Следете не

Свет

Од загадениот воздух во Европа годишно умираат 1.200 луѓе помлади од 18 години

Објавено пред

на

Како резултат на загадениот воздух во Европа, годишно умираат 1.200 лица помлади од 18 години, се наведува во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), кој беше објавен денеска.

Како и кај возрасните, ова загадување е главниот еколошки ризик за здравјето на малолетниците и го намалува нивниот животен век, се вели во студијата која опфаќа околу 30 европски земји, вклучително и 27 земји од ЕУ.

„Загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од 1.200 предвремени смртни случаи годишно кај лица помлади од 18 години во Европа и значително го зголемува ризикот од болести подоцна во животот“, се вели во извештајот на ЕЕА.

Во него се наведува дека и покрај напредокот постигнат во последните години, нивото на неколку големи загадувачи на воздухот и понатаму останува над препораките на Светската здравствена организација, особено во Централна и Источна Европа, како и во Италија.

Неколку европски земји, меѓу кои Велика Британија и Украина, не беа вклучени во студијата, што укажува дека рамнотежата за стариот континент може да биде уште потешка.

Според претходниот извештај на Агенцијата, објавен во ноември минатата година, најмалку 239.000 луѓе од сите возрасти починале предвреме во 2020 година во Европа поради загадениот воздух во земјите-членки на агенцијата (ЕУ, Турција, Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн).

Студијата објавена денеска е првата која конкретно се однесува на лица помлади од 18 години. Иако пропорционалниот број на деца и адолесценти погодени од аерозагадувањето е „релативно низок“ во споредба со целата популација, таквата рана смрт претставува губење на потенцијалната иднина, како и значителен товар од хронични болести и во детството и подоцна во животот. – наведува агенцијата.

Агенцијата препорачува фокусирање на квалитетот на воздухот околу училиштата и градинките, како и спортските објекти и јавниот превоз.

Влијанието на загадениот воздух започнува пред раѓањето, со изложеност на мајките на загадување кое е поврзано со помала родилна тежина и предвремено породување.

По раѓањето, загадениот воздух го зголемува ризикот од неколку здравствени проблеми, вклучувајќи астма, која погодува девет отсто од малолетниците во Европа, или респираторни инфекции и респираторна инсуфициенција, наведува Агенцијата.

/N1Info

Свет

„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.

Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.

Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).

Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.

Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.

Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.

Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.

Прочитај повеќе...

Свет

Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес

Објавено пред

на

ФОТО: EMSC (archive)

Во Киргистан денеска е регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Потресот бил лоциран на околу 12 километри југоисточно од главниот град Бишкек, на длабочина од приближно 12 километри.

Очевидци сведочат дека земјата се тресела околу две до три минути, пренесе ТАСС.

Досега нема информации за повредени лица или материјални оштетувања.

Прочитај повеќе...

Свет

(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци

Објавено пред

на

ФОТО: printscreen/video/x/Víctor Sánchez Baños

Португалија денеска тагува по трагедијата што го потресе главниот град Лисабон, откако 15 лица ги загубија животите, а најмалку 18 завршија во болница по излетувањето од шините на историската жичница „Глорија“. Петмина од повредените се во критична состојба, соопштија службите за итни интервенции.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот по локално време, на ридската траса која ја поврзува централниот плоштад Рестаурадорес со познатиот кварт Баиро Алто. Властите потврдија дека меѓу загинатите има и странски туристи, но нивната националност сè уште не е официјално објавена.

Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, по посетата на повредените во болница изјави дека градот минува низ „еден од најтешките моменти во поновата историја“. Претседателот Марсело Ребело де Соуза, пак, упати сочувство до семејствата и најави дека државата ќе ја утврди целосната одговорност за трагедијата.

Истрагата за причините е во тек и во неа се вклучени повеќе институции – управувачката компанија „Карис“, Националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција. Од „Карис“ тврдат дека жичницата редовно била подложувана на инспекции, но очевидци изјавиле дека пред судирот со зграда на стрмната улица најверојатно дошло до дефект на сопирачките.

На снимки споделени на социјалните мрежи се гледа целосно превртено и оштетено возило во препознатливата жолта боја, а сведоци раскажуваат дека неколку патници биле извлечени од урнатините со помош на спасувачките екипи.

Жичницата „Глорија“, која работи веќе 140 години, е еден од симболите на Лисабон и претставува омилена атракција за туристите.

Трагедијата предизвика и меѓународни реакции. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и шпанскиот премиер Педро Санчез испратија пораки на поддршка и солидарност со португалскиот народ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин1 минута

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

Фото: Liliana Drew @ pexels Фото: Liliana Drew @ pexels
Lifestyle4 минути

Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови...

На денешен ден44 минути

Светот на денешен ден (28 октомври)

1492 – Кристофер Колумбо ја открил Куба за време на своето прво патување преку Атлантскиот океан и ја прогласил за...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (28 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин23 часа

One UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите

Новата функција „Приоритизирај ги известувањата“ во Samsung One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците да ги задржат најважните известувања...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин23 часа

Instagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа

Многу корисници долго време ја бараа, а Instagram конечно ја воведува – новата функција „Watch History“ која овозможува да ги...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин23 часа

Како да го смените фонтот на вашиот Android телефон

Една од најголемите предности на Android е тоа што овозможува целосна персонализација на изгледот на телефонот – од теми и...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин23 часа

Meta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp

„Meta “ ја ажурираше својата политика за WhatsApp Business API, со која ќе ги забрани четботовите со вештачка интелигенција за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (27 октомври)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Временска прогноза2 дена

Од ноќеска засилен бран на дожд, грмежи и ветер особено во западниот регион од Република Македонија, ова се информациите

Под влијание на голем циклонски систем со центар над Џенова во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 27 октомври)...

НАЈЧИТАНИ