Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Младиот Алек Хлоупек од Кичево го пронајде чесниот Крст во осветените води, Бог се јави!

Денеска во Кичево на свечената манифестација по повод Богојавление Водици најсреќен беше Алек Хлоупек (24) кој го извади светиот Крст од осветените води.
На овој настан учествуваа 27 скокачи, додека најсреќниот од нив не ја криеше својата среќа и задоволство, особено поради тоа што за прв пат го пронаоѓа чесниот Крст, а учествувал повеќе пати во оваа благородна манифестација, посакувајќи здравје, среќа, љубов и мир на сите.
Карактеристично а да не споменеме е тоа што за прв пат во Кичево имавме чест да видиме и две девојки кои учествуваа во скокање по Крстот во осветените води.
Преку нашиот објектив, ексклузивно погледнете го видеото од манифестацијата во 4K резолуција:
Благодариме за укажаната чест до Кичевска парохија и нивното свештенство да бидеме генерални спонзори на оваа најголема православна манифестација!
Бог се јави, Навистина се јави!
За многу години!
Официјална галерија ќе пронајдете во продолжение ТУКА:
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески. Роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал.
Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури. Контраст меѓу студеното и топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”.
Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови. Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.
Екипата на Порта.мк му честита за првата негова изложба, со надеж за уште поголеми проекти во иднина. Повелете и дадете поддршка со вашето ценето присуство на една поинаква уметничка вечер исполнета со креација, инспирација и разговори.
Кичево
ЕВН: Времен прекин на електрична енергија утре во следните кичевски места

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 12.09 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
КИЧЕВО | Ресторан и Маркет Атва (пожарна), Сетек, Стокомак, Скопска Пивара, Магацин за пелети, Синдикат ССМ и околните објекти | 12.09.2025 08:30 | 12.09.2025 15:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Денес е 11-ти септември – Ден на ослободувањето на град Кичево, далечната 1943, пред 82 години станува првоослободениот град во Македонија

На денешен ден, 11 септември 1943, пред точно 82 години по капитулацијата на Италија во Втората светска Војна, партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево. Со тоа Кичево стана првоослободениот град во Македонија. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколку пати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот.
За прв пат на дело се почувствувала заедничката слобода. На 26 септември е одржан голем народен митинг. Куриозитет е тоа што на балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна фашистичка Бугарија во околината на Бигор Доленци. Лојалноста на овие единици била многу кратка…
За помалку од еден месец од правец на Гостивар започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината Буковиќ од малубројната силномотивирана чета на чело со Мирко Милески која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од страна на балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните се повлекуваат кон Копачка, а Кичево е повторно окупиран.
Тука, во Кичево, беше родена слободна Македонија, земја на рамноправните и слободољубиви луѓе. Вечна слава на хероите кои беспоштедно влегоа во борба и го направија големиот подвиг со кој се навести конечното ослободување на Македонија.
-
Спорт15 часа
(ФОТО) Кичевски „ФК Напредок“ ги наполни трибините со љубители на фудбалот, а играчите им возвратија со победа за почеток на сезоната
-
Спорт1 ден
„ФК Напредок“ денес на домашен терен го игра првиот натпревар од новата сезона, ве повикуваме сите на градски како во старите добри времиња
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за понеделник (15 септември)
-
Спорт2 дена
Анчелоти до Нејмар: „Во денешно време е морате да бидете во добра форма“
-
Магазин24 часа
Microsoft потсетува: Остануваат само 30 дена…
-
Магазин24 часа
iOS 26, iPadOS 26, watchOS 26 и macOS 26 пристигнуваат на 15 септември – компатибилни уреди и нов дизајн
-
Временска прогноза1 час
Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно