Здравје и убавина
Колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго? Објавена нова студија

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување.
Вежбањето е редовно поврзано со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци.
Што покажа студијата?
Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил уште помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години.
Научниците го поврзуваат одењето околу 8.000 чекори неделно еден или повеќе пати со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“.
3100 учесници во студијата
Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1937 пешачеле три до седум дена во неделата.
Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.
/RadioS
Здравје и убавина
Доколку сакате да ослабете, тоа незначи дека треба да се гладува

Редовната физичка активност во комбинација со балансирана и умерена исхрана претставува најсигурен начин за намалување на килограмите и обликување на телото. Кога еднаш ќе создадете рутина што ја спојува оваа здрава навика, можете да додадете и неколку дополнителни чекори кои ќе го олеснат процесот на слабеење и ќе ве доведат поблиску до вашата цел – посакуваната тежина и фигура.
1) Јадете свесно и на маса
Избегнувајте да јадете додека работите, сурфате на телефонот, гледате телевизија или читате. Истражувања во Велика Британија покажале дека луѓето кои јадат на ваков „расеан“ начин внесуваат повеќе калории, а подоцна во текот на денот повторно имаат потреба од храна.
Затоа, обидете се појадокот, ручекот и вечерата секогаш да ги консумирате на трпезариската маса, со целосно внимание на оброкот. На тој начин, телото подобро ќе ја препознае количината на внесена храна и ќе ви даде чувство на ситост навреме.
2) Изберете помали чинии
Користењето на помали садови е едноставен трик кој може да резултира со намален внес на храна и до 30%. Со ваков пристап, ќе го контролирате количеството без да се чувствувате лишени.
3) Осигурете си доволен сон
Недостатокот на сон е тесно поврзан со лош избор на храна. Кога сме ненаспани, имаме тенденција да бараме засладени намирници за „брзо будење“, што негативно влијае на метаболизмот и на контролата на тежината. Затоа, квалитетниот и доволен сон е еднакво важен дел од процесот на слабеење.
4) Спијте во целосна темнина
Светлината во просторијата може да го наруши квалитетот на сонот и да ја отежне регулацијата на телесната тежина. Голема студија спроведена во САД утврдила дека жените кои спиеле во темни простории имале помала веројатност да се соочат со прекумерна тежина.
За да ја подобрите ситуацијата, можете да инвестирате во завеси што не пропуштаат светлина или да користите маска за очи додека спиете.
Здравје и убавина
Витаминот „Д“ има клучна улога и во работа која сигурно не сте ја знаеле

Според сексологот д-р Али Дилкс, витамин „Д“ има клучна улога во сексуалното здравје, бидејќи го стимулира производството на тестостерон – хормонот кој директно влијае на либидото. Најприродниот начин за негово добивање е преку сончевата светлина.
Д-р Дилкс посочува дека мажите кои чувствуваат намалена сексуална желба можат да ја подобрат својата состојба доколку поминуваат по половина час дневно на сонце, во период од две недели. Таквата навика значително го зголемува нивото на витамин Д, а со тоа и сексуалната желба.
Недостатокот на овој витамин, додава таа, негативно влијае и врз жените. Кога нивото на витамин Д е ниско, се намалува лачењето на естроген – хормон кој е одговорен за цврстината и здравјето на вагиналните мускули.
Здравје и убавина
Сигурно сте се запрашале на што се алергични најмногу децата до три годишна возраст

Често кога се зборува за алергии, веднаш помислуваме на кикирики, риба или школки. Но, најчестата алергија кај децата до тригодишна возраст всушност е – алергијата на млеко. Според истражувањата, секое 40-то дете има ваква реакција, што е двапати почесто од алергијата на јајца и дури трипати почесто од алергијата на кикирики.
Добрата страна е што оваа алергија во повеќето случаи не претставува сериозна опасност и најчесто исчезнува со тек на времето. Наместо тешки симптоми со дишењето, кај најголем број деца се појавуваат кожни реакции – дерматитис или осип.
Но, тука се јавува една честа заблуда – многу родители веднаш претпоставуваат дека секое повраќање или осип се должи на алергија, па им воведуваат на децата рестрикции во исхраната. Таквите мерки често се неоправдани и можат да му наштетат на целокупното здравје на детето.
Затоа е важно:
👉 Не поставувајте сами дијагноза.
👉 Доколку се сомневате, консултирајте педијатар или алерголог.
👉 Не воведувајте посебни режими на исхрана доколку нема јасна медицинска причина.
Интересно е и гледиштето познато како „хипотеза на хигиена“. Таа укажува дека претерано стерилното окружување може да го зголеми ризикот од алергии. Истражувањата покажуваат дека во земји како Израел и Кина, каде што децата уште во најрана возраст се запознаваат со екстракти од кикирики, процентот на алергии е значително понизок.
Порака до родителите:
Рамнотежата е најважна. Наместо непотребни ограничувања или претерана стерилност, доверете се на стручна проценка и овозможете му на вашето дете разновидна и балансирана исхрана.
Извор: mayoclinic.org / делумни факти
-
Хроника1 ден
Вчера утро на магистралниот пат Кичево-Охрид се случила трагична сообраќајка каде животот го загуби младо момче од кичевско
-
Кичево1 ден
Денес се одбележува 82 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (6 октомври)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за вторник (7 октомври)
-
Македонија1 ден
Од вечерва горивата со намалена цена за литар
-
Македонија10 часа
Целосно затворен патен правец Велес-Тетово помеѓу Волково и Кондово, истиот ќе се одвива двонасочно поради градежни работи
-
Хроника5 часа
По долга и тешка болест почина познатиот пејач – Халид Бешлиќ
-
Технологија9 часа
„Snapdragon X2 Elite Extreme“ новото „чудовиште“ од процесор на „Qualcomm“ за најмоќните лаптопи и премиум мобилни телефони