Следете не

Технологија

Веб пребарувачот „Safari“ повторно на втора позиција, „Chrome“ уште недопирлив на врвот..

Објавено пред

на

www.androidpolice.com

Во последните неколку месеци, прелистувачот Microsoft Edge често беше во центарот на вниманието. Пред сè, поради новите алатки за вештачка интелигенција што почна да ги поддржува откако Microsoft го интегрираше ChatGPT во добар дел од своите производи. Меѓу нив, Edge и Bing имаат приоритет за дополнително зголемување на нивната популарност. Сепак, се чини дека тоа не беше доволно за да се остане на второто место на ранг листата на најпопуларни прелистувачи, бидејќи таа позиција сега ја зазема Apple Safari.

Statcounter, платформа која го следи користењето на интернет прелистувачите на различни веб-локации, известува дека Google Chrome сè уште е најкористениот десктоп прелистувач во светот, со 66,13% од пазарот.

Safari ја врати својата позиција на втор најпопуларен прелистувач, со 11,87% од корисниците кои го користат редовно. Microsoft Edge е веднаш зад Safari со 11%, пренесува 9to5mac.

Списокот изгледа вака:

Google Chrome: 66,13%
Сафари: 11,87%
Microsoft Edge: 11%
Firefox: 5,65%
опера: 3,09%
Internet Explorer: 0,55%

Google Chrome сè уште е најранлив

Во меѓувреме, Atlas VPN откри дека Google Chrome бил најранливиот веб-прелистувач минатата година, со 303 пријавени пропусти досега. Всушност, Chrome го држи рекордот како најранлив на малициозни напади, бидејќи моментално има вкупно 3.159 пријавени безбедносни пропусти.

Спротивно на тоа, Safari имаше малку такви проблеми низ годините. И покрај тоа што неодамна достигна над една милијарда корисници и стана вториот најпопуларен прелистувач во светот, Safari имаше само 26 документирани безбедносни пропусти во првите три квартали од 2022 година.

/benchmark.rs

Магазин

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Објавено пред

на

Фото: Salvador Rios @ unsplash

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент на популарната Wikipedia, која ја уредуваат волонтери ширум светот.

Името Grokipedia произлегува од Grok, виртуелниот асистент на xAI, за кој Маск тврди дека е создаден за да „ја бара и објавува вистината“.

Првата тест верзија (0.1), објавена во понеделник навечер, веќе содржи над 885.000 статии, додека англиската верзија на Wikipedia има повеќе од седум милиони. Маск најави дека наскоро ќе се појави и верзијата 1.0, која, според него, ќе биде „десет пати подобра“ и веќе „пообјективна од Wikipedia“.

Лансирањето на проектот првично беше закажано за крајот на септември, но беше одложено „поради потребата од дополнителна проверка и отстранување на пропагандни содржини“. Маск, кој со години отворено ја критикува Wikipedia, и претходно тврдеше дека нејзините содржини се под влијание на „политички пристрасни уредници“.

Целта на Grok и Grokipedia е вистината, и ништо друго освен вистината“, изјави Маск, додавајќи дека софтверот на енциклопедијата е со отворен код и може да се користи бесплатно од секого.

Сепак, дел од содржината на Grokipedia покажува извесна пристрасност, особено на страницата посветена на самиот Маск. Во воведот се наведува дека основачот на Tesla и SpaceX влијаел на јавните дебати за повеќе теми, добивајќи „критики од традиционалните медиуми кои се сметаат за политички наклонети кон левицата“.

На пример, во статијата за движењето „Животот на црнците е важен“, платформата наведува дека тоа „мобилизирало милиони луѓе“, но и дека „некои од протестите предизвикале немири со значителни материјални штети“, иако забележува дека „огромното мнозинство од протестите во 2020 година се одржале мирно“.

Содржината на Grokipedia е создадена со помош на вештачка интелигенција, преку генеративниот систем Grok, но на секоја страница се наведуваат и повеќе извори.

Лансирањето беше поздравено од бројни јавни личности и политички фигури од десниот спектар, меѓу кои и рускиот филозоф Александар Дугин, кој ја нарече статијата за себе „неутрална, објективна и фер“, за разлика од онаа на Wikipedia, која ја оцени како „пристрасна и клеветничка“.

Извор: 021

Прочитај повеќе...

Магазин

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки ризик. Компанијата објави нови безбедносни функции за своите најпопуларни апликации за комуникација – WhatsApp и Messenger, насочени кон откривање и спречување на измамнички активности.

Новите функции се дел од поширока иницијатива за заштита на корисниците кои често се наоѓаат во ризик од интернет манипулации и лажни пораки. „Мета“ најави дека во WhatsApp ќе се прикажуваат предупредувања кога корисник ќе се обиде да го сподели екранот за време на повик, додека во Messenger ќе се појавуваат ознаки што укажуваат на можно сомнителни или лажни пораки.

