Кичево
„Станица Стража“ вработува касиери, кои добиваат платен превоз, хранарина, осигурани од прв ден. Работете во одлични работни услови!

Реномираниот бренд „Станица Стража“ кој успешно работи тековно во годините има потреба од касиери, кои ќе бидат во редовен работен однос, осигурани од првиот работен ден, платен превоз, почетна плата 24,000 ден (со оглед на успешноста можност за напредување), хранарина и одлични услови за работа.
Како што знаеме, се работи за мултифункционалниот објект и бренд кој е посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, белите пецива, вкусен бурек, во лето незаменлив амбиентален простор и ладовина, додека во зима уникатен и природен снежен гламур, позициониран на превој „Стража“
Сите заинтересирани можат да контактираат повеќе на 075/788-322 или да дојдат во објектот.
Кичево
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!

На 11.07.2025 во 15.45 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај месноста „Горица“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево, го лишија од слобода албанскиот државјанин С.М.(51), кој на полициските службеници им понудил пари како поткуп со цел, да не преземаат службени мерки против него.
ОВР Кичево, до ОЈО Кичево поднесена кривична пријава, по што С.М. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, за Порта.мк истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна

Денес во 9 часот во ТППЕ Кичево било пријавено за настанат пожар на куќа и плевна во село Јагол кичевско. По пријавата, ТППЕ Кичево со три возила и две екипи веднаш се упатиле на интервенција во опожарениот објект, каде успешно за завршија задачата.
За порта.мк од ТППЕ Кичево истакнаа дека целосно е спасен објектот блиску до опжарената куќа, која доколку не би се интервенирало професионално и брзо, пламените јазици исто ќе биле фатални.
Апел за поголемо внимание!
Кичево
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден

На 09.07.2025 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција-Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на ОВР Кичево, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 86 возачи од кои: 25 лица за возење без возачка дозвола, 10 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и полиса, 1 возач кој управува моторно возило под дејство на алкохол, 2 возачи кои управувале возило со несоодветна категорија, 1 возач кој управувал возило со неисправно светлосно сигнални уреди, 15 возачи за некористење на заштитен шлем-кацига, 1 возач на возило со затемнети стакла без извршен А-тест, две мерки кон возачи кои исто така вршат јавен превоз на патници без да извршат вонреден технички преглед, една мерка кон возач кој не ја поседува пропишаната опрема во возилото, две одземени возачки дозволи по член 341 од ЗБСП како и одземени два мотори по член 344 од ЗБСП и превземени се мерки против 28 учесници во сообраќај за останати сообраќајни прекршоци.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакна МВР.
-
Кичево6 часа
Албански државјанин на кичевската полиција им понудил пари, бил експресно лишен од слобода!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево1 ден
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Култура1 ден
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Култура10 часа
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци
-
Lifestyle1 ден
Топлотниот бран може да биде смртоносен за кучињата оставени во автомобил – еве како да ги заштитите