Кичево
35 години на кичевскиот и интернационалниот пазар „Евро Терм С“, вашето најквалитетно решение за парно греење и водовод за вашиот дом

За денес истакнуваме кичевска фирма која постои повеќе од 35 години успешно на пазарот, станува збор за „Евро Терм С“. Нејзината главна улога е дејност и инсталација на парно греење (подно и радијаторско), топлотни пумпи, водовод, фенкојлери.
„Евро Терм С“ работи со најсовремените и најквалитетни материјали на светско ниво, како што се „Geberit, Giacomini, Vaillant, Tiemme“
Во својата богата палета на изработки главно работат на домашен пазар за сите ваши комплетни потреби, на секаков вид станбен и деловен простор, облакодери и останато. Несомнено број 1 лидери во својата дејност со најмногу инсталации и изработени проекти во Кичево и околината.
Секојдневните барања на купувачите за сите системи на греење и ладење е вистински предизвик за нив, тука велат за себе ги инсталираат беспрекорно иновативните системи со висока енергетска ефикасност за клиенти кои ќе одлучат да инвестираат во деловни или станбени објекти, со врвен квалитет.
Повеќе информации ќе најдете на телефонските броеви ☎️ 070/263-007 & 070/223-507
Изберете го најдоброто за вашиот дом!
„Евро Терм С“
Мал дел галерија од работата на оваа успешна компанија:
Кичево
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај

- Градски плоштад
- Бул. „Ослободување“ до раскрсница со ул. „11-ти Септември“
- Ул. „11-ти Септември“ до ул. „Веле Змејковски“
- Ул. „Маршал Тито“ до Берза
- Ул. „Амит Челопечанец“
- Ул. „29 Ноември“
- Ул. „Борис Кидрич“ до раскрсница со ул. „Рудничка“
- Ул. „Рудничка“ до Бул. „Ослободување“
- Ул. „Тане Цалески“ до ул. „Маршал Тито“
- Ул. „Маршал Тито“ до градски плоштад
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
-
Кичево1 ден
Поради одржување на атлетска трка во Кичево, во недела следните улици и делови на градот ќе бидат затворени за сообраќај
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (5 септември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за сабота (6 септември)
-
Македонија23 часа
Од една до друга патарина на патен правец Гостивар-Тетово, ќе се изведуваат градежни работи со времетраење од две седмици
-
Автомобили1 ден
Десетте најпродавани автомобили во Европа во 2025 година
-
Магазин1 ден
Тајната на вистинскиот италијански болоњезе сос