Хроника
Три жртви во пукотниците кај Младеновац, третиот повреден им подлегнал на повредите
Полициската потера по У.Б.(21), кој е осомничен дека вечерва во околината на Млаеновац уби 3 лица и повреди 9 други, е во тек.
Според неофицијални информации на спрски Курир, напаѓачот пукал и во село Шепсина додека полицијата го бркала, а тој почнал да пука во селото Дубона. Во тек е потера, а полицијата е на терен со панцири и долги цевки.
Третата жртва од престрелката им подлегна на повредите по пукањето синоќа од У.Б.(21), по кого полицијата интензивно трага.
Според неофицијални информации, конфликтот со убиецот започнал во училишниот двор во градот Дубона. У.Б се скарал со неколку лица, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и пукал.
Хроника
Маж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
На 12.12.2025 во 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А. (53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, извршен бил увид, истакна МВР.
Хроника
Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..
Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е пронајден починат Е.Р.(25) од Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Вчера на 11.12.2025 во 07:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дом на негов другар на подрачје на Кисела Вода во Скопје е пронајден починат Б.П.(36) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: МВР, дневен билтен за медиуми.
Хроника
Млад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
На 24.11.2025 во 19 часот во СВР Охрид е пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соппшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево16 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
-
Хороскоп5 часаХороскоп за понеделник (15 декември)
-
Временска прогноза5 часаВременска прогноза до 22 декември, следува ладен период, појава на слана, мраз, подледици по речните долини и магла
-
Технологија6 часаОткриен нов малвер по име „DroidLock“ – го заклучува телефонот и снима
-
Спорт4 часаРакометар од битолски ракометен клуб по завршувањето на мечот во „Биљанини Извори“ нападнал помошен тренер на охридскиот ракометен клуб по меѓусебниот натпревар
