Автомобили
Паѓаат рекорди: Огромен скок на продажбата на електрични автомобили
Автомобилската индустрија минува низ револуционерни моменти и значително ќе влијае на глобалниот пазар доколку се оствари очекуваната проценка дека една петтина од продадените автомобили во 2023 година ќе бидат електрични.
Тоа особено ќе има последици на пазарот на различни ресурси, но пред се нафта. До 2030 година се очекува помалку да се користат пет милиони барели нафта дневно. Оваа година би можела да биде рекордна за побарувачка на електрични автомобили, со проценет скок од 35 отсто во споредба со минатата година.
Според извештаите на Меѓународната агенција за енергетика, во 2022 година во светот се продадени десет милиони електрични автомобили, а споменатиот скок од 35 проценти подразбира продадени 14 милиони електрични автомобили во 2023 година, односно четири милиони повеќе од овие возила на патиштата. Во рок од две години нивниот удел скокна за десет отсто на светскиот пазар, а се очекува овој процент да се зголемува од година во година.
Директорот на оваа агенција изјави дека автомобилите се секако почетна фаза во електрификацијата на возилата, но дека тоа го чекаат и други транспортни средства. Земјите во кои на пазарот се продаваат се повеќе електрични возила во однос на возилата со внатрешно согорување секако се оние со развиени економии како земјите од ЕУ, САД, но пред се Кина, каде што се наоѓаат дури половина од продадените електрични возила.
Се очекува до 2030 година во споменатите земји 60 отсто од автомобилите на улиците да бидат електрични, а тој процес особено ќе ги забрза различните јавни политики, програми, субвенции и други мерки за кои одлучуваат се поголем број земји. .
Како што пишува енергетскиот портал, најавените проекти со сегашната динамика на производство на батерии можат да ги исполнат поставените цели за 2030 година, а Кина се уште доминира во производството на батерии и секоја година го зголемува својот процент од извозот на електрични автомобили на светскиот пазар – третина од автомобилите минатата година се продадени со потекло од оваа земја.
Што се однесува до помалку развиените земји, продажбата на електрични автомобили се зголеми за повеќе од три пати во Индија и Индонезија минатата година. Специфично за овие економии е тоа што транспортните средства на две или три тркала кои се електрични се многу поприсутни, а тоа можеме да го забележиме и во Македонија.
Автомобили
(ВИДЕО) „Tuning Car Show“ во Прилеп доби нова димензија со видеата на тимот од „Autodonia“
Традиционалниот „Tuning Car Show“ во Прилеп дефинитивно е еден од најпрестижните манифестации за сите љубители на автомобилизмот. На 11-ти октомври традиционално се одржа и овогоднинешното издание под покровителство на Општина Прилеп и останатите спонзори.
Вообичаено забележителни се многу видеографи, доста компании кои овој настан знаат и умеат да го пренесат, но токму нас, впечатлив пренос на овој настан ни остави „Autodonia“. Неуморните дечки на чело со Nenad Kaevik. Дечкото е специјализиран за изработка на визуелно импресивни и високо функционални дигитални решенија. Вистински љубеник на автомобилизмот кој успева на секој битен настан да биде прв.
Во оваа прилика од нашиот медиум упатуваме честитка за успешна работа, а вие не чекате уште веднаш посетете го неговиот бизнис инстаграм профил ТУКА – верувајте има што да видите, за повеќе информации за неговата работа и портфолио погледнете ТУКА
Промо видео од „Tuning Car Show“ – Прилеп:
Автомобили
Volvo го прекинува производството на моделот V90 — последниот примерок оди во музеј
По девет години и речиси 250.000 произведени примероци, Volvo официјално го прекина производството на моделите V90 и V90 Cross Country. Со тоа, уште еден од најелегантните каравани на пазарот заминува во историјата.
Класата на каравани веќе подолго време полека исчезнува, заменета со SUV модели кои доминираат во продажбата. Според порталот Carscoops, шведскиот производител Volvo Cars го стави крајот на производството на V90 и неговата надградена верзија V90 Cross Country по речиси една деценија на пазарот. Иако оваа одлука беше најавувана веќе неколку години, за многу љубители на класичните каравани ова е тажен момент.
Volvo го лансираше V90 во 2016 година, а дизајнот доби суптилно освежување во 2020 година. И денес, моделот изгледа модерно и префинето, со типичен скандинавски стил. Во текот на својот животен циклус, V90 понуди богата палета на мотори — од 2.0-литарски турбодизел со 148 коњски сили, до турбополнет и компресорски бензинец со 316 КС, па сè до plug-in хибрид со импресивни 455 КС.
Вкупно беа произведени околу 250.000 примероци, а последниот V90 нема да биде ставен во продажба. Наместо тоа, Volvo го додаде во својата колекција Heritage, каде ќе биде изложен во музејот „Светот на Volvo“ (World of Volvo) во Гетеборг. Таму ќе стои рамо до рамо со легендарни модели како Volvo 145, Volvo 960 и Amazon P220.
Судбината на V90 беше неизвесна веќе подолго време. Кон средината на 2023 година, Volvo објави дека ќе ја прекине продажбата на моделите V90, S90, S60 и V60 на британскиот пазар, во рамките на транзицијата кон SUV возила. Сепак, помалку од една година подоцна, поради зголемената побарувачка, компанијата повторно ги врати V60 и V90 во продажба во Велика Британија.
Со престанокот на производството на V90, моделот V60 останува единствениот караван во понудата на Volvo. Но, бидејќи сегашната генерација е на пазарот од 2018 година, не е сигурно колку долго ќе опстои. Се шпекулира дека Volvo би можел целосно да се збогува со караваните по моделската 2026 година, завршувајќи една славна ера што го направи брендот светски препознатлив.
Извор: BUG
Автомобили
(ФОТО) Кичево и Бојоски денеска со високо трето место на „авто слалом“ во Прилеп по повод 11-ти Октомври
Нашиот кичевчанец Кристијан Бојоски го освои високото трето место во класа над 1600 cм³, и четврто место во друга класа на „Авто слалом“ трката денес по повод 11-ти Октомври традиционално во Прилеп – во организација на Авто мото клуб „Автомото Класика“ – Прилеп

Кристијан Бојоски (трето место)
Повеќе фотографии од овој настан може да download-ирате во продолжение ТУКА, во следните чекори „View content“ > Download (icon). Во оваа прилика им благодариме за официјалната покана до Порта.мк на „Автомото Класика“, се гледаме до година.
И на крај пред претставување на галеријата, оваа прилика ја користиме да го поздравиме со топло добредојде во тимот „Авто шлеп“ – Лони Кичево кој од денес на сите интернационални и домашни натпреварувања ќе го вози модифицираното возило на Кристијан Бојоски!
Мал дел фотографии:
-
Кичево21 часВчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
-
Хороскоп1 денХороскоп за сабота (25 октомври)
-
Спорт14 часаФК Напредок со победа и едноминутно молчење оддаде почит кон легендата Зоран Ѓорѓиоски-Мрско
-
Хороскоп12 часаХороскоп за недела (26 октомври)
-
Македонија2 денаВисоки претставници на МВР денес беа во работна посета на ГП Блато и ОВР Дебар
-
Временска прогноза22 часаОд утре доаѓа бура од дождови во западниот регион од Македонија
-
Мобилни уреди2 дена„Samsung Galaxy S26 Ultra“, се очекува да биде презентиран кон почеток на јануари идната година, супер моќен и елегантен мобилен телефон
-
Магазин19 часаВидео и аудио платформата „Јутјуб“ постави нов рекорд во исплати за нивните креатори










