Македонија
ЗНМ и секцијата на фоторепортери одржаа работен состанок со обвинители од ОЈО, преземање на авторски фотографии е кривично дело

Во насока на подобрување и заштита на авторските права на фоторепортерите, претставници на ЗНМ и членовите на Секцијата на фоторепортери при ЗНМ одржаа работен состанок со обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје.
– „Зголемениот тренд на кражба на фотографии и грубо кршење на авторското право на фоторепортерите од страна на некои медиуми но и други комерцијални субјекти во земјава претставува голем проблем и затоа мораме во иднина заедно да работиме за да се искорени оваа пракса” – истакна Петр Стојановски, претставник на Секцијата на фоторепортери при ЗНМ.
На состанокот во ОЈО, беа дискутирани и правосилни пресуди за прекршување на авторското право за кои во минатото обвинителството преземало дејствија по службена должност. Претставниците на ЗНМ укажаа дека е важно во иднина ОЈО да има проактивен однос во заштита на авторското право на медиумските работници.
– ,,Авторското право се смета за едно од најважните права во остварувањето на професионалната должност на новинарите и генерално на медиумските работници, кои преку својата работа креираат содржини без разлика дали станува збор за авторски фотографии, видеа или текст. Токму поради тоа, новинарите, како и фоторепортерите и снимателите, треба да бидат препознаени како автори на содржината што ја креираат а доколку овие права се прекршени сторителите потребно е да одговараат”, потенцираше Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ.
На средбата во ОЈО присутни беа претставниците на ЗНМ Драган Секуловски и Милан Спировски, Иван Брешковски, адвокат, Томислав Георгиев, Петр Стојановски и Роберт Атанасовски од Секцијата на фоторепортери при ЗНМ како и Основниот јавен обвинител Гаврил Бубевски и обвинителите Искра Хаџи Василева и Дaрко Јакимовски како и одговорната за односи со јавност во ОЈО Билјана Арсовска.
Извор/Фото: ЗНМ (Здружение на новинари)
Македонија
УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени

Голем број компании не ги испочитуваа законските обврски за јули. УЈП испрати опомени. Според податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), 2.129 фирми не уплатиле аконтација за данок на добивка, додека 11.555 фирми не исплатиле плати и придонеси за своите вработени за месец јули.
Овие прекршувања не се само бројки – тие значат:
-
⚠️ Удар врз државниот буџет
-
⚠️ Повреда на работничките права
Од УЈП порачуваат дека непочитувањето на законските обврски нема да помине без последици. Неплаќањето на даноците и придонесите е удар врз буџетот и сите граѓани, додека Неисплатата на плати е директно кршење на правата на работниците“, стои во соопштението на Управата – ТУКА
Македонија
(ФОТО) Претрес во Штип, пронајдени оружје и муниција, приведени три лица

На 19.08.2025 во 18:30 часот во Штип, полициски службеници од отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.
Имено, постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави, предмалку информираше МВР.
Македонија
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило

На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ч.(74) од Скопје и патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(48) од с.Лескоец, охридско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот З.Ч. и неговата сопатничка М.Д.Ч.(71), додека со телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „рено“, В.Т.(48) од с.Лескоец, охридско, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (20 август)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (19 август)
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“
-
Македонија1 ден
МВР соопшти за деталите околу сообраќајката кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево, каде учесници беа два автомобили и едно тешко товарно возило
-
Кичево11 часа
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка
-
Кичево7 часа
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Култура1 ден
Денес е празник, „Преображение Господово“ – За многу години!
-
Lifestyle1 ден
Грешки што ги правиме при нанесување дезодоранс – една е особено опасна