Спорт
Минимална победа над Фарски Острови за втор триумф на македонската репрезентација во фудбал, стрелец Миовски во 82-та минута

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари минимална победа (1-0) над Фарски Острови на пријателскиот натпревар што се одигра на арената „Тодор Проески“. Тоа е втор триумф во низа за нашиот национален тим, а го обезбеди Бојан Миовски со погодокот во 82.минута. Тој доби употреблива топка, влезе во шеснаесетникот и со десната нога од 15 метри шутираше во спротивниот агол од голот на противникот.
Само три минути претходно Елиф Елмас имаше одлична шанса, но голманот на Фарски Острови успеа да одбрани во дуелот „еден на еден“.
На стартот од вториот дел, Дарко Чурлинов имаше исто така убава шанса, но не успеа да ја затресе мрежата.
Во првото полувреме, Езгјан Алиоски ја погоди гредата, а Дарко Велковски за малку не погоди од изгледна позиција. Во 28.минута не беше досуден и пенал за Македонија откако еден дефанзивец на Фарски Острови играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
На овој натпревар во дресот на Македонија дебитираше Јован Манев, а капитенот Стефан Ристовски го одигра 80.натпревар.
Додека младата репрезентација на Македонија до 17 години сосема заслужено успеа да оствари минимална победа над соодветната селекција на Романија во рамките на втората контролна средба одиграна помеѓу овие две селекции во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ во еден неизвесен натпревар, со многу борба и пожртвувана игра успеаа да издвојат минимална победа од 1:0.
Никола Стојковски беше стрелец на единствениот погодок на денешната средба во второто полувреме, во 65. минута. Нашите млади фудбалери беа подобар противник во текот на сите 90. минута. Имавме неколку одлични нереализирани можности за погодок преку Манојлов, Алији и Незири.
Македонија: Амар Хаџибулиќ, Анес Мељиќи, Андреј Велков, Андреј Љубевски, Мартин Јовановиќ, Максимилијан Димитриевски, Милот Синани, Никола Манојлов, Давид Матески, Алтин Алији;
Селектор: Вујадин Станојковиќ;
Спорт
Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години забележа убедлива победа од 3:0 против селекцијата на Црна Гора на пријателскиот натпревар кој вчера се одигра на теренот „Билјанини Извори“ во Охрид.
Младите македонски фудбалери покажаа доминација во текот на целиот меч. Иако во првото полувреме Масев, Ристиќ и Акики имаа неколку добри шанси, резултатот остана непроменет сè до 39. минута, кога Адриан Велески со продор и прецизен удар го отвори резултатот. Неколку минути подоцна, Марин Крстевски постигна прекрасен погодок со кој ја зголеми предноста на 2:0.
Во второто полувреме, по точно еден час игра, Крстевски мајсторски асистираше до Стефан Ристиќ, кој успешно реализираше за конечни 3:0. Во продолжението, Полимац и Емини имаа уште неколку шанси за гол, но црногорскиот голман беше на висина на задачата и спречи повисок пораз.
Вториот контролен дуел меѓу овие две репрезентации ќе се одигра на 21 август со почеток од 11:00 часот, повторно во Охрид.
Состав на Македонија (до 16 години):
Петар Талески, Михајло Павлов (82′ Далибор Марковиќ), Матеј Бочевски, Матеја Масев, Амар Акики (61′ Филип Ѓоргиоски), Александар Полимац (61′ Медин Емини), Стефан Ристиќ (76′ Ефе Раифи), Павел Стојанов (61′ Огнен Сивевски), Марин Крстевски (61′ Рон Мемеди), Илија Аксентиев (82′ Марио Стојчевски), Адриан Велески (76′ Благојче Седлоски).
Селектор: Иљами Исејни.
Состав на Црна Гора (до 16 години):
Дамјан Јанковиќ, Немања Нишавиќ (76′ Амар Суљевиќ), Немања Никочевиќ (61′ Алден Бајрамовиќ), Петар Мерсениќ (76′ Филип Хорхе), Андрија Нововиќ (61′ Лазар Булатовиќ), Лазар Грбовиќ (61′ Павле Јововиќ), Петар Вуковиќ (76′ Лука Влаховиќ), Данило Вуковиќ (61′ Лука Куч), Славко Конатар (76′ Дамјан Бесовиќ), Урош Самарџиќ, Никола Милачиќ (76′ Вук Каљевиќ).
Селектор: Владан Савиќ.
Спорт
ФФМ донесе значајна одлука, клубовите на „ВМФЛ“ нема да плаќаат котизација, „ФК Преспа“ доаѓа на местото од „ФК Беса“ која се откажа од натпреварувањата

