Магазин
ChatGPT добива анонимен режим што не ја зачувува историјата на разговори на корисникот

„Ќе се движиме се повеќе и повеќе во насока на приоритизирање на приватноста на корисниците со цел моделите да бидат суперкомпатибилни: да го прават она што вие сакате да го прават“, рече OpenAI.
OpenAI воведува „incognito mode“ за својот чет-бот ChatGPT кој не ја складира историјата на разговори на корисниците и не ја користи за да ја подобри својата вештачка интелигенција. Стартапот исто така планира да воведе претплата „ChatGPT Business“ со дополнителни контроли на податоци.
Овој потег доаѓа откако избувна контроверзност околу тоа како ChatGPT и другите чет-ботови управуваат со стотици милиони кориснички податоци, кои обично се користат за подобрување или обука на вештачката интелигенција.
Италијанскиот регулатор за заштита на податоците привремено го блокираше пристапот до ChatGPT и отвори истрага за, како што вели, незаконско собирање лични податоци и неуспех да се потврди статусот на малолетниците. OpenAI може да ја продолжи услугата доколку ги исполнува барањата како што е давање алатки на потрошувачите да се спротивстават на обработката на нивните податоци. Италија не е единствената земја – Франција и Шпанија исто така почнаа да ја разгледуваат услугата.
Мира Мурати, главен директор за технологија на OpenAI, рече дека компанијата е во согласност со европскиот закон за приватност и работи на смирување на регулаторите. Таа додаде дека новите функции не се резултат на италијанската забрана за ChatGPT, туку повеќемесечниот напор да се стават корисниците „на возачкото место“ во однос на собирањето податоци.
Приватноста на прво место
„Ќе се движиме сè повеќе во насока на приоритет на приватноста на корисниците со цел моделите да бидат супер усогласени: да го прават она што го сакате“, рече Мурати.
Николас Турли од OpenAI ја спореди новата функција со анонимниот режим на интернет прелистувачите. Тој нагласи дека компанијата сепак ќе ги задржи разговорите 30 дена за да ја следи злоупотребата пред трајно да ги избрише.
Хороскоп
Хороскоп за петок (5 септември)

Овен
Пробувате да дојдете до некои промени, но тоа не ви оди од рака.
Можно е да имате трема пред средбата со личност која многу ви значи. Имате впечаток дека таа е вашата сродна душа.
Исцрпени сте.
Бик
Можете да се потпрете на своите колеги. Денешниот ден е многу поволен за работа.
Ако сте слободни, можете да очекувате ново познанство кое во вашиот живот ќе донесе среќа.
Имате проблеми со циркулацијата.
Близнаци
Можно е да не добивате поддршка онака како што очекувате и да морате да ги менувате плановите врзани за работата.
Ве очекува интересно познанство на љубовен план. Пред вас е фаза која е поволна за почеток на нова врска.
Можни се проблеми со зглобовите.
Рак
Можни се недоразбирања со надредените. Потрудете се да на ги комплицирате работите многу.
Запознавате интересна личност овие денови која покажува голем интерес за вас. Денот е поволен за флерт.
Можни се проблеми со алергиите.
Лав
Немојте да очекувате премногу бидејќи денешниот ден не е претерано поволен. Пуштете ги работите по својот природен тек.
Не се сложувате најдобро со саканата личност. Сепак, избегнувајте ги кавгите.
Лош метаболизам.
Девица
Имавте некои поголеми трошоци, но успеавте да ги избалансирате. Горди сте на себеси.
Често мислите на личноста која ви значи.
Намалете го алкохолот.
Вага
Ситуацијата на работа во голема мера зависи од ставот кој ќе го заземете. Потрудете се да се поставите зрело и одговорно.
Добро се чувствувате покрај саканата личност. Ве очекува фаза во која вашата врска ќе напредува.
Ве очекува мал пад на енергијата.
Шкорпија
Можете да очекувате позитивен став од колегите. Работите ви одат од рака и задоволни сте.
Денес ве очекува интересна и возбудлива ситуација со личноста која ја сакате. Ќе се зближите повеќе.
Потрудете се да вежбате.
Стрелец
Ве очекува поволен ден за почеток на нова работа и нови соработки.
Добивате внимание од личност за која подолго сте заинтересирани. Можно е конечно да сте подготвени за љубовна врска.
Стомакот ви е чувствителен.
Јарец
Можете да сметате на стабилна ситуација кога станува збор за работата. Работите ви одат од рака.
Лесно ги покажувате своите чувства и добро се сложувате со брачниот партнер. Задоволни сте со тоа што го имате.
Здравјето е одлично.
Водолија
Ќе бидете добро расположени и мотивирани за работа.
И верувате на личноста која сте ја избрале и сметате дека ве очекува светла иднина.
Можете да очекувате одлична состојба.
Риби
Ако сакате промена на професионален план, ќе треба да се потрудите за тоа.
На прво место ви е односот со саканата личност. Тежнеете кон стабилност.
Низок притисок.
Магазин
YouTube укинува Premium Family сметки надвор од заедничко домаќинство