Според податоците на компанијата, во првата половина од оваа година биле откриени околу 8 милиони лажни сметки, а над 21.000 страници и профили биле отстранети бидејќи лажно се претставувале како служби за поддршка на корисници.

Овие измами најчесто се насочени кон постарите лица, кои потешко препознаваат лажни пораки и сомнителни барања. Најчеста техника на измамниците е барање споделување на екранот за време на повик – момент кога можат да добијат пристап до чувствителни информации, како банкарски податоци или кодови за верификација.

Иако многумина сметаат дека „Мета“ реагира доцна со овие мерки, новите опции сепак се чекор во вистинската насока. Целта е да се создаде побезбедна онлајн средина и да се намали бројот на измами кои ги таргетираат најранливите корисници на интернет.

Изво: PcPress

Прочитај повеќе...

Магазин

One UI 8.5: Нов начин за управување со известувања на Samsung уредите

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
ФОТО: Unsplash.com @ Amanz

Новата функција „Приоритизирај ги известувањата“ во Samsung One UI 8.5 ќе им помогне на корисниците да ги задржат најважните известувања на врвот, додека неважните ќе бидат дискретно тргнати во позадина.

Samsung подготвува голема надградба на својот интерфејс One UI 8.5, која се очекува да пристигне во наредните месеци. Според најновите информации, оваа верзија ќе донесе паметно и автоматско организирање на известувањата. Новата опција, наречена „Приоритизирај ги известувањата“, ќе ги рангира дојдовните нотификации според нивната важност, оставајќи ги најбитните на врвот на листата.

Поголема контрола и приватност за корисниците

Во раната тест-верзија, корисниците ќе можат рачно да одредуваат приоритети за секоја апликација, директно од менито за известувања. Samsung нагласува дека сите податоци се обработуваат локално, без нивно испраќање во облакот, што е голем плус во однос на заштитата на приватноста.

One UI 8.5 со нови гестови и визуелни подобрувања

Очекувањата се One UI 8.5 да дебитира по претставувањето на серијата Galaxy S26, додека бета верзијата би можела да стане достапна веќе следниот месец.
Конечната верзија најверојатно ќе пристигне на почетокот на 2026 година (јануари или февруари), пред појавата на One UI 9.0 подоцна во годината.

Освен паметното управување со известувања, новата верзија ќе донесе:

  • Гест со двоен допир на задната страна од телефонот – функција слична на онаа кај iPhone;

  • Визуелни подобрувања на интерфејсот;

  • Подобрена камера и оптимизација на системот.

Помал дигитален хаос, повеќе контрола

Со ова ажурирање, Samsung продолжува да го усовршува корисничкото искуство, нудејќи попаметен, поинтуитивен и почист начин за управување со известувања – без компромис со приватноста и брзината на системот.

Извор: Tech Radar

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Високи признанија за работата на ФФМ, Омерагиќ и Јандреоски именувани на високи меѓународни позиции во „ФИФА“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби нова меѓународна функција, тој е назначен за член на Олимпискиот фудбалски...

Македонија3 часа

Дополнете гориво, ноќеска дизелот солидно поскапува, додека бензините остануваат со непроменета цена за литар

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Временска прогноза3 часа

На утро ладно, но врнежи од дожд во почетокот на месец ноември нема да имаме, вели Попоски

Под влијание на Антициклон (Поле со висок воздушен притисок) кое ќе биде распространето над поголем дел од Европскиот Континент и...

Скопје7 часа

Скопје: Поради протест на вработени во „ЈП Паркови и Зеленило“ затворен сообраќај во два правци

На 29.10.2025 година во 10:05 часот започна најавениот протест на вработените на ЈП Паркови и Зеленило Скопје присуство на околу...

Македонија7 часа

МВР: Кривична пријава против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за среда (29 октомври)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Фото: Salvador Rios @ unsplash Фото: Salvador Rios @ unsplash
Магазин1 ден

Илон Маск ја претстави својата верзија на Wikipedia — Grokpedia

Илон Маск и неговата компанија xAI ја лансираа новата онлајн енциклопедија Grokipedia, најавувајќи ја на почетокот на октомври како конкурент...

ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io ФОТО: Unsplash.com @ appshunter.io
Магазин1 ден

WhatsApp и Messenger воведуваат заштита од измами насочени кон постари лица

Сè повеќе постари лица стануваат мета на онлајн измами, а „Мета“ конечно презема чекори за да го намали овој растечки...

Фото: Liliana Drew @ pexels Фото: Liliana Drew @ pexels
Lifestyle1 ден

Како да ја исчистите решетката од рерната без триење и хемикалии

Ако мислевте дека чистењето на решетката од рерната е невозможна мисија, време е да го промените мислењето! Постојат домашни трикови...

На денешен ден1 ден

Светот на денешен ден (28 октомври)

1492 – Кристофер Колумбо ја открил Куба за време на своето прво патување преку Атлантскиот океан и ја прогласил за...

НАЈЧИТАНИ