Фудбалската федерација на Македонија донесе значајна одлука – клубовите кои се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига повеќе нема да имаат обврска да плаќаат котизација за учество во сезоната.
По речиси 15 години, ова е првпат второлигашите да бидат ослободени од оваа финансиска давачка. Одлуката е резултат на иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, со цел да се подобрат условите за функционирање на клубовите, да се намалат трошоците и да се поттикне развојот на натпреварувањето.
Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупна сума од 128.000 евра по сезона – директна поддршка за нивната финансиска стабилност и развој.
Во дополнение, откако ФК Беса 1976 потврди дека нема да се натпреварува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. Со тоа се обезбедува континуитет на лигата, зачувување на натпреварувачката рамнотежа и доследно почитување на принципите на фер-плеј, истакнаа од ФФМ.
Спорт
(ВИДЕО) Кичевски „ФК Напредок“ со полна пареа ги започна припремите за новата сезона, сонот е познат – „Враќање на победничките патеки“

Третолигашот „ФК Напредок“ од Кичево се чини дека овој пат сериозно го фати вистинскиот ритам и стабилна средина. Нивната цел е јасна, да се вратат на победничките патеки, преку втора лига и се разбира во најсилната прва лига во натпреварувањата.
Се уредува стадионот, клубот како што е познато веќе ја има покрај себе и новата управа која ветува многу. Подмладен состав од искусни фудбалери, но и повраток на поискусните кои не беа дел, а сега се помеѓу останатите.
Бобан Дујковиќ е новиот кормилар на клубот, во тандем со искусните легенди во стручниот штаб, ќе го води најдобриот состав на кичевчани во претстојната сезона. Искусниот стратег за Порта.мк откри низа новости, позитивни ветришта кои побудуваат прекрасни чувства на секој еден љубител на фудбалот, така што ние веруваме дека за брзо, ќе дојде ден град Кичево повторно ќе прерасне во место на фудбалот, каде во недела ќе бидат сите на градски. Иако почетоците се секогаш тешки, Дујковиќ ќе стори се да се врати довербата помеѓу играчите, управата, „Ѓаоли“ и кичевчани.
Порта.мк упатува честитки, посакува само успеси и плодна работа, која несомнено ќе носи резултати кои „ФК Напредок“ и Кичево заслужуваат, време е!
-
Кичево7 часа
(ВИДЕО) Пожарот во с.Душогубица кичевско сеуште активен, опожарени се пчелни сандаци и куќа
-
Кичево2 дена
Претставници од КУД „Бисер“ – Кичево се натпреваруваат за најубава народна носија на фестивалот во Полска, да им дадеме македонска поддршка
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (21 август)
-
Кичево1 ден
Непланиран времен прекин на електрична енергија во кичевските села Вранештица, Цер, Кладник и околината
-
Култура5 часа
Бдение и Божествена Литургија по повод „Успение на Мајката Божја“ во кичевскиот Манастир „Св.Богородица Пречиста“, богослужение на човечка посветеност и небесната утеха, земната привременост и вечниот живот
-
Временска прогноза2 дена
Краткотрајна стабилизација на времето, во петок ќе имаме транспорт на Сахарска прашина, така што атмосферата ќе биде заматена и времето ќе биде спарно
-
Спорт2 дена
Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години убедливо ја победи Црна Гора на пријателскиот меч одигран вчера на „Билјанини Извори“ во Охрид
-
Македонија2 дена
УЈП: Фирми во Македонија не исплатиле плати и придонеси на своите вработени