YouTube го следи примерот на Netflix и Disney+, воведувајќи построги правила за користење на Premium Family пакетите. Компанијата почна да испраќа известувања до корисници кои го користат планот од различни локации, со што практично се ограничува споделувањето на сметки надвор од исто домаќинство.
Известувања и рок од 14 дена
Корисниците кои не се на иста адреса со „менаџерот на семејството“ (лицето што го активирало планот) добиваат известување дека нивното членство ќе биде паузирано за 14 дена. Во пораката јасно е наведено дека оваа практика е во спротивност со условите за користење.
Иако ова правило отсекогаш постоело, YouTube сега за прв пат почнува сериозно да го спроведува. Целта е очигледна – да се намали споделувањето на сметки и да се зголеми бројот на индивидуални претплати.
Нема „средна опција“ како кај Netflix
За разлика од Netflix, кој понуди можност за додавање на дополнителни членови за мала доплата, YouTube засега нема вакво решение. Исклучените корисници имаат само две опции:
-
да преминат на индивидуална Premium претплата, или
-
целосно да се откажат од услугата.
Што следува?
Не е познато дали YouTube во иднина ќе воведе поблаги модели или нови пакети за корисници кои сакаат да останат дел од истото „семејство“ без да делат ист дом. Во моментов, условот е јасен – сите членови на Premium Family мора да живеат во исто домаќинство.
Извор: Streberi
Мобилни уреди
Батеријата се празни додека полните? Еве што треба да знаете

Современите Android телефони доаѓаат со моќни и ефикасни процесори, како и батерии со поголем капацитет. Вообичаено, тие можат да издржат цел ден со едно полнење. Дополнително, технологиите за брзо жично и безжично полнење го прават користењето уште попрактично.
Сепак, понекогаш се јавува проблем кој корисниците го сметаат за најфрустрирачки – телефонот е на полнач, а батеријата сепак се празни.
Зошто се случува ова?
-
Неквалитетен или неконпатибилен полнач – денес повеќето телефони се испорачуваат само со USB кабел, а изборот на адаптер е на корисникот. Ако адаптерот не ги исполнува спецификациите на телефонот, полнењето може да биде недоволно ефикасно.
-
Стара или оштетена батерија – по неколку години користење, капацитетот на батеријата значително опаѓа. Android уредите може да покажат информации преку апликации од трети страни, додека iPhone овие податоци ги има во делот Battery Health. Ако батеријата е премногу деградирана, често е потребна замена.
-
Апликации во позадина – одредени апликации и услуги можат да трошат енергија дури и кога телефонот мирува. Графички тешките игри, како Call of Duty: Mobile или Genshin Impact, можат дополнително да го загреат уредот и да ја забават ефикасноста на полнењето.
-
Прегревање – високите температури можат да ја оштетат батеријата и да предизвикаат проблеми со полнењето. Затоа е важно телефонот да се полни во постудена средина.
Како да го решите проблемот?
Ако телефонот постојано се празни додека е приклучен на полнач:
-
Проверете дали користите компатибилен адаптер и кабел.
-
Размислете за замена на батеријата ако е стара.
-
Исклучете GPS, Bluetooth и апликации во позадина што не ви се потребни.
-
Избегнувајте полнење кога телефонот е веќе загреан.
Совети за подолго траење на батеријата
-
Намалете ја светлината на екранот.
-
Активирајте режим за заштеда на енергија во итни ситуации.
-
Не оставајте го телефонот долго време на 100% полнење.
Со правилна грижа, батеријата може значително подолго да го задржи својот капацитет и да обезбеди сигурни перформанси.
Извор: V-Online
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево2 дена
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Македонија1 ден
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Lifestyle2 дена
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Свет15 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Македонија1 ден
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-
Временска прогноза16 часа
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд