Кичево
КУД „Нико Пусоски“ бренд кој трае 75 години врши упис на нови членови, додека активностите и припремите продолжуваат од крајот на месецов..

КУД „Нико Пусоски“ бренд кој трае 75 години и друштво кое својот голем новогодишен концерт го имаше пред само еден месец, преку нашиот медиум Ве известува дека врши упис на нови членови во просториите на друштвото кои се најдуваат во Центарот за Култура „Кочо Рацин“, и тоа секоја среда од 17 до 19 часот.
Притоа се известуваат и постојаните играорци дека се продолжува со пробите од 28.01 (сабота) со почеток во 19 часот. Пробите ќе се одржуваат редовно.
Да продолжиме со оваа успешна приказна, која ќе не радува уште долго и ќе допринесе за успешно развивање и и зачувување на нашата богата фолклорна традиција а истовремено и младите ќе ги потикне на љубов кон истата, притоа избавувајќи ги од современите болести на денешницата, се вели во соопштението.
Лица за контакт :
Јованоски Ацко ☎️ 072/241-519
Јованоски Тони ☎️ 071/339-215
Со почит од управата на КУД „Нико Пусоски“ – Кичево
Бонус видео од Новогодишниот концерт на КУД „Нико Пусоски“ – Кичево:
Кичево
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината

Од „ЕВН Дистрибуција“ информираат дека има непланиран дефект на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината. Веројатно се работи на санација за истиот.
Кичево
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка

Меѓународниот фестивал на фолклорот на планинските предели кој се одржува во Закопане во срцето на Полските Карпати, на платото во центарот на градот познато како „Гórna Rówień Krupowa“, едно од најпрестижните и најстарите фолклорни фестивали од ваков тип во Европа.
Ова 56-то издание се одржува од 15 до 21 август 2025, со почеток во 10:00 часот секој ден. Исто така секоја година се натпреваруваат десетици – дури стотици – фолклорни ансамбли од целиот свет. Натпреварот е строг, а жири-от доделува Златна, Сребрена и Бронзена Ciupaga.
Оваа година како што веќе обзнанивме нашите учесници од КУД „Бисер“, Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија од Македонија.
Гласањето е едноставно со реакција „Ми се допаѓа“ на фотографиите. Овој натпревар трае до утре 21-ви август (четврток) – 12:00ч – кога практично и завршува финалната вечер. Од тука во име на македонската традиционална народна носија која дефинитивно е нешто најубаво од нашите простори, ја даваме нашата безрезервна поддршка за да победиме!
Што се однесува до престижниот фестивал, до сега учествувале преку 700 странски групи и над 200 полски ансамбли – укажувајќи на големите димензии и реон на оваа манифестација.
Фестивалот привлекува љубители на култура, туристи, медиуми и етномузиколози од целиот свет. Вистинска традиција, културна мисија, еуфорија на народен идентитет и мост меѓу различни култури од сите страни на светот. Во оваа прилика им честитаме за одличната организација, она што ни го пренесуваат нашите учесници од Кичево таму е за сите почести.
Кичево
Играорците на КУД „Бисер“ од Кичево во Полска, се натпреваруваат за најубава македонска носија на меѓународен фестивал

На меѓународниот фолк фестивал 2025 кој се одржува во Полска под културен центар Закопане, се избира најубава носија. На овој престижен фестивал свое учество зедоа КУД „Бисер“ од Кичево, додека учесници на натпреварот се Матеа Ѓорѓиоска и Александар Донески од Кичево.
Со „Like“ под фотографијата да им дадеме значајна поддршка за најубавата македонска носија, натпреварот трае од денес 18 август до 21 август четврток.
За Матеа кликни – ТУКА
За Александар кликни – ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (20 август)
-
Македонија2 дена
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Кичево17 часа
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка
-
Кичево13 часа
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Култура2 дена
Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Lifestyle2 дена
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (21 август)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Во два одвоени случаи лишени од слобода три лица во Кочани и кочанско, пронајдена дрога