Кичево
(ФОТО) И овој 1-ви мај нашиот кичевски бисер „Крушино“ граѓаните го оставија потонат во ѓубре на сите страни!

На далеку познатото, некогаш многу актуелното излетничко место, кичевското „Крушино“ ги доживува нај катастрофалните еко-денови, особено од празникот 1-ви мај. Ова место често го посетуваат граѓани за викенди со најмилите и празници, така беше и овој први мај, но повторно го оставија онака како не треба.
Имено до нашиот медиум стигнаа многу критики, како и фотографии од револтирани граѓани кои спортуваат или носат дечиња на рекреација со цел да дишат почист воздух, па така, се упативме да ја констатираме реалната ситуација и што начекавме?
Претходно исто така лош 1-ви мај беше во 2018-та година ТУКА каде моравме да се само организираме и да го исчистиме сметот оставен на милост и не милост.
Во завршница на оваа непосакувана сторија, БИДЕТЕ солидарни, БИДЕТЕ чесни и не фрлајте ѓубре на сите страни, еднаш барем да покажеме свест и за 1-ви мај да си го собереме она што сме го направиле, да не бараме после кривица во надлежните или слично, ако дворот сами не си го суредиме, НИКОЈ ПРВ нема да дојде!
Кичево
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември

На 7 септември (недела), во селото Ехлоец, сместено на падините на планината Стогово во близина на Кичево, ќе се одржи уникатниот настан Echoes in the Wild – фестивал кој го поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено.
Програма на настанот
- 19:00 часот – филмска проекција
Организирана од EcoKult и Nightflix, проекцијата има за цел да ја донесе интимноста на кино-искуството надвор од градските сали, во срцето на природата. - По проекцијата – музички дел
Вечерта продолжува со диџеј сетови на:- Ива Арифај (Србија)
- Aco Sound (Македонија)
- Дарко Јованоски (Македонија)
Настапите ќе ја донесат енергијата на младата електронска сцена од регионот во живописното место познато како „На камен“.
Пораката на организаторите
Во разговор со Дарко Јованоски, член на „Montparnasse“ и еден од организаторите, дознавме дека идејата зад овој настан е да се создаде нова културна навика кај младите:
„И малите села, и планините, и историските места, и заборавените предели можат да станат простори каде младите ја обликуваат својата креативна сцена. А младите дефинитивно имаат енергија и идеи за тоа да го остварат.“
Поддршка и организација
- Настанот е во организација на Montparnasse.
- Дел е од проектот на Western Balkans Youth Cultural Fund, спроведен од Regional Youth Cooperation Office (RYCO) со поддршка од Германското Министерство за надворешни работи.
Практични информации
- Организаторите ги повикуваат посетителите да пристигнат уште од пладневните часови, за да ја доживеат убавината на Ехлоец и Стогово во целост.
- Се препорачува носење на топла облека за вечерните часови.
- Влезот е бесплатен.
Кичево
(ВИДЕО) Спречен голем пожар во кичевската населба Иванидол

Предмалку благодарение на брзата интервенција од ТППЕ Кичево, беше спречена пламната огнена стихија на сува трева да дојде до далековод и до населените куќи.
За среќа нема штети, нема повредени. На терен беше и ОВР Кичево кои го обезбедија местото.
Кичево
(ФОТО) По работната акција, светнаа трибините на градскиот стадион од ФК Напредок

Во текот на денешниот ден се одржа работна акција со цел расчистување на трибините на Градскиот стадион.
Западна трибина е очистена и спремна за новата сезона. Се очисти и влезот и дел од Источната трибина.
Во периодот што доаѓа управата на Ф.К.Напредок ќе организира уште работни акции за комплетно средување на стадионот.
Огромна благодарност на сите што дадоа допринос и несебична работа, истакна управата на клубот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (3 септември)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за четврток (4 септември)
-
Кичево1 ден
Кичево: Филм, музика и креативност во село Ехлоец: Echoes in the Wild на 7 септември
-
Lifestyle1 ден
Кој пијалок е поштетен за здравјето: пивото или газираните сокови?
-
Македонија24 часа
МВР: Целосна забрана во шуми до крај на месец септември
-
Македонија23 часа
„Wizz Air“ со шести авион во својата база во Скопје и 13 нови рути
-
Свет7 часа
(ВИДЕО) „Ден на жалост“ во Португалија по страшната трагедија каде од шините излета жичара и одзеде најмалце 15 животи, неофицијално има и странци
-
Скопје1 ден
Вчера од скопски автобус на „ЈСП“ патник паднал и се здобил со тешки телесни повреди