Следете не

Скопје

Вооружена престрелка вечерва во скопски локал, неофицијално две лица биле убиени

Објавено пред

на

Престрелка помеѓу две криминални групи заврши со две убиени лица. Ова се случило вечерва пред кафулињата во Старата скопска чаршија. Местото е обезбедено со неколку полициски екипи и десетици службеници.

Сите информации се неофицијални, а од МВР велат дека се проверуваат сите детали.

Скопје

СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди

Објавено пред

на

Синоќа (11/12.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. При тоа за време на сообраќајната контрола акцентот беше ставен на учесниците во сообраќајот кои управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.

За време на контролата биле преземени мерки против 76 учесници во сообраќајот, од кои 20 санкции за возачи на мотоцикл. Од нив четири за возење мотоцикл без возачка дозвола, 10 санкции за возење без заштитна кацига, четири мерки за возење мотоцикл без положен испит…

Акциските контроли во рамки на оперативната акција ќе продолжат и во наредниот период со засилен интензитет.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Објавено пред

на

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од Р.Турција за сторено кривично дело обид за убиство по чл.123 ст.1, во врска со чл. 19 од КЗ, а од страна на судија на претходна  постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

На 10.05.2025 околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода У.Х., затоа што околу 01.30 часот физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди на А.С.(34) од Р.Турција, кој бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза” за укажување помош, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

Објавено пред

на

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 (недела) со почеток во 08.30 до 10.30 часот поради одржување на улична трка на 10 км, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Трката ќе започне со стартна позиција на бул.„Илинден“–локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, потоа до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон н.Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација-Фонтана на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 минута

Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација

На 12.05.2025, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршија засилени акциски контроли во шумскиот појас над неколку...

На денешен ден8 часа

На денешен ден – 13 мај

1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани Мастаи Ферети (Џовани, Ферети), од 1846 година папата Пиј IX (Пиј). За време на...

Кичево8 часа

„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 13.05 – вторник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен,...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (13 мај)

Овен Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го...

Храна18 часа

Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот

Луѓето кои се обидуваат да изгубат тежина или да одржат здрава тежина, јадат оброци со ограничена количина. Ваквата диета тешко...

Скопје18 часа

СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди

Синоќа (11/12.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (12 мај)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Македонија2 дена

МВР ќе поднесе кривична пријава за мачење животни, по видеото истакнато во јавноста

ОВР Куманово до ОЈО Крива Паланка ќе поднесе кривична пријава против А.А. (23) од Крива Паланка поради сомнение за сторено...

Хроника2 дена

Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради...

Скопје2 дена

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против У.Х. (35) од...

НАЈЧИТАНИ