорд“, воедно и честитка за среќни празници!
Како што одминуваат саатите пред да ја испратиме старата, а да ја дочекаме новата 2023-та година, преку нашиот медиум, нашите партнери со кои долги години соработуваме и функционираме упатуваат срдечни честитки, за среќна Нова Година и Божикни празници, додека ние ќе додадеме збор два за нивната професионална дејност, која постои само за вашите потреби.
- „АТВА Маркети“ – За ланецот на маркетите АТВА, нема што многу да се дискутира. Професионален персонал, најснабдени маркети, буквално достапни на сите фрекфентни места. Секоја недела производи по ултра-ниски цени, и тоа производи кои ви се најпотребни! Како дел од нивната дејност линк е и нивниот „АТВА Home Center“ кој има буквално се што ќе посакате! Купувајте и штедете, само со АТВА Маркети!
- „Cable Call“ – Водечки кабелски оператор во Кичево и регионот. Свои претставништва имаат и во Струга, Вевчани и Дебар. Дефинитивно најдобрата телевизиска понуда со одличен HD стрим, богата ТВ листа и дефинитивно најдобрите спортски канали. Поседуваат рекордна покриеност во Кичево на интернет линк, додека оптичката линија веќе целосно ќе биде завршена тековната 2023-та година, а на своите корисници ќе понуди екстра брзини, стабилност по најприфатливи цени. Во својот ланец како партнери во телефонијата ги имаат „Green Mobile“, оператор кој ги има најдобрите телекомуникациски понуди.
- Радио „Акорд“ – Најпознатото кичевско Радио кое 17 години го слушате на иста фрекфенција. Нуди и онлајн стрим за сите кои сакаат да го слушаат преку интернет. Несомнено први во регионот!
Среќна нова 2023-та година, со желби за многу здравје, среќа, успех, семејна хармонија и бериќет!
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Хороскоп7 часаХороскоп за среда (29 октомври)
-
Магазин2 денаInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин2 денаOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин2 денаMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин2 денаКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден20 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle19 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
