Следете не

Кичево

Драги родители, ова се сите информации за упис на дечињата во прво одделение во кичевските основни училишта за 2023/2024 год.

Објавено пред

на

И оваа година во пресрет на уписите на првачиња во тековната 2023/2024 ви ги истакнуваме сите потребни информации од кичевските училишта поединечно. Ова е се што треба да знаете за вашето дете

ООУД-р Владимир Полежиноски“ – Кичево го истакна следното соопштение. Во прво одделение се запишуваат ученици кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години. По исклучок во прво одделение можат да се запишат деца кои до 31.01.2024 год ќе наполнат 6 години по претходно доставено барање од родител и добиено мислење од стручната служба во училиштето.

Потребна документација за упис:

  • Фотокопија од извод од матична книга на родени
  • Потврда за примени задолжителни вакцини
  • Потврда за извршен стоматолошки преглед
  • Потврда за извршен офталмолошки преглед.

– Потврдите треба да бидат издадени од надлежна здравствена установа.

Уписот на учениците ќе се врши во месец мај, од 02.05.2023 год. Пријавувањето на учениците може да се врши со физичко присуство или електронски преку веб страната ТУКА со пополнување на апликацијата за упис и прикачување на документите во скенирана форма.

По поднесеното барање за упис, родителите ќе бидат контактирани од страна на Комисијата во училиштето, со цел закажување на термин за проценка на детето за упис во прво одделение, додека родителите со себе треба да понесат документ за идентификација односно лична карта.

ОУСанде Штерјоски“ – Кичево – ќе запишува ученици во I-(прво) одделение за учебната 2023/2024 год во временски период од 02.05.2023 год (вторник) до 31.05.2023 год (среда) под следните услови:

  1. Во прво одделение ќе се запишат сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години (да се родени 2017 год и сите деца родени до 31 јануари 2018  год, по претходно барање од родителот и добиеното мислење од педагогот и психилогот во училиштето)
  2. При запишување потребен е извод од матична книга на родени со матичен број (не мора да е нов, но изводот да е оригинал и заверена фотокопија)
  3. При запишување на детето во прво одделение родителот/старателот е должен да достави:
  • потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа
  • потврда за стоматолошки преглед од надлежната здравствената установа или матичен стоматолог
  • потврда од офталмолошки преглед од надлежна здравствена установа

При запишувањена дете со попреченост во прво одделение, родителот/старателот е должен да достави мислење-функционален прпофил од Комисија за проценка на деца и младинци за дополнително образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

Запишувањето ќе го врши Комисијата на училиштето составена од Педагогот, Психилогот и Одд.Наставник.

Родителите на децата кои се за запишување во прво одделение заради прибирање на податоци потребни за нивното евидентирање треба во паралелките на македонски и турски наставен јази да се јават на следниот тел бр. ☎️ 078/434-802 од Педагогот на училиштето за да одредат термин за денот и времето на опсервација на нивното дете.

Децата за упис треба да доаѓаат заедно со родител поради евидентирање на точни податоци од децата.

Родителите/старателите ќе можат да пополнат пријава преку апликација за упис на ученици во прво одделение преку порталот на „Услуги“ – ТУКА

ООУ „Кузман Јосифоски-Питу – Кичево за уписи на првачиња го истакнуваат следното соопштение:

  1. Децата во прво одделение во основното училиште оваа учебна година се запишуваат во месец мај за следната учебна година.
  2. Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни 6 години (родени 2017 год)
  3. Детето може да се запише во прво одделение доколку наполни 6 години до 31 јануари наредната година (2024г), по предходно барање на родителот, односно старателот и добиено мислење од Педагогот или Психологот во училиштето (родени јануари, 2018)
  4. При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот е должен да ги достави следните документи:
  • извор од Матична книга на родените (копија), без разлика на датум на издавање
  • потврда за примените задолжителни вакцини за детето
  • стоматолошки преглед издадени од надлежна здравствена установа (детска и превентивна стоматологија-Кичево во време од 08:30-13:30ч со пауза од 10:30 до 11:00ч)
  • офталмолошки преглед издаден од надлежна здравствена установа (со упат од матичен лекар)

5.  При запишувањето на детето со попреченост во прво одделение родителот односно старателот е должен да достави и мислење/функционален профил од Комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

При уписот треба да е присутно детето со еден од родителите кој со себе ќе носи документ за идентификација.

Родителите се покануваат да дојдат во стручната служба во училиштето за закажување на термин секој ден од 09:00 – 15:00 часот.

Опсервација и запишување на детето почнува на 03.05.2023 год. 

Кичево

Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов

Објавено пред

на

На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.

Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од  пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.

По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!

Објавено пред

на

©porta.mk

Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.

Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.

Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“

Објавено пред

на

Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.

Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!

Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин11 минути

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин15 минути

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

Фото: Liliana Drew @ pexels Фото: Liliana Drew @ pexels
Lifestyle17 минути

Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови...

На денешен ден57 минути

Светот на денешен ден (28 октомври)

1492 – Кристофер Колумбо ја открил Куба за време на своето прво патување преку Атлантскиот океан и ја прогласил за...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за вторник (28 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин23 часа

One UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите

Новата функција „Приоритизирај ги известувањата“ во Samsung One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците да ги задржат најважните известувања...

Фото: Shutter Speed @ unsplash Фото: Shutter Speed @ unsplash
Магазин23 часа

Instagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа

Многу корисници долго време ја бараа, а Instagram конечно ја воведува – новата функција „Watch History“ која овозможува да ги...

Фото: Jonas Leupe @ unsplash Фото: Jonas Leupe @ unsplash
Магазин23 часа

Како да го смените фонтот на вашиот Android телефон

Една од најголемите предности на Android е тоа што овозможува целосна персонализација на изгледот на телефонот – од теми и...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин24 часа

Meta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp

„Meta “ ја ажурираше својата политика за WhatsApp Business API, со која ќе ги забрани четботовите со вештачка интелигенција за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (27 октомври)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

НАЈЧИТАНИ