Кичево
Утре во ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево одиме сите на големиот „Велигденски концерт“, гости ќе бидат „Зарина првасевда, Чалгии Мерак и Хорот „Митрополит Козма Пречистански“
Радоста на Воскресението засветли во нашите срца „Радоста од висините“, „спасителната радост“ се јави. Од празниот Гроб во Ерусалим ни доаѓа утеха и надеж! Торжествува сега целата земја, огреана од животворните зраци на Христовата победа и секое срце го слави Христа Воскреснатиот!
Така и ние, поттикнати од таинствената светлина на невечерниот ден посакавме радосно да го прославиме Животот, и да му запееме на Оној Кој Воскресна од мртвите и ја победи смртта, а со тоа ни подари живот вечен.

По тој повод, исполнети со неовоземно веселие и пасхални восклици, би сакале и сите Вие да земете учество во нашето славје, и сите да ја прославиме победата над смртта, радосно пеејќи: ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!
- Бидете дел од големиот „Велигденски концерт“ кој ќе се одржи утре недела (30.04.2023) во Центарот за култура „Кочо Рацин“ со почеток од 12:00 часот
Свое учество ќе земат, неповторливите:
„Зарина Првасевда“
„Чалгии Мерак“
Хор „Митрополит Козма Пречистански“
Од организаторите
Кичево
Вчера во кичевското с.Староец затекнат бил крушевчанец на криволов
На 24.10.2025 околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода А.З.(60) од Крушево.
Претходно, во атарот на кичевското село Староец, ловочувар од ловечко здружение „Елен“ од Кичево го затекнал А.З. при незаконит лов и додека пукал кон диво животно од пушка „Маузер“, калибар 7,9 милиметри.
По насоки на јавен обвинител, одземена му е пушката и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 228 од кривичниот законик – „незаконит лов“, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развој, да бидеме хумани!
Утре во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, се организира „Хуманитарен концерт“ на здружение на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“. Предводник на оваа манифестација, заедно со здружението е Алексо Тришоски.
Музичкиот настан е закажан со почеток од 18:00ч (сабота) 25.10.2025 г, додека влезница за овој настан ќе чини симболични 100 денари.
Бидете дел, да бидеме хумани, да помогнеме!

Кичево
(ВИДЕО) Погледнете како „везат“ нашите момчиња од „ФК Кичево“, на престижниот меѓународен турнир „Eurosport Cup“, против своите врснити од „CSKA“
Нашите млади таленти со ново искуство, неодамна на меѓународниот турнир „Eurosport Cup“ во Куманово забележаа успешно учество со генерацијата 2014/15, каде покажаа карактер, тимски дух и огромен напредок! Одигравме одлични натпревари исполнети со борбеност, желба и квалитетна игра.
Голема чест и задоволство е да се претставува нашата академија на ваков силен турнир. Продолжуваме со уште повеќе работа, ентузијазам и посветеност!
Во продолжение ТУКА ви ги претставуваме најдобрите моменти, благодарение на „Talnets“, „M-Net“, „CSKA“
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (27 октомври)
-
Хороскоп22 часаХороскоп за вторник (28 октомври)
-
Магазин1 денInstagram конечно ја добива опцијата што сите ја сакаа
-
Магазин1 денOne UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите
-
Магазин1 денMeta ги забранува ChatGPT и другите AI четботови на WhatsApp
-
Магазин1 денКако да го смените фонтот на вашиот Android телефон
-
На денешен ден11 часаСветот на денешен ден (28 октомври)
-
Lifestyle10 часаКако да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии
