Следете не

Здравје и убавина

Со овој напиток од лук до чиста крвта, а го забрзува и метаболизмот

Објавено пред

на

Овој лековит напиток од лук го забрзува метаболизмот и го елиминириа вишокот масти од организмот. Покрај тоа, го отстранува и вишокот соли и позитивно влијае на вашето општо здравје.

Она што ви е најважно, многу лесно се подготвува.

Потребно ви е:

12 чешниња лук

1/2 литри црно вино

Подготовка:

– Исецкајте ги исчистените чешниња лук на четвртинки и ставете ги во тегла.

– Додадете половина литар вино.

– Затворете ја теглата и држете ја на сончево место околу две недели.

– Неколку пати во текот на деновите протресете ја теглата.

– По две недели, процедете ја содржината на теглата и течноста ставете ја во стаклено шише.

– Консумирајте по една кафена лажичка од напитокот три пати на ден околу еден месец. Почекајте барем шест месеци пред повторување на третманот.

– Пред употребата на природни лекови задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

/denar

Здравје и убавина

Домашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ julien Tromeur

Бубрезите се еден од најважните органи во човечкото тело, а нивната здравствена состојба е клучна за целокупното функционирање на организмот. Болките предизвикани од бубрежни камења се меѓу најинтензивните што човек може да ги почувствува, а проблемите со бубрезите можат да се појават од различни причини.

Бубрежниот каменец е чест здравствен проблем што ги погодува милиони луѓе ширум светот. За оние кои сакаат природен начин да ги поддржат своите бубрези, постои едноставен домашен напиток од свежи билки.

Состојки:

  • Една рака свеж першун или листови кориандер

  • Вода

Подготовка:

Исечкајте ги листовите на ситно и ставете ги во лонец. Полијте ги со вода и варете околу 10 минути. Откако ќе се олади смесата, процедете ја и сипете ја во чисто шише. Чувајте ја во фрижидер.

Начин на употреба:

Пијте по една чаша од напитокот дневно. Се верува дека овој природен тоник помага во прочистување на бубрезите и отстранување на насобраните токсини преку урината.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Marcelo Leal

Високиот крвен притисок (хипертензија) претставува сериозно здравствено состојба која може да доведе до опасни, па дури и фатални последици, како што е срцевиот удар. Еве кои се најчестите причини и како може да се спречи оваа болест.

Многу лица со хипертензија често не чувствуваат никакви симптоми, па затоа лекарите препорачуваат сите лица постари од 40 години редовно да го мерат својот крвен притисок. Дополнително, важно е да се провери дали постои наследна предиспозиција за оваа состојба.

Меѓу најчестите фактори кои придонесуваат за појава на висок крвен притисок се: дијабетес тип 1 или тип 2, прекумерната телесна тежина и исхраната богата со сол.

Покрај тоа, секундарната хипертензија може да се развие како последица на заболување на бубрезите или хормонална нерамнотежа. Експертите советуваат дневниот внес на сол да не надминува 6 грама, да се консумира повеќе свеж зеленчук и овошје, да се одржува редовна физичка активност и да се избегнува алкохол.

Дополнително, се препорачува ограничување на кофеинот, престанување со пушење и обезбедување најмалку шест часа сон секоја ноќ — како клучни чекори за подобро здравје и стабилен крвен притисок.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Прескокнување на доручекот на утро не е најдобра работа според експертите, во најмала рака тоа заменете го со чашка вода или парче овошје

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Eiliv Aceron

Можеби звучи клише, но доручекот и понатаму останува најзначајниот оброк во денот без разлика колку често го заменуваме со шолја кафе или едноставно го прескокнуваме.

Иако на прв поглед изгледа како безначаен пропуст, прескокнувањето на доручекот може да има повеќе последици од само зголемување на телесната тежина или ризик од дијабетес. Постојат и други причини зошто вреди да започнете денот со нешто во стомакот.

Кога не јадете ништо веднаш по будењето, бактериите што се насобрале во усната празнина преку ноќ остануваат активни и токму тие се главните виновници за непријатниот здив. Најдобар начин да ги отстраните не е само четкање на забите, туку и внесување храна што го поттикнува лачењето плунка и ги елиминира овие бактерии.

– „Прескокнувањето на доручекот е една од најштетните навики, бидејќи создава идеални услови бактериите да се размножуваат во устата,“ вели естетскиот стоматолог Мервин Дриан. Ако навистина немате време за класичен доручек како јајца, овес или смути, тогаш барем испијте чаша вода и изедете едно парче овошје.

Дриан предупредува и да се избегнуваат засладени пијалаци и енергетски напитоци, бидејќи големата количина шеќери само им дава дополнителна храна на бактериите и ја влошува ситуацијата.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево1 час

На градскиот плоштад во Кичево и оваа година ќе блесне хуманитарниот „Божиќен Базар“ покрај најубавиот украс „Витлеемската Пештера“

Почитувани кичевчани, драги сограѓани. Со голема радост преку нашиот медиум како главен медиумски покровител, вашиот кичевски крик кој од 2017-та...

Здравје и убавина4 часа

Домашен напиток од свежи билки против болки во Бубрезите од бубрежните камења

Бубрезите се еден од најважните органи во човечкото тело, а нивната здравствена состојба е клучна за целокупното функционирање на организмот....

Спорт4 часа

Аталанта го разреши од должноста досегашниот тренер Иван Јуриќ

Аталанта го отпушти 50-годишниот хрватски стратег Иван Јуриќ по само 11 одиграни натпревари во Серија А, еден ден по поразот...

Кичево7 часа

(ФОТО) Д-р Александар Јовановски денеска со свеченост ја презеде функцијата градоначалник на општина Кичево, „За мене како што знаете поделбите не постојат, ќе продолжиме напред заедно“

Денес и официјално Д-р Александар Јовановски ја презеде градоначалничката функција и влезе во општинската зграда на град Кичево. Со свеченост...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за понеделник (10 ноември)

Овен Стравовите се вовлекоа во твоето срце. Не сте сигурни дали ве сакаат затоа што вредите како личност или затоа...

Кичево1 ден

Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови

Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30...

Здравје и убавина1 ден

Овие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок

Високиот крвен притисок (хипертензија) претставува сериозно здравствено состојба која може да доведе до опасни, па дури и фатални последици, како...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (9 ноември)

ОВЕН Овни, бидете внимателни кога одлучувате што би можеле да направите. Ако сте разумни, ќе успеете во своите намери. Вашиот...

Спорт2 дена

Кичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“

Во рамките на 13-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, овој понеделник, 10 ноември 2025 година, со почеток во 13:00...

Кичево2 дена

Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот

На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен...

НАЈЧИТАНИ